’Рскавични риби: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:غضروف ماهیان
с r2.7.2) (Бот Додава: frr:Graselfasker
Ред 78: Ред 78:
[[nl:Kraakbeenvissen]]
[[nl:Kraakbeenvissen]]
[[ja:軟骨魚綱]]
[[ja:軟骨魚綱]]
[[frr:Graselfasker]]
[[no:Bruskfisker]]
[[no:Bruskfisker]]
[[nn:Bruskfisk]]
[[nn:Bruskfisk]]

Преработка од 03:02, 19 јули 2011

‘Рскавични риби
Период: ран силур - денес
Точкеста орлова раја, Aetobatus narinari
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Потколено: ‘Рбетници
Инфраколено: Вилични ‘рбетници
Класа: Chondrichthyes
Хаксли, 1880
Поткласи и редови

Видете во текстот.

Вистинска раја (лизгач).

‘Рскавичните риби (Chondrichthyes) сочинуваат една од трите класи на денешните риби и се карактеризираат со ‘рскавичен скелет. Остри, забовидни лушпи познати како плакоидни плочки се својствени за сите ‘рскавични риби и понекогаш тие се модифицирани во боцки. Забите, кои исто така се модифицирани плочки, обично не се споени со вилицата и периодично отпаѓаат и се заменуваат. Пловниот меур, кој кај коскените риби ја дава рамнотежата, отсуствува кај членовите на оваа класа; одговорен за рамнотежата на ‘рскавичните риби е нивниот лесен ‘рскавичен скелет. Некои ‘рскавични риби имаат други модификации за лебдење во водата. Химерите, ајкулите, лизгачите и раите припаѓаат на оваа класа.

Таксономија