Горноџумајски случувања: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 6: Ред 6:


Според второто гледиште, [[Иван Михајлов]] под превезот на одмазда за убиството на Тодор Александров, а под обвинение дека тие го сториле тоа, сакал да се пресмета со левицата во Организацијата, предводена од [[Александар Василев - Алеко Паша|Алеко Василев]] и [[Георги Атанасов]] и со раководството на емигрантската [[Илинденска организација]] во [[Бугарија]].
Според второто гледиште, [[Иван Михајлов]] под превезот на одмазда за убиството на Тодор Александров, а под обвинение дека тие го сториле тоа, сакал да се пресмета со левицата во Организацијата, предводена од [[Александар Василев - Алеко Паша|Алеко Василев]] и [[Георги Атанасов]] и со раководството на емигрантската [[Илинденска организација]] во [[Бугарија]].

== Хронологија ==


== Извори ==
== Извори ==

Преработка од 09:12, 23 септември 2011

Горноџумајските случувања или Горноџумајски атентати и убиства се серија на ликвидации кои претставувале последица на кризата и меѓусебните непријателства помеѓу левицата и десницата во редовите на македонското националноослободително движење, по убиството на Тодор Александров.

Причини

Постојата две гледишта за причините кои довеле до Горноџумајските убиства. Според првото гледиште, случувањата се оценуваат како етапа на кризата предизвикана од Коминтерната во ВМРО и последен чекор кон решително оделување на левицата од Организацијата како ВМРО (Обединета). Според ова гледиште, Горноџумајските случувања се оценуваат како казнена акција на десницата од ВМРО врз учесниците во заговорот и убиството на Тодор Александров. Меѓутоа, постојат повеќе нејасни и таинствени околности околу атентатот врз Тодор Александров, кој како настан е еден од најмистериозните во поновата македонска историја. Кој е нарачателот на атентатот врз Тодор Александров? Ако реално се погледнат работите, фактите и развојот на настаните, пред и после атентатот, многу е тешко, речиси невозможно и после толку долг временски период да се даде одговор на ова прашање. Сепак се посочуваат два центри кои би можеле да бидат можните интелектуални убијци на Тодор Александров: Комунистичката интернационала заедно со БКП и другите левоориентирани партии, движења и струи во Бугарија и воено-политичките фактори блиски до бугарската влада на премиерот Александар Цанков [1]. Овие нејасности го доведуваат под знак прашалник оправданието на десницата за акција.

Според второто гледиште, Иван Михајлов под превезот на одмазда за убиството на Тодор Александров, а под обвинение дека тие го сториле тоа, сакал да се пресмета со левицата во Организацијата, предводена од Алеко Василев и Георги Атанасов и со раководството на емигрантската Илинденска организација во Бугарија.

Хронологија

Извори

  1. Предавствата и атентатите во македонската историја, Виолета Ачковска и Никола Жежов, Скопје, 2004 год