Илко Стефановски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Брзо додавање категорија Битолчани (со користење на HotCat)
с Брзо додавање категорија Македонски глумци (со користење на HotCat)
Ред 21: Ред 21:


[[Категорија:Битолчани]]
[[Категорија:Битолчани]]

[[Категорија:Македонски глумци]]

Преработка од 18:42, 6 декември 2011

Илко Стефановски
Роден 1952
Битола
Починал 6 декември 2011
Битола, Македонија Македонија
Занимање театарски и филмски актер

Илко Стефановски (Битола, 1952 - Битола, 6 декември 2011) бил македонски театарски и филмски актер, првенец на Битолскиот народен театар.[1]

Биографија

Стефановски е роден во Битола во 1952 година. Во родниот град го завршил основното и средното образование. Факултетот за драмски уметности, отсек актери во класата на проф. Илија Џувалековски го завршил во 1976 година во Скопје. По дипломирањето се вратил во Битола каде ја започнал својата актерска кариера. Уште од почетокот на кариерата се вброил меѓу најзабележителните актерски појави не само во својот матичен колектив, туку и во поширокиот театарски простор. Неговите маестрално остварени рољи во претставите: „Свадбата на Мара“, „Пиреј“, „Лет во место“, „Време за пеење “, „Бегалка“, „Југословенска антитеза“, „Патенталије и Тантелина“, „Вечерва Фалстаф“, „Хамлет“, „Сонот на летната ноќ“, „Чекајки го Годо“, „Пеш“, „Натемаго на филозофскиот факултет“ и многу други, му донеле безброј награди, скоро на сите фестивали каде што гостувал Народниот театар од Битола. Како актер блеснал со своите настапи во радио и телевизиски драми, драмски серии, уметнички програми сл. Во 2003 година, Стефановски ја вршел и функцијата на Селектор на Драмската програма на најреномираната летна уметничка манифестација во Македонија - „Охридско лето“, учествувајќи и во проекти надвор од неговата матична сцена. Добитник е и на престижната Републичка награда „11 Oктомври“ (2006 г.)[2]. Починал ненадејно на 6 декември 2001 година во Битола.[3]

Наводи

  1. Предлошка:Цитирано списание
  2. „Соопштени добитниците на наградата „11 Октомври". Утрински Весник. 2006. Посетено на 2011-12-06.
  3. Предлошка:Цитирана мрежна страница