Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.2) (Бот Менува: th:คนค่อมแห่งน็อทร์-ดาม; козметички промени
Ред 3: Ред 3:
| title_orig = Notre-Dame de Paris
| title_orig = Notre-Dame de Paris
| translator =
| translator =
| image = [[Image:Victor Hugo-Hunchback.jpg|200px]]
| image = [[Податотека:Victor Hugo-Hunchback.jpg|200px]]
| image_caption = <small>Илустрација од <br>''Victor Hugo et son temps'' (1881)</small>
| image_caption = <small>Илустрација од <br />''Victor Hugo et son temps'' (1881)</small>
| author = [[Виктор Иго]]
| author = [[Виктор Иго]]
| illustrator = Лук-Оливер Мерсон (оригинал)
| illustrator = Лук-Оливер Мерсон (оригинал)
Ред 25: Ред 25:
Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на [[романтизам|романтизмот]]. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на [[вечност]]а, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, патат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.

==Кратка содржина==
== Кратка содржина ==
Во центарот на романот е Есмералда, Циганка полна со грација и наивна дивина. Таа е родена во циганските черги, далеку од културата и буката на големите градови. Контрасно, Квазимодо е изрод, ѕвонарот на Богородичната црква во Париз. Единственото нешто што навистина го љуби се ѕвоната, кои за жал му го одземале слухот. Третиот лик, Клод Фроло неизмерно образован човек и архиѓакон на готската катедрала, иако згрзоен од разобличеноста на Квазимодо го одгледал како свој син.

Ред 37: Ред 37:
{{наводи}}
{{наводи}}

==Надворешни врски==
== Надворешни врски ==
{{Commons category|Notre-Dame de Paris (Victor Hugo)}}
{{Commons category|Notre-Dame de Paris (Victor Hugo)}}
{{Wikisource|The Hunchback of Notre Dame}}
{{Wikisource|The Hunchback of Notre Dame}}
Ред 83: Ред 83:
[[fi:Pariisin Notre-Dame]]
[[fi:Pariisin Notre-Dame]]
[[sv:Ringaren i Notre Dame]]
[[sv:Ringaren i Notre Dame]]
[[th:คนค่อมแห่งนอทร์-ดาม]]
[[th:คนค่อมแห่งน็อทร์-ดาม]]
[[tr:Notre Dame'ın Kamburu]]
[[tr:Notre Dame'ın Kamburu]]
[[uk:Собор Паризької Богоматері (роман)]]
[[uk:Собор Паризької Богоматері (роман)]]

Преработка од 01:19, 9 ноември 2011

Богородичната црква во Париз
Илустрација од
Victor Hugo et son temps (1881)
АвторВиктор Иго
Изворен насловNotre-Dame de Paris
ИлустраторЛук-Оливер Мерсон (оригинал)
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрРомантизам
Издадена
14 Јануари, 1831

Богородичната црква во Париз (француски: Notre-Dame de Paris) e роман од француски писател Виктор Иго, издаден во 1931. Романот е познат и како Sвонарот од Богородичната црква или Грбавецот од Богородичната црква. Дејството се одвива во Париз во 1482. година, во и околу Богородичната црква, од каде потекнува и насловот. Се раскажува за фиктивниот ѕвонар од Богородичната црква, Квазимодо и сиромашната убавица, циганката Есмералда која станува жртва на Клод Фроло, моќен архиѓакон. Книгата била напишана со намера да се подигне јавното мислење во заштита на црквата од уривање или модернизирање, на кои се противел Иго.

За романот

Иго започнал да го пишува романот во 1829 година, а го завршил во фебруари 1831. Го насловил само како Богородичната црква во Париз (фр. Notre-Dame de Paris), но преведувачите на разни јазици насловот го адаптирале како Грбавецот од Богородичната црква (англ. The Hunchback of Notre Dame) или во поновите преводи Sвонарот од Богородичната црква. Иго го преферирал насловот што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата црква е главен лик во романот.

Голем дел од романот ја опишува црквата, и го осудува нејзиното напуштање по оштетувањата кои ги претрпела за време на Француската револуција кога толпите, сметајќи ја за симбол на стариот систем, ја вандализирале и ги уништиле инвентарот, внатрешноста и голем дел од прозорците.

Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на романтизмот. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на вечноста, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, патат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.

Кратка содржина

Во центарот на романот е Есмералда, Циганка полна со грација и наивна дивина. Таа е родена во циганските черги, далеку од културата и буката на големите градови. Контрасно, Квазимодо е изрод, ѕвонарот на Богородичната црква во Париз. Единственото нешто што навистина го љуби се ѕвоната, кои за жал му го одземале слухот. Третиот лик, Клод Фроло неизмерно образован човек и архиѓакон на готската катедрала, иако згрзоен од разобличеноста на Квазимодо го одгледал како свој син.

На т.н. плоштад на гревот, Квазимодо претходно претепан и омаловажен од страна на парискиот народ, моли за вода, но добива само смеа и пцовки. Од ведро небо, Есмералда му приоѓа и му дава вода. За првпат во неговиот живот Квазимодо се преобразува во човек и длабоко се вљубува во неа. Истовремено Клод Фроло гледајќи низ прозорецот од катедралата ја забележува Есмералда како го изведува својот цигански танц. Ненајдено е освоен од похотни чувства и решава дека мора да ја има.

Есмералда згрозена од грдотијата на Квазимодо и настраноста на Фроло, се осврнува кон физички прекрасниот Фебус, војник за француската армија, но простодушен човек. По сплет на настани, Фроло сфаќајќи дека никогаш нема да ја има, ја користи својата моќ како архиѓакон и ја обвинува Есмералда за вештерство. Со што ѝ следува смртна казна - спалување на парискиот плоштад. Квазимодо успева да ја спаси и ја носи на врвот од катедралата. Во средниот век, каде што е и сместено дејството во романот, црквите и катедралите биле свети места каде ниту еден закон не важел, со тоа катедралата преставувала засолниште за Есмералда.

Квазимодо се грижи за неа се додека, група бунтовници не решат да влезат во катедралта и да ја грабнат Есмералда. Квазимодо со сета своја моќ се обидува да ја спаси, но не успева. Таа е одведена на јавниот плоштад каде џелатот и го скратува животот. Во тој момент Квазимодо исчезнува. Авторот го завршува романот со два трупа најдени години подоцна, едниот долг и човечки, а другиот силно стиснат за првиот разобличен и згрбавен, кога луѓето се обиделе да ги раздвојат телата, тие се претвориле во пепел.

Наводи

Надворешни врски

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: