Спомен-плоча на Мара Бунева во Скопје: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
с →‎Инциденти: податок + извор
Ред 23: Ред 23:


: ''Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во уставот на Македонија, еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик, афирмација на бугарската историја и култура, заштита од присвојување и фалсификување (согласно нивните погледи б.н) на бугарската историја и култура, заштита на Бугарите во Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид и слично.'' <ref>Податоци од [http://radkomk.org/page.php?9 Програмата] на Зружението "Радко", донесена на 24. 05. 2009 во Охрид; од страницата на здружението.</ref>
: ''Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во уставот на Македонија, еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик, афирмација на бугарската историја и култура, заштита од присвојување и фалсификување (согласно нивните погледи б.н) на бугарската историја и култура, заштита на Бугарите во Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид и слично.'' <ref>Податоци од [http://radkomk.org/page.php?9 Програмата] на Зружението "Радко", донесена на 24. 05. 2009 во Охрид; од страницата на здружението.</ref>
Меѓутоа сета таа активност предизвикала силно негативно расположение меѓу македонските граѓани, кој поставувањето на спомен плочата го почуствувале како провокација кон постоењето на македноскиот народ и македонската самобитност. Набргу по поставувањето на првата спомен плоча таа била отранета од непознати лица. Сите случувања поврзани со спомен плочата на Бунева биле искористени од страна на бугарската десничарска партија [[ВМРО-БНД]] за презенатција на нивната кауза - обединувањето на Бугарија<ref name="BND" />, односно присоединување {{факт}} на Македонија кон Бугарија, согласно уставот „духовно единство на бугарскиот народ во Мизија, Тракија и Македонија“<ref>[http://www.vmro.bg/index.php?option=com_content&view=article&id=30&Itemid=31 Устав на ПП ВМРО - Българско национално движение]</ref>.
Меѓутоа сета таа активност предизвикала силно негативно расположение меѓу македонските граѓани, кој поставувањето на спомен плочата го почуствувале како провокација кон постоењето на македноскиот народ и македонската самобитност. Набргу по поставувањето на првата спомен плоча таа била отранета од непознати лица. Сите случувања поврзани со спомен плочата на Бунева биле искористени од страна на бугарската десничарска партија [[ВМРО-БНД]] за презенатција на нивната кауза - обединувањето на Бугарија<ref name="BND" />, согласно уставот ''„духовно единство на бугарскиот народ во Мизија, Тракија и Македонија“''<ref>[http://www.vmro.bg/index.php?option=com_content&view=article&id=30&Itemid=31 Устав на ПП ВМРО - Българско национално движение]</ref>. односно присоединување <ref>[http://www.vmro.bg/index.php?option=com_content&view=article&id=32&Itemid=32 Програма на ПП ВМРО - Българско национално движение]</ref> на Македонија кон Бугарија.
=== Хронологија ===
=== Хронологија ===
* На 13 јануари [[2002]] година спомен плочата била обновена од страна на симпатизерите и членовите на политичката организација [[Здружение „Радко“]]. Спомен плочата била поставена без согласност на државните институции. Три дена подоцна плочата била испрскана со боја, искршена и фрлена во реката [[Вардар]].
* На 13 јануари [[2002]] година спомен плочата била обновена од страна на симпатизерите и членовите на политичката организација [[Здружение „Радко“]]. Спомен плочата била поставена без согласност на државните институции. Три дена подоцна плочата била испрскана со боја, искршена и фрлена во реката [[Вардар]].

Преработка од 18:54, 7 октомври 2011

Мара Бунева

Спомен плочата на Мара Бунева во Скопје била поставена со благослов на фашистичките бугарските власти во пролета 1941 година кога поголемиот дел од Македонија, во текот на Втората светска војна, се наоѓал под окупација на Царството Бугарија.

Спомен плочата била поставена во чест на Мара Бунева, револуционерка од редовите на Внатрешна македонска револуционерна организација. Таа на 13 јануари 1928 година извршила атентат врз Велимир Прелиќ.

Спомен плочата била поставена на местото каде што Мара Бунева се самоубила по успешниот извршен атентат. Новите бугарски власти сакале да остават впечаток дека тие се ослободители на Македонија од српската тиранија и затоа дозволиле да се постави спомен плоча на Мара Бунева која извршила атентат врз српскиот правен реферат Велимир Прелиќ, службеник на Кралство на Србите, Хрватите и Словенците и симбол на српската власт над Македонија. Во текот на бугарската окупација спомен плочата на Бунева била чествувана од дејците на поранешната Македонска младинска тајна револуционерна организација, таа била чествувана бидејќи го извршила атентатот како чин на одмазада за осудувањето на македонските студенти, членови на ММТРО, од страна на српските власти.

По ослободувањето на Македонија, новата македонска власт ја оценила спомен плочата на Мара Бунева како симбол на бугарската окупација и кон крајот на септември 1944 година издала наредба за нејзино отстранување. Речиси една деценија по создавањето на Република Македонија, на 13 јануари 2002 година, членовите и симпатизерите на здружението „Радко“ ја обновиле спомен плочата, меѓутоа плочата набргу била искршена и фрлена во реката Вардар. Отогаш се случиле повеќе инциденти кој ја брануваат општествената и политичка јавност во Македонија и Бугарија.

Различна перцепција

Поголемиот дел од скопската група на ММТРО и женската организација во април 1941 година, во Скопје на поклонение пред спомен плоча на Мара Бунева крај Вардар. На преден план се Донка Наумов, Благој Михајлов и Славка Кратовалиева. Крајниот сосема десно е Димитaр Давидов

Спомен плочата и воопшто ликот на делото на Мара Бунева различно се гледа во Македонија. Еден дел македонските граѓани и историчари сметаат дека Бунева како член на ВМРО на Ванчо Михајлов се борела за бугарската кауза и отука нивните чуства кон спомен плочата и случувањата околу неа се негативни и ги чуствуваат како националистички провокации од разни пробугарски и бугарски националистички друштва и партии.

Но не го делат сите нивното мислење. Пред спомен плочата на Бунева почит одале и дел од општествениците и политичарите од Македонија, меѓутоа по првиот поголем инцидент тие повеќе не се појавуваат. Тие истакнуваат дека таа во суштина е македонски револуционер бидејќи се борела за Независна Македонија, истакнувајќи дека:

Обичното членство на ВМРО, четниците, атентаторите и терористите биле регрутирани од редовите на македонските емигрантски и бегалски маси во Пиринска Македонија и Бугарија. Тоа биле претежно млади луѓе, кои биле задоени со фанатичен македонски патриотизам и не биле запознаени од "високата" политика на одредени раководители на ВМРО, така што безрезервно верувале во сите постапки на нивните водачи, во кои гледале продолжувачи на борбата на илинденската ВМРО. Поголемиот дел од тие Македонци биле без родители и ја почувствувале тежината на емигрантскиот живот во Бугарија, каде најчесто биле без сигурна работа и постојано живеалиште поради нивната сиромаштија. Меѓутоа помеѓу нив имало и образувани, студенти и интелектуалци кои цврсто верувале во издигнатиот од ВМРО лозунг за автономна Македонија. Сите овие луѓе безрезервно биле пречекувани од страна на организациската мрежа на ВМРО, која најпрвин им обезбедувала привремени престојувалишта и ги снабдувала со одредена сума на пари за да преживеат. За сметка на тоа тие биле должни да ги исполнуваат сите наредби на раководството на Организацијата, меѓу кои било служењето во комитските чети, а подоцна учество во т.н. тројки и петорки, кои извршувале атентати во Вардарска и Егејска Македонија. Доколку добивале наредба да извршат атентат врз некој деец од македонското револуционерно движење, главен предуслов бил тие да не ја познаваат жртвата, за која што цел постоел посебен човек, кој имал за задача да ја посочи потенцијалната цел, неколку моменти пред извршувањето на атентатот. Така постепено со текот на времето се создавала една посебна категорија на Македонци, кај кои за нивната вооружена дејност во ВМРО добивале плата и на тој начин настанала професијата-платен "револуционер" односно терорист... [1]

Помала група на македонски граѓани со бугарско национално чуство ја чествуваат Мара Бунева како бугарска револуционерка која својот живот го дала за ослободување на Бугарите од Македонија од српската власт. Во македонското општество преовладуват негативни мислења кон спомен плочата.

Инциденти

Во јануари 2002 година, македонски граѓани со бугарско национално чуство и симпатизери на Здружението „Радко“ ја обновиле спомен плочата на Бунева. Чествувањето на овој настан било искористено за преставување на нивните бугарски чуства, бидејќи Бунева била славена како бугарска револуционерка. Иницијативата за обнова на спомен плочата потекнала од лица кои биле блиски до идеиите на Здружението „Радко“ кое пак во својата програма се залага за:

Бугарите од Република Македонија да претставуваат конститутивен елемент во уставот на Македонија, еден од службените јазици на државата да биде и бугарскиот литературен јазик, афирмација на бугарската историја и култура, заштита од присвојување и фалсификување (согласно нивните погледи б.н) на бугарската историја и култура, заштита на Бугарите во Македонија од репресии, полициско набљудување и малтретирање, прогонување, дискриминација и културен геноцид и слично. [2]

Меѓутоа сета таа активност предизвикала силно негативно расположение меѓу македонските граѓани, кој поставувањето на спомен плочата го почуствувале како провокација кон постоењето на македноскиот народ и македонската самобитност. Набргу по поставувањето на првата спомен плоча таа била отранета од непознати лица. Сите случувања поврзани со спомен плочата на Бунева биле искористени од страна на бугарската десничарска партија ВМРО-БНД за презенатција на нивната кауза - обединувањето на Бугарија[3], согласно уставот „духовно единство на бугарскиот народ во Мизија, Тракија и Македонија“[4]. односно присоединување [5] на Македонија кон Бугарија.

Хронологија

  • На 13 јануари 2002 година спомен плочата била обновена од страна на симпатизерите и членовите на политичката организација Здружение „Радко“. Спомен плочата била поставена без согласност на државните институции. Три дена подоцна плочата била испрскана со боја, искршена и фрлена во реката Вардар.
  • На 13 јануари 2003 година, плочата била повторно возбновена, но следниот ден повторно била изкршена. Деловите од спомен плочата биле собрани од поставувачите и предадени на Бугарскиот национален историски музеј.
  • На 13 јануари 2005 година спомен плочата била повторно обновена, меѓутоа ноќта на 16 јануари повторно била отстранета од непознати лица.
  • На 13 јануари 2007 година, по повод смрта на Мара Бунева на местото каде што таа се самоубила, се собрале македонски и бугарски граѓани за да и одадат почит. Меѓуто се случил инцидент кога група од околу 50 души го прекинале чествувањето. Во текот на инцидентот тројца постари лица биле физички нападнати, а дел од свечениот инвентар бил растурен. Поради овој инцидент биле уапсени неколку лица, меѓутоа полицијата ги ослободила осомничените. Настанот предизвикал дипломатски скандал помеѓу Бугарија и Македонија и ја разбранувал македонската и бугарската јавност.
  • Во 2008 година во предвечерието на прославата на Мара Бунева во Скопје се појавил натпис "Смрт за Бугарите и предавниците на 13 јануари", текстот бил напишан на зградата блиску до бугарскиот Културно-информативен центар во градот од непознати лица. Бугарската влада остро реагирала на таквата антибугарска содржина [7]. Меѓутоа до поголем инцидент недоаѓа поради притисоците на Бугарија и Македонија, а ВМРО-БНД ја откажала посетата на Скопје [8].
  • На 13 јануари 2011 година спомен плочата била повторно поставена од македонски граѓани и членови на ВМРО-БНД. На чествувањето биле развиорени знамиња на бугарската партија и едно поголемо знаме со ликот на Мара Бунева. Во текот на настанот своj говори одржале Петар Колев, кој себеси се преставил како Бугарин од Македонија и заменик претседателот на ВМРО-БНД - Ангел Џамбазки. Чествувањето на Мара Бунева било искористено од Џамбазки за преставување на националистичките погледи на ВМРО-БНД. Тој истакнал дека: ... ние сакаме сите браќа Бугари од Македонија да знаат дека нема да ги оставиме, нашата кауза е обединување на Бугарија [3]

Извори