Разлика помеѓу преработките на „Ерменци во Македонија“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
Ерменските заедници на територијата на денешна [[Македонија]], се следat уште од [[средниот век]], преку бројни документи, патеписни записи од странски патници кои престојувале или минувале низ градовите каде покрај другото население живееле и [[Ерменци]]. Економската моќ создала и услови за оформување на поголема ерменска заедница кон крајот на [[18 век|18]], а особено во текот на [[19 век]], кога одреден број на Ерменци се школувале на Универзитетите во [[Венеција]], [[Виена]], [[Лајпциг]] па се вратиле во [[Македонија ]] како познати лекари, апотекари, професори. Тие всушност биле на некој начин дел од нуклеусот на интелектуалците во градовите во Македонија каде живееле. Поголем бран на доселување на Ерменците е забележан кон крајот на 19 и почетокот на [[20 век]] по [[Ерменски геноцид|егзодусот на Ерменците]], особено по [[1915]] година, кога во [[Скопје]] се зголемува Ерменската заедница, додека се забележани помали во [[Тетово]], [[Штип]], [[Прилеп]], [[Кочани]] и др. Според пописот во [[1929 ]] година само во Скопје имало 438 Ерменци.<ref>''„Водич кроз Скопље и околину“, Скопље, 1937,38''</ref>, додека во [[1935]] имало 443.<ref>''„Поглед у статистику Скопља за 1935 год.“, "Скопски Гласник" бр. 396, 1936 , 7.''</ref>
 
Денес, Ерменската заедница брои околу 110 семејства, или 300 поединци, кои еднакво ја негуваат ерменската традиција и култура. Од членовите на Ерменската заедница можат да се вбројат воглавно лица што и припаѓаат на онаа генерација луѓе кои морале да ја напуштат Турција за време на геноцидот. Сепак, постои и помал број лица-членови од други земји во кои има ерменска дијаспора или пак од Република Ерменија. Во Македонија функционира здружение на Ерменците, кое има за цел да отвори т.н. ''саботно училиште за ерменски јазик''. Секоја година на [[24 април]] се одржува панихида во [[Црква „Св. Климент Охридски“ - Скопје|Соборниот храм]] во чест на геноцидот над Ерменците во [[1915 ]]година, со што им се оддава почит на загинатите Ерменци. Во [[2008]] постоела и иницијатива за добивање на загарантира пратеничко место во [[Македонскиот Парламент]].<ref>{{цитирање вести|url=http://vecer.com.mk/?ItemID=8D6CFE86D2A0FD4B814D6B19C1B2F6C4|title=И Ерменците бараат еден пратеник|date=петок, 14 ноември 2008|publisher=Вечер|language=македонски|accessdate=2011-02-21}}</ref>
 
== Значајни личности ==
Анонимен корисник

Прегледник