Петар Ангелов (ВМРО): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
StanProg (разговор | придонеси)
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 6: Ред 6:
наставка= |
наставка= |
роден-дата= {{роден на|||1895}} |
роден-дата= {{роден на|||1895}} |
роден-место= [[Гражден]], [[Османлиска империја]] |
роден-место= [[Гражден]], [[Османлиска империја]], денес [[Грција]] |
починал-дата= {{починал на|28|јуни|1932}} |
починал-дата= {{починал на|28|јуни|1932}} |
починал-место= {{починал во|Хасково|}}, [[Бугарија]] |
починал-место= {{починал во|Хасково|}}, [[Бугарија]] |

Преработка од 08:45, 4 септември 2011

Петар Ангелов
Роден 1895
Гражден, Османлиска империја, денес Грција
Починал 28 јуни 1932
Хасково, Бугарија

Петар Ангелов бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација .

Биографија

Ангелов е роден во 1895 година во преспанското село Гражден, тогаш во Османлиската империја, денес во Грција. Во 1912 година емигрира во Америка, но се враќа при избувнувањето на Првата балканска војна и се запишува доброволец во бугарската армија. По завршувањето на Првата светска војна учествува во создавањето на ВМРО и четник е при Илија Дигалов, а по неговата смрт во 1922 година станува преспански војвода со 16 четници [1]. Во 1924 година е во четата на Георги Поп Христов [2]. Во пролетта 1925 година ја поминува реката Вардар заедно со четите на Илија Лерински, Андон Попштерев, Тале Андонов и Наум Јосифов со курирска чета на Христо Андонов [3]. По убиството на Александар Протогеров во 1928 година е на страната на протогеровистите. Петар Ангелов е убиен во 1932 година во Хасково од приврзаници на Иван Михајлов [4][5].

Наводи

  1. Националноосвободителната борба в Македония, 1919 - 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр.168
  2. Спомени на Георги Попхристов [1]
  3. Спомени на Георги Попхристов [2]
  4. Гаджев, Иван, „Иван Михайлов (отвъд легендите)“, Том I, София 2007, Университетско издателство „Свети Климент Охридски“, стр. 818.
  5. Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 8.