Јаника Балаж: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: uk:Яніка Балаж
file
Ред 1: Ред 1:
{{Без извори|датум=август 2010}}
{{Без извори|датум=август 2010}}
[[File:Janika-Balazs Lukino.jpg|thumb|left|Јаника Балаж ([[унг.]] ''Janika Balázs''), роден e во [[Лукино Село]] кај [[Зрењанин]].]]
[[Податотека:Janika balaz.jpg|мини|десно|150п|Споменикот на Јаника Балаж во [[Нови Сад]]]]
[[Податотека:Janika balaz.jpg|мини|десно|150п|Споменикот на Јаника Балаж во [[Нови Сад]]]]
'''Јаника Балаж''' ([[унг.]] ''Janika Balázs''), ({{роден на|23|декември|1925}} во [[Лукино Село]] кај [[Зрењанин]] – {{починал на|12|ноември|1988}} во {{починал во|Нови Сад|}}) бил прочуен [[тамбура]]ш од [[Војводина]], [[Србија]].
'''Јаника Балаж''' ([[унг.]] ''Janika Balázs''), ({{роден на|23|декември|1925}} во [[Лукино Село]] кај [[Зрењанин]] – {{починал на|12|ноември|1988}} во {{починал во|Нови Сад|}}) бил прочуен [[тамбура]]ш од [[Војводина]], [[Србија]].

Преработка од 21:34, 24 јули 2011

Јаника Балаж (унг. Janika Balázs), роден e во Лукино Село кај Зрењанин.
Споменикот на Јаника Балаж во Нови Сад

Јаника Балаж (унг. Janika Balázs), (23 декември 1925 во Лукино Село кај Зрењанин12 ноември 1988 во Нови Сад) бил прочуен тамбураш од Војводина, Србија.

Живот

Балаж е роден во 1925 г. во унгаројазично ромско семејство во кое се негувала силна музикална традиција. Татко му впрочем се презивал Рач (Rácz), што бил неубав унгарски збор за Срби, па затоа го презел мајчиното презиме Балаж. Израснал во Бечеј, каде почнал да свири виолина во локалната кафана уште на возраст од 10 години. Кога сфатил дека не може да биде најдобриот виолинист, почнал да свири тамбура („прим“ или „бисерница“), и продолжил на неа до крајот на животот. Подоцна свирел во оркстарот "Браќа козаци" во подрачјето на Суботица и Хоргош. Од 1948 до 1951 работел во Радио Титоград, Црна Гора, кадешто ги усовршил своите вештини на тамбура.

Работел во Радио Нови Сад од неговото основање во 1951 г. па сè до смртта, а членувал и во „Велики тамбурашки оркестар“ при радиото. Вечерите со неговиот осумчлен оркестар свирел по новосадските кафани, особено на Петроварадинската тврдина и станал еден од нејзините симболи. Во текот на кариерата одржувал концерти ширум светот, вклучувајќи 36 изведби во париска Олимпија. Добивал повеќе понуди да се пресели во САД и СССР за да работи како наставник по тамбура, но Балаж никогаш не се согласил да го напушти Нови Сад, каде и починал во 1988 г.

Јаника зел учество и во неколку документарци и играни филмови. Нему му се посветени песните „Осам тамбураша с Петроварадина“ и „Примаши“. Во текот на кариерата работел со видни музичари како Звонко Богдан и Јулија Бисак.

По неговата смрт, градот Нови Сад му подигнал споменик на плоштадот спроти Петроварадинската тврдина преку Дунав. Творец на статуата е вајарот Ласло Силаѓи.

Видете исто така

Надворешни врски