Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
PixelBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Менува: sh:Notre-Dame de Paris
Ред 80: Ред 80:
[[sk:Chrám Matky Božej v Paríži (román)]]
[[sk:Chrám Matky Božej v Paríži (román)]]
[[sr:Богородичина црква у Паризу (роман)]]
[[sr:Богородичина црква у Паризу (роман)]]
[[sh:Zvonar crkve Notre-Dame]]
[[sh:Notre-Dame de Paris]]
[[fi:Pariisin Notre-Dame]]
[[fi:Pariisin Notre-Dame]]
[[sv:Ringaren i Notre Dame]]
[[sv:Ringaren i Notre Dame]]

Преработка од 11:30, 15 август 2011

Богородичната црква во Париз
Илустрација од
Victor Hugo et son temps (1881)
АвторВиктор Иго
Изворен насловNotre-Dame de Paris
ИлустраторЛук-Оливер Мерсон (оригинал)
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрРомантизам
Издадена
14 Јануари, 1831

Богородичната црква во Париз (француски: Notre-Dame de Paris) e роман од француски писател Виктор Иго, издаден во 1931. Романот е познат и како Sвонарот од Богородичната црква или Грбавецот од Богородичната црква. Дејството се одвива во Париз во 1482. година, во и околу Богородичната црква, од каде потекнува и насловот. Се раскажува за фиктивниот ѕвонар од Богородичната црква, Квазимодо и сиромашната убавица, циганката Есмералда која станува жртва на Клод Фроло, моќен архиѓакон. Книгата била напишана со намера да се подигне јавното мислење во заштита на црквата од уривање или модернизирање, на кои се противел Иго.

За романот

Иго започнал да го пишува романот во 1829 година, а го завршил во фебруари 1831. Го насловил само како Богородичната црква во Париз (фр. Notre-Dame de Paris), но преведувачите на разни јазици насловот го адаптирале како Грбавецот од Богородичната црква (англ. The Hunchback of Notre Dame) или во поновите преводи Sвонарот од Богородичната црква. Иго го преферирал насловот што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата црква е главен лик во романот.

Голем дел од романот ја опишува црквата, и го осудува нејзиното напуштање по оштетувањата кои ги претрпела за време на Француската револуција кога толпите, сметајќи ја за симбол на стариот систем, ја вандализирале и ги уништиле инвентарот, внатрешноста и голем дел од прозорците.

Описот на црквата е живо олицетворение на идеите на романтизмот. Тоа не е само голем архитектонски споменик, туку е и жив гигант под чии нозе се престигнуваат вековите и поколенијата. Џиновската кула на катедралата е некој вид симбол на вечноста, кој се открива во некои појави. Со истата таа желба кон вечното писателот им приоѓа и на своите личности, кои се борат, патат и се радуваат во подножјето на бесмртниот џин.

Кратка содржина

Во центарот на романот е Есмералда, Циганка полна со грација и наивна дивина. Таа е родена во циганските черги, далеку од културата и буката на големите градови. Квазимодо е изрод, бил ѕвонар, кој оглувел од ѕвоната, но сепак ги сакал. Клод Фроло во детството бил вреден и сериозен дечко, до 18 годишна возраст ги завршил сите школи и набрзо станал и архиѓакон во Богородичната црква. Клод и Квазимодо се вљубиле истовремено во катедралата, исто како и во убавата Есмералда. Секој на свој начин. Во свештеникот таа разбудила ѕвер, а во ѕвонарот - човек.

На плоштадот до ѕидот на срамот, претепаниот Квазимодо моли за вода, но добива само смеа и пцовки. Тогаш со лесен и брз чекор Есмералда му пришла и му дала вода. Во окото на Квазимодо се појавува солза за првпат. Така и започнала неговата љубов кон Циганката.

А Клод Фроло ја гледал низ прозорецот додека танцувала на плоштадот, и така се вљубил во неа. Но, Есмералда го сакала капетанот Феб. Клод од љубомора го ранува со нож и ја обвинува неа за овој слочин. Под дејство на маки таа го признава она за што не била виновна и ја осудуваат на ужасна казна. Клод бил меѓу мачителите, ги гледал нејзините маки, а потоа дошол во затворот за да ѝ зборува за својата љубов кон неа.

Квазимодо ја ослободува и ја крие во катедралата. Додека спиела, секој ден невидлива рака ѝ носела храна. Навечер таа ги слушала грдите песни испеани со грдиот глас - тоа Квазимодо ѝ пеел успаванки. Едно утро нашла цвеќе на прозорецот. Сето тоа го правел Квазимодо, кој спиел пред нејзината врата како пес-чувар. Но, Клод ја испраќа на бесилка. Тој ден Квазимодо го снемало, и дури по две години кога е случајно отворен гробот на убиената, го нашле нејзиниот костур гушнат од друг костур, кој бил искривен и со една покуса нога. Штом се обиделе да го одвојат костурот што ја гушнал, тој се распаднал во прав.

Наводи

Надворешни врски

Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: