Македонски денар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: tr:Denar
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:دینار مقدونیه
Ред 387: Ред 387:
[[es:Denar macedonio]]
[[es:Denar macedonio]]
[[eo:Makedona denaro]]
[[eo:Makedona denaro]]
[[fa:دینار مقدونیه]]
[[fr:Denar]]
[[fr:Denar]]
[[gl:Dinar macedonio]]
[[gl:Dinar macedonio]]

Преработка од 17:06, 13 декември 2011

Македонски денар
Банкнота од 1000 денари.
ISO 4217
КодMKD
Составници
Подединица
 1/100дени
Множинаденари
Симболден
Банкноти10, 50, 100, 500, 1000, 5000 денари
Монети50 дени, 1, 2, 5, 10, 50 денари
Демографија
Корисник/циМакедонија Македонија
Издавач
Централна банкаНародна банка на Република Македонија
 Мреж. местоwww.nbrm.gov.mk
Вредност
Инфлација-0,8%
 ИзворThe World Factbook, проценка од 2009.

Македонски денар (кратенка: ден., ISO 4217: MKD, бројчен код: 807) е официјална валута во Република Македонија и се состои од 100 дени. Народната Банка на Република Македонија има ексклузивно право на печатење и издавање на монети и банкноти во Република Македонија.

Република Македонија монетарно се осамостои точно на Велигден 1992 година. Првиот премиер на Република Македонија Никола Кљусев од парламентарната говорница ги презентираше првите македонски пари - денари со зборовите:

Република Македонија воведува сопствена парична единица што ќе го носи името денар и еве задоволство ми е да видите како тие парични единици се печатени“ .

Името на македонската парична единица го предложи Македонската Академија на Науки и Уметности, а потекнува од античкиот римски денариус.

Денес во Република Македонија во оптек се метални монети со деноминации од 50 дени, 1, 2, 5, 10 и 50 денари како и хартиени банкноти со деноминации од 5000, 1000, 500, 100 (50 и 10 привремено) денари.

Монетите се ковани од CuNi3Zn17 метал (CuZn15 за 50 дени) во ковницата Сувенир, Самоков.

Банкнотите со помала деноминација, 10, 50 и 100 денари се печатени во Република Македонија, додека банкнотите со деноминации од 500, 1000 и 5000 денари (издание 1996), се печатени во „Thomas De La Rue“ во Лондон. Последното издание на банкноти од 500 и 1000 денари од 2003 година е исто така изработено во TDLR. Македонските банкноти содржат повеќе заштитни елементи како што се воден печат, заштитен конец, интаглио печат, скриена слика, микро текст, двоен пасер и оптички променлива боја.

Галерија на парите

Банкноти

Прв предлог
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 денари сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
25 денари црвена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
50 денари кафеава Споменик Македониум Жени при жнеење жито
100 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
500 денари зелена Споменик Македониум Жени при жнеење жито
1000 денари темно сина Споменик Македониум Жени при жнеење жито
5000 денари црвена-кафеава Девојче пред компјутер Споменикот Македониум
10000 денари црвена-кафеава Ограорци и споменикот Македониум Поглед кон Света Софија, Охрид
Серија од 1993
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 денари сина Споменик Македониум Мотив од Крушево
20 денари кафеава-темноцрвена Даут Пашин Амам во Скопје Саат кула, Битола
50 денари црвена Поглед кон зградата на Народна Банка на Република Македонија Свети Пантелејмон, Скопје
100 денари кафеава Света Софија, Охрид Народен музеј, Охрид
500 денари кафеава-темнозелена Самуилова тврдина, Охрид Свети Јован-Канео, Охрид
Серија од 1996
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
10 денари лилава Торзо на египетската божица Изида (II век пр. н.е.), Охрид; златна обетка (IV век пр. н.е), с. Беранци, Битолско. Паун, детаљ од подниот мозаик во баптистериумот на Епископската базилика (IV-V век), Стоби.
50 денари сина Во средина на декоративната штуко арка од црквата Св. Пантелејмон, претстава на фолис емитуван од византискиот император Јустин II. Архангел Гаврил од сцената „Благовестие“, фреска на источниот ѕид на црквата Св. Ѓорѓи во Курбиново.
100 денари лилава-кафеава Таванска розета Поглед од албанска куќа
500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, Охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид
5000 денари црвена-кафеава Бронзена фигура на Менада (VI век пр.н.е), Тетово;на левата страна бронзена евхаристична гулабица (XIII век), охридско. Кербер врзан за смоква, детаљ од подниот мозаик во нартексот на Големата базилика во Хераклеја Врскаестис (V-VI век), Битола.
Надоградба на серија од 1996
Лице Позадина Вредност Боја Лице Позадина
500 денари црвена-кафеава Златна погребна маска, с. Требеништа, охридско (VI век пр.н.е.); на десната страна златни обетки со лавовски глави, охридско (III-II век пр. н.е). Цвет на афион
1000 денари кафеава Богородица Епискепсис, икона од црквата Мали Св. Врачи, Охрид, почеток на XIV век; на левата страна златна обетка со гулабица (III-II век пр.н.е.), Требенишко Кале, охридско. Детаљ од фасадата на Григориевата галерија (XIV век), црква Св. Софија, Охрид

Монети

1993 серија
Монета Вредност Карактеристики Опис
50 дени Издание 1993, Диjам. 21,5 мм;Теж. 4,10 г, Метал: CuZn15, Ковница: Сувенир, Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 50 ДЕНИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 во долното централно поле. Претстава на галеб во лет.
1 денар Издание 1993 (1997,2001), Диjам. 23,8 мм;Теж. 5,10 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 1 ДЕНАР во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (1997, 2001) во долното централно поле. Претстава на шарпланинец.
2 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 25,5 мм;Теж. 6,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 2 ДЕНАРИ во долното централно поле Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на охридска пастрмка.
5 денари Издание 1993 (2001), Диjам. 27,5 мм;Теж. 7,20 г, Метал: CuNi3Zn17, Ковница: Сувенир,Самоков, Во оптек од 10.05.1993 Ав. 5 ДЕНАРИ во долното централно поле, Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 1993 (2001) во долното централно поле. Претстава на евроазиски рис.
10 денари Издание 2008, Диjам. 24,5 мм;Теж. 6,6 г, Метал: Cu70Ni12Zn18, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 10 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран Паун - мозаик од Стоби - VI век, детал кој е земен од книжните пари од 10 денари.
50 денари Издание 2008, Дијам. 26,5 мм; Теж. 7,7 г, Метал: Cu62Ni18Zn20, Во оптек од 15.11.2008 Ав. 50 ДЕНАРИ во долното централно поле. Стилизиран хоризонт со сонце од 16 краци. Рев. РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, циркуларно; 2008 во долното централно поле. Гравиран лик на Архангел Гаврил - фреска од манастирот Св. Ѓорѓи (Курбиново) - XII век, детал кој е земен од книжните пари од 50 денари.

Јубилејни монети

Изданија на НБРМ
Монета Вредност Опис
1 златен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 сребрен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 бакарен денар Ав. Народна Банка на Република Македонија и знакот на НБРМ. Рев. Православен крст.
1 златен денар Ав.НАРОДНА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА;ЕДЕН ЗЛАТЕН ДЕНАР Пар бели штркови (Ciconia Ciconia) во гнездо. Рев.

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА; СКОПЈЕ, 8 СЕПТЕМВРИ 1996 Грб на Република Македонија.

1 златен денар Ав. Портрет на Свети Климент Охридски. Рев. Соборна Црква во Скопје.
5 златни денари Ав. Егзодус, Мајка со две деца во бегање. Рев. РГрб на здружението на Македонсците бегалци од Егејска Македонија.
2 златни денари Ав. Грб на Економски факултет во Скопје. Рев. Зградата на Економски факултет во Скопје.
10 златни денари Ав. Стилизирана карта на Македонија со сонце во средината. Рев. Претстава на дрво.
10 златни денари Ав.Портрет на Свети Кирил и Методиј. Рев. Македонска азбука
60 златни денари Ав. Панорама на манастирот Свети Прохор Пчињски Рев. Манифестот на АСНОМ
10 златни денари Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 сребрени денари Ав.Црешовото топче. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портерет на Даме Груев. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портерет на Блаже Конески. Рев.Споменик Македониум во Крушево
100 златни денари Ав. Портрет на Гоце Делчев. Рев.Споменик Македониум
100 златни денари Ав. Портрет на Ѓорче Петров. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портерет на Јане Сандански. Рев.Споменикот Македониум во Крушево
100 златни денари Ав. Портрет на Крсте Петков Мисирков. Рев. За македонцките работи, корица на книгата
100 златни денари Ав. Портрет на Методија Андонов Ченто. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портрет на Михајло Апостолски. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портрет на Питу Гули. Рев. Споменик Македониум во Крушево.
100 златни денари Ав. Портрет на Никола Карев, Илинден. Рев. Споменик Македониум.

Валута како сувенир

Почнувајќи од 2002 година, Вевчани, село во југозападниот регион на Македонија и самопрогласено за "независна Република", започнало да издава свои пари, т.н. личник, како сувенир. Парите се јасно означени како "примерок" и никогаш не биле наменети за официјално користење како законски валута.[1]

Надворешни врски

Наводи

  1. „Macedonia Tolerates a 'Republic' in Its Midst“. Associated Press. January 6, 2002.