К2: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Додава: el:Κ2
PixelBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Менува: ne:के२ हिमाल
Ред 51: Ред 51:
[[ms:K2]]
[[ms:K2]]
[[nl:K2]]
[[nl:K2]]
[[ne:के२]]
[[ne:के२ हिमाल]]
[[ja:K2]]
[[ja:K2]]
[[no:K2]]
[[no:K2]]

Преработка од 00:01, 6 ноември 2011

К2 во лето

К2 е втората највисока планина на Земјата, лоцирана на масивот Каракорум од планинскиот венец Хималаи. На 8,611 метри, на планинарот му е достапна само една третина од кислородот што тој би го имал доколку се наоѓа на ниво на морето. К2 е пониска само од Монт Еверест. Пакистанците тврдат дека висината на планината е 8,884 метри.

Врвот К2 се наоѓа на границата помеѓу Такскорган Таџикистанскиот Автономен Округ (кој е дел од Синкјанг, Кина), и северните територии на Пакистан. Овој регион е спорен, бидејќи и Индија исто така тврди дека тој е интегрален дел од индиската држава Џаму и Кашмир. Моментално К2 е под пакистанска управа.

Планината првпат била истражена од европски истражувачки тим во 1856 предводен од Хенри Хавершам Годвин-Остен. Томас Монтгомери бил член на тимот кој го нарекол врвот "К2" заради тоа што бил вториот откриен врв на масивот Каракорум. Кинеските власти К2 официјално го нарекуваат Ќогир (на кинески: 乔戈里峰, Qiáogēlǐ Fēng); други називи се Монт Годвин-Остен, Ламбха Пахар ("Висока планина" на Урду), Дапсанг, Кечу и Чогори, што значи "Кралот на планините".

Искачувањето на К2 се смета за доста потешко од искачувањето на Монт Еверест. Во јуни 2000 само 189 лица се имаа искачено на К2, наспроти 1500 лица кои го имаа искачено Еверест на истиот датум. Дури 49 лица загинале на стрмнините на К2, од кои 13 само во 1986 година. Предлошка:Никулец од областа на географијата