XML: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.6.4) (Бот Менува: id:EML
сНема опис на уредувањето
Ред 1: Ред 1:
'''XML''' ([[англ.]] Extensible Markup Language) - наследникот на [[SGML]], е едноставен, многу флексибилен јазик за форматирање на текст, односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на [[Веб]] така и на други места. XML e подмножество на [[SGML]], дизајнирано за да ја олесни имплементацијата на [[парсер]] - от во споредба со целосниот [[SGML]] [[парсер]], примарно за користење на [[WWW]]. XML додава неколку дополнителни ограничувања на [[SGML]] синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.
'''XML''' ([[англ.]] ''Extensible Markup Language'' = „проширлив означувачки јазик“) - наследникот на [[SGML]], е едноставен, многу флексибилен [[означувачки јазик]] (форматирање) на [[текст]], односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на [[интернет]] така и на други места. XML e подмножество на [[SGML]], наменето за да ја олесни примената на [[парсер]] - от во споредба со целосниот [[SGML]] [[парсер]], примарно за користење на [[WWW]]. XML додава неколку дополнителни ограничувања на [[SGML]] синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.


По дефиниција XML документот e низа од карактери. Речиси секој легален [[Unicode]] карактер може да се појави во еден XML документ. Карактерите кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од карактери која се користи за означување или започнува со "<" и завршува со ">" (се нарекува ознака, на пример <секција>) или започнува со "&" а завршува со ";". Секоја друга низа на карактери која не наликува на претходно опишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.
По дефиниција XML документот e [[низа од знаци]]. Речиси секој допуштен [[Униукод]]ен знак може да се појави во еден XML документ. Знаците кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од знаци која се користи за означување или започнува со < и завршува со > (се нарекува ознака, на пример <отсек>) или започнува со & а завршува со ;. Секоја друга низа од знаци која не наликува на претходноопишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.


XML е [[јазик за означување]] сличен на [[HTML]], дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за [[HTML]] туку претставува негов комплемент. XML - от е дизајниран за да ги опише податоците и се фокусира на тоа што се податоците, додека [[HTML]] е дизајниран за приказ на податоци и се фокусира на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML ознаките не се предефинирани. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден [[HTML]] документ и нивната структура се предефинирани. Авторите на [[HTML]] документот може да користат само ознаки кои се дефинирани во HTML стандардот. XML користи [[DTD]] ([[англ.]] Document Type Definition) или [[XML Schema]] за да ги опише податоците. Ваквиот XML е дизајниран да биде самоопишувачки. XML - от е препорака на [[W3C]]. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML документот не прави ништо. Тој се креира за структурирање, зачувување и пренесување на информацијата.
XML е [[јазик за означување]] сличен на [[HTML]], дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за [[HTML]] туку претставува негово дополнение. XML е предвиден да ги опишува податоците со задршка на тоа што се податоците, додека [[HTML]] е предвиден за приказ на податоци со задршка на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML-ознаките не се предодредени. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден [[HTML]]--документ и нивната структура е претходно утврдена. Авторите на [[HTML]]-документот може да користат само ознаки кои се зададени во HTML-стандардот. XML користи [[DTD]] (''Document Type Definition'' = „задавање на документски тип“) или [[XML-шема]] за да ги опише податоците. Ваквиот XML е осмислен да биде самоопишувачки. XML е препорака на [[W3C]]. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML-документот не прави ништо. Тој се создава со цел за структурирање, зачувување и пренесување на [[информација]]та.


=== Пример за XML ===
=== Пример за XML ===
Ред 12: Ред 12:
<семестар>Летен</семестар>
<семестар>Летен</семестар>
<студии>Магистарски</студии>
<студии>Магистарски</студии>
<име>Колаборативни Компјутерски Системи</име>
<име>Колаборативни сметачки системи</име>
</предмет>
</предмет>
</pre>
</pre>


Од горе наведениот пример, за предметот се структурирани информации за која година се слуша, на кој факултет, кој семестар, кое ниво на студии, како е името на предметот. XML документот не прави ништо, само претставува информација која е обвиткана во XML ознаките. Некој мора да напише парче софтверски код кој ќе манипулира со овие податоци односно информации, [[софтвер]] кој ќе ги испраќа, прима, обработува овие податоци и слично.
Од горе наведениот пример, за предметот се структурирани информации за која година се слуша, на кој факултет, кој семестар, кое ниво на студии, како е името на предметот. XML документот не прави ништо, само претставува информација која е обвиткана во XML-ознаките. Некој мора да напише парче програмски код кој ќе манипулира со овие податоци односно информации, [[програмска опрема|програм]] кој ќе ги испраќа, прима и обработува овие податоци и сл.


XML - от е присутен насекаде, тој станува најупотребувана алатка за манипулација со податоци и податочно пренесување на информација. Брзото прифаќање на неговата употреба од страна на голем број на развивачи на софтвер се должи на тоа што тој не се врзува за конкретна [[платформа]] и е независна алатка за пренесување на информација т.е. податоци во однос на примената на [[софтвер]] и [[хардвер]] при градењето на апликацијата.
XML е присутен насекаде, тој станува најупотребувана алатка за манипулација со податоци и податочно пренесување на информација. Брзото прифаќање на неговата употреба од страна на голем број на програмери се должи на тоа што тој не се врзува за конкретна [[подлога (информатика)|подлога]] и е независна алатка за пренесување на информацијата, т.е. податоци во однос на примената на [[програмска опрема|програмската]] и [[машинска опрема|машинската опрема]] при градењето на саканиот програм.

== Примена ==
Меѓу другото, XML наоѓа примена во: [[XHTML]], [[XQuery]], [[XSLT]], [[XForms]], [[XPointer]], [[JSP]], [[SVG]], [[RSS]], [[Atom]], [[XML-RPC]], [[Семантичка пајажина]], [[SOAP]] и друго.


Апликациите на XML вклучуваат: [[XHTML]], [[XQuery]], [[XSLT]], [[XForms]], [[XPointer]], [[JSP]], [[SVG]], [[RSS]], [[Atom]], [[XML-RPC]], [[Семантички Веб]], [[SOAP]] и друго.
[[Категорија:Јазици за означување]]
[[Категорија:Јазици за означување]]
[[Категорија:XML]]
[[Категорија:XML| ]]


[[af:XML]]
[[af:XML]]

Преработка од 13:03, 28 октомври 2011

XML (англ. Extensible Markup Language = „проширлив означувачки јазик“) - наследникот на SGML, е едноставен, многу флексибилен означувачки јазик (форматирање) на текст, односно претставува множество на правила за енкодирање на документи. XML игра многу важна улога во размената на голема разноликост на податоци како на интернет така и на други места. XML e подмножество на SGML, наменето за да ја олесни примената на парсер - от во споредба со целосниот SGML парсер, примарно за користење на WWW. XML додава неколку дополнителни ограничувања на SGML синтаксата како на пример не дозволува незатворени почетни и завршни ознаки.

По дефиниција XML документот e низа од знаци. Речиси секој допуштен Униукоден знак може да се појави во еден XML документ. Знаците кои што го прават XML документот се поделени на карактери за означување и карактери кои ги содржат самите податоци кои ни се потребни. Секоја низа од знаци која се користи за означување или започнува со „<“ и завршува со „>“ (се нарекува ознака, на пример <отсек>) или започнува со „&“ а завршува со „;“. Секоја друга низа од знаци која не наликува на претходноопишаната низа, ја претставува содржината на информацијата која се проследува со документот.

XML е јазик за означување сличен на HTML, дизајниран за опис на податоци, кои всушност и ги носи во себе. XML не е замена за HTML туку претставува негово дополнение. XML е предвиден да ги опишува податоците со задршка на тоа што се податоците, додека HTML е предвиден за приказ на податоци со задршка на тоа како тие ќе бидат прикажани. XML-ознаките не се предодредени. На корисникот му е оставен делот за инвентивност при користење на ознаките, т.е. корисникот сам си дефинира ознаки и ја прави структурата на документот. Наспроти ова ознаките кои се користат во еден HTML--документ и нивната структура е претходно утврдена. Авторите на HTML-документот може да користат само ознаки кои се зададени во HTML-стандардот. XML користи DTD (Document Type Definition = „задавање на документски тип“) или XML-шема за да ги опише податоците. Ваквиот XML е осмислен да биде самоопишувачки. XML е препорака на W3C. Тој е бесплатен и лесен за проширување. XML-документот не прави ништо. Тој се создава со цел за структурирање, зачувување и пренесување на информацијата.

Пример за XML

<предмет>
<година>2011</година>
<факултет>ФЕИТ</факултет>
<семестар>Летен</семестар>
<студии>Магистарски</студии>
<име>Колаборативни сметачки системи</име>
</предмет>

Од горе наведениот пример, за предметот се структурирани информации за која година се слуша, на кој факултет, кој семестар, кое ниво на студии, како е името на предметот. XML документот не прави ништо, само претставува информација која е обвиткана во XML-ознаките. Некој мора да напише парче програмски код кој ќе манипулира со овие податоци односно информации, програм кој ќе ги испраќа, прима и обработува овие податоци и сл.

XML е присутен насекаде, тој станува најупотребувана алатка за манипулација со податоци и податочно пренесување на информација. Брзото прифаќање на неговата употреба од страна на голем број на програмери се должи на тоа што тој не се врзува за конкретна подлога и е независна алатка за пренесување на информацијата, т.е. податоци во однос на примената на програмската и машинската опрема при градењето на саканиот програм.

Примена

Меѓу другото, XML наоѓа примена во: XHTML, XQuery, XSLT, XForms, XPointer, JSP, SVG, RSS, Atom, XML-RPC, Семантичка пајажина, SOAP и друго.