Лигурско Море: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: ga:Muir Liogúrach |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
[[Податотека:Лигурско Море.svg|мини|десно|300п|Карта на Лигурското Море и неговите граници]] |
[[Податотека:Лигурско Море.svg|мини|десно|300п|Карта на Лигурското Море и неговите граници]] |
||
'''Лигурското Море''' ([[итал.]] ''Mar Ligure''; [[фр.]] ''Mer Ligurienne'') е ракав на [[Средоземно Море|Средоземното Море]], помеѓу [[Италијанска Ривиера|Италијанската Ривиера]] ([[Лигурија]] и [[Тоскана]]) и островите [[Корзика]] и [[Елба]]. Именувано е по древниот народ [[Лигури]]. |
'''Лигурското Море''' ([[итал.]] ''Mar Ligure''; [[фр.]] ''Mer Ligurienne'') е ракав на [[Средоземно Море|Средоземното Море]], помеѓу [[Италијанска Ривиера|Италијанската Ривиера]] ([[Лигурија]] и [[Тоскана]]) и островите [[Корзика]] и [[Елба (остров)|Елба]]. Именувано е по древниот народ [[Лигури]]. |
||
==Географија== |
==Географија== |
Преработка од 15:49, 14 октомври 2011
Лигурското Море (итал. Mar Ligure; фр. Mer Ligurienne) е ракав на Средоземното Море, помеѓу Италијанската Ривиера (Лигурија и Тоскана) и островите Корзика и Елба. Именувано е по древниот народ Лигури.
Географија
Морето копнено се граничи со Италија, Франција и Монако. На исток се граничи со Тиренското Море, а на запад со главнината на Средоземното Море. Најважен град во областа е Џенова. Северозападното крајбрежје е познато по живописниот пејзаж и пријатната клима.
Најсеверниот дел од морето го зафаќа Џеновскиот Залив. Во источниот дел се влева реката Арно, како и многу други реки што извираат од Апенините. На карпестото крајбрежје се сместени пристанишните градови Џенова, Ла Специја и Ливорно. Достигнува длабочина од 2.850 m (северозападно од Корзика).
Водната површина што ја дели Корзика од италијанското копно се нарекува Корзинански Проток. Протокот е широк околу 80 km и го двои Лигурското од Тиренското Море.
Граници
Според Меѓународната хидрографска организација, Лигурското Море ги има следниве граници:[1]
На југозапад: Линија од ‘ртот Корс во северна Корзика (9°23' ИГД) до границата помеѓу Франција и Италија (7°31' ИГД).
На југоисток: Линија од ‘ртот Корс до островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД) и потоа преку островите Тино и Палмарија до ‘ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД) на италијанското крајбрежје.
На север: Лигурското крајбрежје на Италија.
Поврзано
Наводи
- ↑ „Граници на океаните и морињата. III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Посетено на 7 февруари 2010. (англиски)
„Лигурско Море“ на Ризницата ? |