Таратор: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
[[Слика:TaratorBg.jpg|thumb|250px|Таратор]]
[[Слика:TaratorBg.jpg|thumb|250px|Таратор]]
Тараторот е освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата македонска пролет и жешкото лето.
Таратур или таратор е освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата македонска пролет и жешкото лето.


== Како се прави (рецепт) ==
== Како се прави (рецепт) ==
Ред 19: Ред 19:


== Сервирање ==
== Сервирање ==
Готовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки лед.
Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки лед.
== Други имиња ==
== Други имиња ==
*таратур (Ресен)
*таратур (Ресен)

Преработка од 20:36, 10 ноември 2007

Таратор

Таратур или таратор е освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата македонска пролет и жешкото лето.

Како се прави (рецепт)

Состојки (за четворица)

Потребен специјален прибор

  • дрвен сад за толчење (дибек)
  • дрвен толчник (токмак)

Подготвување

Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот со сѐ солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична маса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.

Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сецкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).

Сервирање

Готовиот таратур пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки лед.

Други имиња

  • таратур (Ресен)
  • тартóр (Струмица)