Тилакоид: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Нова страница: == ''' Тилакоиди ''' == '''Тилакоидите''' претставуваат основни субединици на ламеларниот систем к...
(нема разлика)

Преработка од 20:55, 30 октомври 2007

Тилакоиди

Тилакоидите претставуваат основни субединици на ламеларниот систем кој се наоѓа во матриксот (строма) на хлоропластите (пластиди кои содржат хлорофилни пигменти). Во хлоропластите на вишите растенија се разликуваат долги и кратки тилакоиди. На одредени места кратките тилакоиди се подредени една на друга и создаваат структура наречена грана (од грчкиот збор granum = зрно). Граните меѓусебно се поврзани со долгите тилакоиди уште наречени тилакоиди на стромата, така што сите мембрански структури во хлоропластите функционираат како единствен систем. Во тилакоидните мембрани, особено во тие на граната според строго определен ред се распоредени молекули на пигментите (хлорофил, каротин и ксантофил) и голем број ензими (ферменти) Најважен фотосинтетски пигмент е хлорофилот кој во растителниот свет е застапен со неколку видови (хлорофил: a,b,c,d,e)