Римска брокула: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
сНема опис на уредувањето |
с r2.7.1) (Бот Додава: ru:Романеско (капуста) |
||
Ред 36: | Ред 36: | ||
[[ja:ロマネスコ]] |
[[ja:ロマネスコ]] |
||
[[nn:Romanesco]] |
[[nn:Romanesco]] |
||
[[ru:Романеско (капуста)]] |
Преработка од 23:29, 10 јануари 2012
Римска брокула | |
---|---|
Римската брокула со својот карактеристичен самосличен облик | |
Вид | дива зелка (Brassica oleracea) |
Сортна група | Ботритис |
Римската брокула (римски карфиол, макед. пазарно име: „пагода“) е прехранбен цвет на дивата зелка (Brassica oleracea) и сорта на карфиолот. Во историските документи за прв пат се среќава во XVI век во Италија како broccolo romanesco
Опис
Римската брокула личи на карфиол, но по боја е светлозелена, а соцветието има самосличен карактер, со разгранети творни ткива кои образуваат логаритамска сипрала. Во овој смисол обликот приближно образува природен фрактал. Секоја пупка се состои од низа помали пупки, кои исто така образуваат логаритамски спирали. Оваа шема продолжува неколку пати, во сè помал размер. Фракталот е приближен биедејќи шемата завршува кога доаѓа до достатно мал размер.
Зеленчукот е богат со витамин Ц, витамин К, прехранбени влакна и каротеноиди.
Приготвување и вкус
Како и обичната брокула, римската брокула треба да се готви само делумно, бидејќи во спротивно добива непријатна текстура. По состав е покревка од карфиолот, што значи дека е погодна за туршии и конзумирање во сирова состојба. Во споредба со обичната брокула и карфиолот, римската брокула има помек вкус, составот ѝ покремаст, по арома потсетува на ореви, а по вкус нагорчува помалку од нив.
Надворешни врски
- Фрактални прехранбени артикли: Самосличност на полиците (англиски)
- Сметачко моделирање на римска брокула - Александар Родиќ (англиски)