Габа: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
PixelBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Додава: ku:Kuv
FoxBot (разговор | придонеси)
с Бот Додава: si:දිලීර
Ред 118: Ред 118:
[[stq:Poagenstoule (Riek)]]
[[stq:Poagenstoule (Riek)]]
[[scn:Funci]]
[[scn:Funci]]
[[si:දිලීර]]
[[simple:Fungus]]
[[simple:Fungus]]
[[sk:Huby]]
[[sk:Huby]]

Преработка од 17:12, 10 септември 2011

Габи
Научна класификација
Домен: Eukaryota
Нерангирано: Opisthokonta
Царство: Fungi
(L., 1753) R.T. Moore, 1980
Жoлта гaба

Габата е еукариотски организам што ја дигестира храната екстерно и ги апсорбира хранливите молекули во нејзините клетки. Габите се многу значајни економски: квасецот е одговорен за ферментацијата на пивото и лебот и фармите со печурки се голема индустрија во некои земји. Габите се основни разградувачи на мртвите растенија и живата материја во многу екосистеми, и вообичаено можат да се видат во стар леб како мувла. Но, комплексната биологија на габите се проширува многу повеќе од ова вообичаено знаење за нив.

Габите се неподвижно прицврстени за земјата и без хлорофил. Тие се сувоземни форми, иако нивниот развој бара влага. Само најпримитивните од нив живеат во вода. Најголема група претставуваат почвените габи. Други се паразити на животните или растенијата. Трети се наоѓаат на органски отпадоци, производи, стакло, дрвесина. Воопшто нема материја, над која не би можеле да се развијат габи при присуство на топлина и влага. Телото им е изградено од нишки (хифи). Севкупноста од хифи се определува како мицелиум. Кај пониските организми мицелиумот е едноклеточен. Кај едни форми клетките имаат сферична форма, со едно клеточно јадро (квасни габи), а кај други мицелиумот има типичен вид - клетката е силно разгранета и повеќејадрена (мувла). Кај вишите габи мицелиумот е повеќеклеточен и клетките се двојадрени.

Пигментираната клеточна обвивка е изградена од хитинска материја или (кај некои попримитивни видови) од целулоза и пектин. Во клетките на габите нема хлоропласти. Во клетките како резервна материја не се натрупува скроб како кај растенијата, туку гликоген и масти карактеристични за животните.

Предлошка:Никулец од областа на биологијата

Предлошка:Link FA