Влада: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MerlIwBot (разговор | придонеси)
с r2.6.5) (Бот Додава: ml:ഗവൺമെന്റ്
Ред 95: Ред 95:
[[hu:Kormány (állami szerv)]]
[[hu:Kormány (állami szerv)]]
[[mg:Governemanta]]
[[mg:Governemanta]]
[[ml:ഗവൺമെന്റ്]]
[[mi:Kāwanatanga]]
[[mi:Kāwanatanga]]
[[arz:حكومه]]
[[arz:حكومه]]

Преработка од 15:09, 29 август 2011

Овој серијал е дел од
темата „Политика

Системи

Портал „Политика“


Влада е тело кое има авторитет да чини и има моќ да спроведува закон над граѓански, корпорациски, религиски, академски или други организации и групи. Во поширока смисла „владеење“ значи да се управува или надгледува ситуацијата во државата, над група луѓе или збир на интереси.

Вообичаено, кога ќе се каже "влада" се мисли на извршните функции во една држава.

Видови на влади

Владите најчесто се класифицираат според тоа колкав е бројот на луѓето кои ја имаат политичката моќ:

Не постои реска граница помеѓу горните видови на влади. Во пракса секогаш имаме соодветен микс. Пример, во текот на 19-иот век, повеќето самопрогласени "демократски" влади го ограничуваа гласачкото право на малцинските групи. Така овие влади повеќе се квалификуваат како олигархиски отколку демократски. Од друга страна, малцинските групи често пати и не биле така мали (20-30% од населението).

Теории како се јавила потреба за формирање на влада

Постојат повеќе теории зошто се јавила потребата за воспоставување на одреден тип на влада. Некои од нив се набројани подолу. Овие теории не си противречат една на друга, така што е можно да има микс помеѓу две или повеќе теории.

Теорија насила

Многу политички философии кои се противат на потребата од постоење на владите (анархизам, нихилизам, марксизам ...) ги потенцираат историските корени на владите - владите, заедно со приватната сопственост, се измислени од воинствените авторитети и деспоти кои приграбиле, со сила, одредени делови од територијата и почнале да практицираат авторитет над луѓето кои живееле на таа територија. Значи, се претпоставува дека владите настанале за насилно наметнување на вољата на појаките над послабите, штитејќи ги привилегиите на владејачките класи. Се претпоставува дека владата се појавува кога сите луѓе на одредено подрачје биле под контрола на авторитетот на една личност или мала група на луѓе.

Ред и традиција

Различни конзервативни гледишта, ја гледаат владата како позитивна сила која воведува ред во хаосот, воспоставува закони за да ја запре борбата на сите против сите, го охрабрува моралот а го казнува развратот и ја респектира традицијата. Понекогаш, во согласност со овие гледишта, владата се смета како нешто дадено од некоја виша сила, пример правата кои ги има кралот, на кој обичниот човекот има должност да се повинува.

Природни права

Природните права се основа на теоријата за влада пропагирана од либералите. Во овој случај, човекот е роден со одредени природни права, а владата е воспоставена стриктно да ги штити овие права. Но што всушност се природните права е предмет на разијдување помеѓу либералите. Во суштина секој правец на либерализам има дефинирано своја листа на права за кои смета дека се природни. Често пати овие списоци битно се разликуваат во зависност кој правец на либерализам ги има дефинирано. Како резултат на ова, имаме различни либерални пристапи: Џон Лок, Томас Џеферсон, Имануел Кант, ...

Општествен договор

Една од највлијателните теории за влади во последните два века е теоријата на општествен договор, на која се базираат модерните демократии и повеќето форми на социјализам. Оваа теорија стои на ставот дека владите се креирани од луѓето со цел да обезбедат колективни услови (како искоренување на неписменоста, борба против криминалот, технолошки напредок) кои не можат да бидат задоволени со користење на индивидулани права. Значи владите постојат со цел да им служат на потребите и желбите на луѓето. Владите работат според "општествени договори" (устав и пропратни закони) кои мора да бидат прифатени од страна на владата и луѓето (народот). Ако мнозинството е незадоволно, тоа може да го измени социјалниот договор. Ако малцинството е незадоволно, тоа може да го убеди мнозинството да го промени општествениот договор или да ја напушти територијата на која дејствува владата (емигрира) или да се обиде да изврши сецесија. Оваа теорија е заснована на претпоставката дека сите луѓе живеат во свет кој не е идеален. Значи имаме договор помеѓу членовите на организираното опшество. Имаме договор помеѓу владеачите и владеаните кој ги лимитира правата на едните и дефинира должностите на другите. Томас Хобс, Џон Лок и Жан-Жак Русо се најпознати философи кои ја пропагираат оваа теорија.

Види исто така