Прва балканска војна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: ms:Perang Balkan I
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: la:Bellum Balcanicum Primum
Ред 106: Ред 106:
[[he:מלחמת הבלקן הראשונה]]
[[he:מלחמת הבלקן הראשונה]]
[[krc:Биринчи Балкан къазауат]]
[[krc:Биринчи Балкан къазауат]]
[[la:Bellum Balcanicum Primum]]
[[lv:Pirmais Balkānu karš]]
[[lv:Pirmais Balkānu karš]]
[[lt:Pirmasis Balkanų karas]]
[[lt:Pirmasis Balkanų karas]]

Преработка од 18:26, 10 август 2011

Прва балканска војна
Дел од Балкански војни
Датум 8 октомври 1912 - 30 мај 1913
Место Балкански полуостров
Исход Балкански сојуз на победници, Лондонски договор
Завојувани страни
Отоманска Империја Балкански сојуз:
Царство Бугарија
Кралство Грција
Кралство Црна Гора
Податотека:Flaf of Serbia (1882-1918).png Кралство Србија
Команданти и водачи
Низам Паша, Зеки Паша, Есат Паша, Абдула Паша, Али Риза Паша Царство Бугарија: Владимир Вазов, Васил Кутинчев, Никола Иванов, Радко Димитриев
Кралство Србија: Радомир Путник, Петар Бојовиќ, Степа Степановиќ
Кралство Грција: Принцот Константин, Панагиотис Данглис, Павлос Кунтуриотис
Сила
350,000 војници Царство Бугарија 600,000 војници, Кралство Србија 220,000 војници, Кралство Грција 115,000 војници, Кралство Црна Гора 35,000 војници
Подрачје каде се одвивале воените дејствија

Првата балканска војна формално била започната од страна Кралството Црна Гора на 9 октомври 1912 година, а потоа на 18 октомври се приклучиле и останатите сојузници, што всушност се смета и за почеток на Првата балканска војна. Балканските сојузнички војски за релативно кратко време ја скршиле воената моќ на Отоманската империја која била победена на сите фронтови и била принудена набргу да побара мир.

Воените операции главно се воделе во Тракија и Македонија, со забележително учество на македонски доброволци. Балканските сојузници успеале да го исползуваат ентузијазмот и воодушевувањето на Македонците да се борат за слободата на својата земја.

Главнината на кралската српска војска под команда на принц Александар Караѓорѓевиќ ја нападнала најголемата концентрација на единиците на Отоманската империја во Куманово; втората војска минала во Бугарија, а оттаму во Источна Македонија за да ја ослабнат главната турска армија одзади; Косово била целта на третата војска, додека четвртата го зазела Нови Пазар, што преку Санџак ги поврзувал Црна Гора и Србија.

Во Тракија, двете главни бугарски војски удриле со сета сила на Лозенград (сегашен Киркларели во северозападна Турција) и Одрин (Едирне во Турција) што била влезната врата кон Истанбул.

Војските биле охрабрени од патриотската хистерија што со месеци постепено растела во сите земји. Во предвечерјето на војната насловите во белградските весници ги повикувале Србите: „Подгответе се за војна! Здружената српско-бугарска офанзива само што не почнала!“ Со ентузијазам се пишувало за брзиот напредок на Црногорците на патот за Скутари (денешен Шкодер во Албанија), додека на останатите страници во весниците имало убави слики од „Стара Србија“, средновековното кралство кое новата земја била решена да го поврати. Весниците исто така ги повикувале поетите да придонесуваат со патриотски стихови.

Целосниот економски живот во Кралството Србија и Царството Бугарија бил ставен во функција на војната.

На бојните полиња било уште понепријатно за турската војска. Девет дена по почнувањето на насилствата, Србите ја разбиле главната сила на Отоманската империја во Куманово. Оваа победа го отворила патот кон Скопје, што набрзо паднало под српска контрола (види Кумановска битка).

Македонскиот поход се одвивал во свирепи услови. Дождот и снегот го направиле теренот и патеките калливи. Целиот регион бил покриен со мртви тела на војници, цивили и коњи. Додека се приближувала кон Скопје, српската војска го уништувала и убивала локално албанско население. Загреани од приказните за злосторствата што Албанците ги вршеле врз христијанското население за време немирите во албанските територии, Србите ја ослободиле сета националистичка омраза против незаштитените села.

Главниот иследник на масакрите во Скопје била „Црната рака“, со седиште во близина на Рускиот конзулат, во објект што набрзо потоа го нарекле Црната куќа. „Црната рака“, со својата мрежа на агенти, ја избегнала контролата на воените власти и сe повеќе ја земала улогата на неформална влада на ослободена стара Србија. Неколку недели потоа, власта во Белград почнала да назначува цивилни администратори на овие територии, но оние што одбивале да се потчинат на барањата на „Црната рака“ и на четниците биле исплашени. Бранислав Нушиќ, писателот кој ја поздрави војната со голем ентузијазам, се повлекол од функцијата гувернер на Битола со страв и згрозеност од активностите на овие единици.

Иако се соочиле со слаб отпор при нивната офанзива северно од Епир и источно од Солун, Грците биле неспособни да ја заземат Јанина, којашто жестоко ја бранел еден турски гарнизон. Додека се пробивале северно кон Македонија во правец на Битола, што според српско-грчките сознанија Грците требало да ја окупираат, тие станале единствената војска во Балканскиот сојуз на која Турците им нанеле сериозна воена штета. Од оваа причина, и на големо незадоволство на српската команда, Србите биле тие што требале да се соочат со турската војска кај нејзиното последно упориште во близината на Битола.

Битолска битка

Види Битка кај Битола

Околу 110.000 Срби биле потиснати на север и на запад од Битола наспроти 80 или 90.000 турски војници. По три дена борби, во кои загинале 12.000 Срби и 17.000 Турци, турските сили капитулирале на 18 ноември. Речиси 45.000 мажи биле заробени од страна на Србите; други 30.000 избегале во планините на македонско-албанската граница.

Ослободување на Солун

Грците не биле многу потресени околу нивната неможност да се борат во Битола. Пет дена пред почнувањето на борбите, принцот Константин церемонијално влегол во Солун, накиснат на студениот, зимски дожд. Непосредно по почнувањето на српската офанзива на Куманово, престанале да работат телеграфските врски од и кон Солун. Дури откако почнале во градот да пристигнуваат огромен број албански и турски бегалци, народот почнал да го сфаќа обемот на воената катастрофа со која се соочила Османлиската Империја. Речиси 20.000 бегалци биле сместени по локалните џамии во страшно нехигиенски услови. По нив дошле и војниците кои се повлекувале - некои од нив бегале од Србите, дел бегале од Грците кои се движеле источно од планината Олимп, а дел биле потиснати од бугарската дивизија Рила што брзала надолу по реката Струма.

Грчките и бугарските сили очајно настојувале први да стигнат до Солун, којшто бил најголемата награда од османлиското наследство и немало никакви претходни договори за неговиот статус. Во тој случај, поседувањето ќе биде закон. Принцот Константин и единиците под негова команда ја претркрале дивизијата Рила за неколку часа. Кога влеглe во Солун, грчкото население го преплавило градот со сино-бели бои. Заедно со него бил Теоктистос, патријархот од Атина, коj му се придружил на метрополитот од Солун Генадиос во прославата на специјалната миса во црквата Свети Минас.

Учество на Македонци во Првата балканска војна

Види уште ВМРО во Првата балканска војна

Најмногу македонски доброволци беа регрутирани во армијата на Царството Бугарија. На тракискиот фронт учествуваа 14.000 Македонци организирани во Македонско-одринско ополчение (доброволци). Македонски доброволци биле регрутирани и во војската на Кралството Србија и Кралството Грција.

Одредот на Јане Сандански со 500 четници, составен од реонските чети на Александар Бујнов, Тодор Паница, Таската Серски, Чудомир Кантарџиев и други дејствувајќи самостојно прво го освоиле градот Мелник со околните места. Во реонот на Мелник и Свети Врач покрај споменативе самостојни чети, под нивна команда се наоѓаа околу 400 мелничани, триста лица од Свети Врач и околу седумдесет востаници од околните села.

Откако ја пробиле Рупелиската Теснина, Седмата рилска бугарска девизија и четите под команда на Сандански со 300 востаници, во придружба на четите на Стојо Хаџиев, Димитар Арнаудов, Александар Бујнов и други, како претходница на бугарската коњаница, влегле во Солун пред настапувањето на бугарските единици.

Иако Македонија била ослободена од турското ропство, со големо учество на свои доброволци кои се бореле за автономна држава, нејзината судбина била решена на Лондонската конференција, односно таа останала окупирана од страна на новите окупатори Кралството Србија, Царството Бугарија и Кралството Грција.

Лондонски договор

На 30 мај 1913 година, Отоманската империја го потпишала мировниот договор во Лондон, според кој се откажала од териториите западно од линијата Енез-Мидија во корист на балканските сојузници, со тоа што било одлучено да се создаде албанска држава, чии граници требало да се утврдат дополнително.

Загубите во загинати, ранети и заробени изнесувале: Отоманска Империја 153.000, Царство Бугариjа 73.000, Кралство Србија 30.000, Кралство Грција 28.671 и Кралство Црна Гора 10.000 луѓе.

Материјалните загуби на Царството Бугариjа изнесувале една милијарда и 300 милиони франци, на Кралството Србија 590 милиони, на Кралството Грција 467 милиони и на Кралството Црна Гора околу 100.000 франци. Загубите на Македонија, човечки и материјални, не се наведуваат, ниту во еден извор, иако војната се водела и во Македонија, а од глад и болест умирале најмногу деца и стари. Македонија загубила сè што имала: територијата распарчена, народ и имотот национализирани, историјата погребана. Затоа Сандански рекол дека за Македонија ќе било подобро да остане под турско ропство, оти тие што ќе ја ослободат, ќе ја распарчат и повторно ќе ја поробат.

Види уште

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA