Тиренско Море: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
PixelBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Менува: li:Tyrreense Zieë
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: ga:Muir Thoirian
Ред 73: Ред 73:
[[fr:Mer Tyrrhénienne]]
[[fr:Mer Tyrrhénienne]]
[[fy:Tyrreenske See]]
[[fy:Tyrreenske See]]
[[ga:Muir Thoirian]]
[[gl:Mar Tirreno]]
[[gl:Mar Tirreno]]
[[ko:티레니아 해]]
[[ko:티레니아 해]]

Преработка од 21:17, 29 септември 2011

Карта на Италија со Тиренското Море

Тиренското Море (итал. Mare Tirreno) е водна површина која преставува дел од Средоземното Море, т.е. делот западно од копното на Италија.

Географија

Морето се граничи со Корзика и Сардинија на запад, Тоскана, Лацио, Кампанија, Базликата и Калабрија на исток и Сицилија на југ.

Најголемата длабочина на морето изнесува 3785 m.

Тиренското Море се наоѓа близу местото кадешто се среќаваат африканската и европската плоча, па затоа во неговите длабочини има цели планински вериги и активни вулкани. Во јужниот дел од морето се наоѓаат осумте Еолски Острови, северно од Сицилија.

Граници

Според Меѓународната хидрографска организација, границите на Тиренското Море се следниве:[1]

Во Месинскиот Проток. Линија што го поврзува северниот крај на ‘ртот Пачи (15°42' ИГД) со источниот крај на островот Сицилија, ‘ртот Пелоро (38°16' СГШ).

На југозапад. линија што се протега од ‘ртот Лилибео (најзападно во Сицилија) до јужниот крај на ‘ртот Теулада (8°38' ИГД) во Сардинија.

Во протокот Бонифачо. Линија од западниот крај на ‘ртот Теста (41°14' СГШ) во сардинија, па до југозападниот крај ‘ртот Фено (41°23' СГШ) во Корзика.

На север. Линијата што ги поврзува ‘ртот Корс (или Корзо, 9°23' ИГД) во Корзика, со островот Тинето (44°01′N 9°51′E / 44.017° СГШ; 9.850° ИГД / 44.017; 9.850) и оттаму, низ островите Тино и Палмарија, па до ‘ртот Сан Пјетро (44°03′N 9°50′E / 44.050° СГШ; 9.833° ИГД / 44.050; 9.833) на крајбрежјето на Италија.

Излези

Тиренското Море има пет излеза (од север кон југ):

Име

Името на морето доаѓа од грчкиот поим за Етрурците, кои се сметале за доселеници од Лидија, предводени од кнезот Тирен.[2] Етрурците се населиле долж крајбрежјето на денешна Тоскана, и затоа морето се нарекувало уште и „Етрурско Море“.

Поврзано

Наводи

  1. „Граници на океаните и морињата, III издание“ (PDF). Меѓународна хидрографска организација. 1953. Посетено на 6 февруари 2010. (англиски)
  2. Потеклото на Етрурците, Универзитет на Сан Хозе (англиски)

Координати: 39°31′22″N 13°21′12″E / 39.52278° СГШ; 13.35333° ИГД / 39.52278; 13.35333

Предлошка:Link GA