Црногорски јазик: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
ZéroBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: ilo:Montenegrin language
с r2.7.1) (Бот Додава: vi:Tiếng Montenegro
Ред 116: Ред 116:
[[uk:Чорногорська мова]]
[[uk:Чорногорська мова]]
[[vec:Lengua montenegrina]]
[[vec:Lengua montenegrina]]
[[vi:Tiếng Montenegro]]
[[zh:蒙特內哥羅語]]
[[zh:蒙特內哥羅語]]

Преработка од 03:44, 13 јули 2011

Црногорски јазик
Crnogorski jezik
Зборуван во:  Црна Гора
 Албанија
 Србија 
Регион: Балкан
Вкупно говорници: околу 144.838 луѓе
Јазично семејство: индоевропски
 словенски
  јужнословенски
   Црногорски јазик 
Статус
Службен во:  Црна Гора
Регулиран од: Одбор за стандардизација на црногорскиот јазик
Јазични кодови
ISO 639-1: нема
ISO 639-2: sla
ISO 639-3: srp — 

Црногорскиот јазик (црногорски: Crnogorski jezik) е јужнословенски јазик и официјален јазик во Црна Гора. Црногорскиот се базира на ијекавското-штокавско наречје. Неговото стандардизирање всушност започнува во 2005 година. Во времето на СФРЈ за официјален јазик во Црна Гора бил сметан српско-хрватскиот јазик. Со распадот на СФРЈ, а со тоа и на српско-хрватскиот јазик како официјален, во новосоздадените држави како официјални се воведуваат јазиците наречени според нацијата, па така како официјалниот јазик бил наречен „српски јазик од ијекавското наречје“.


Кодификација

Во јануари 2008 година, владата на Црна Гора составила Одбор за стандардизирање на црногорскиот јазик, чиј главна цел била стандардизација на јазикот според меѓународните норми. Понатамошните документи, после верификацијата, станале дел од образовната програма на црногорското образование.

Првиот црногорски стандард бил официјално предложен во јули 2009 година. Покрај веќе стандардизираната форма на српскохрватскиот, со новиот предлог се опфаќале две нови букви, односно се предложиле буквите ‹ś› и ‹ź› како замена за диграфите ‹sj› и ‹zj›. Одборот првично предложил два предлога, но владата не ги прифатила, но сепак бил прифатен третиот предлог на Одборот. На 21 јуни 2010 година Советот за општо образование ја прифатил првата граматика на црногорскиот јазик.

Дијалекти

Црногорскиот јазик има два дијалекта, дел од штокавското наречје. Дијалектите на црногорскиот јазик се:

  • Источнохерцеговски дијалект - се зборува во западниот и северозападниот дел од земјата
  • Зетско-јужносанџачки дијалект - се зборува во остатокот од земјата

Азбука

Црногорската азбука е двописен систем, односно официјално двете писма и кирилицата и латиницата уживаат еднаков статус, но латиницата доста повеќе се користи. Азбуката била усвоена на 9 јуни 2009 година од министерот за образование на Црна Гора Сретен Шкулетиќ[1]. Оваа азбука ги заменила српскохрватската латиница и кирилица.

Латиница
Aa Bb Cc Čč Ćć Dd Dždž Đđ Ee Ff Gg Hh Ii Jj Kk Ll Lj lj Mm Nn Nj nj Oo Pp Rr Ss Šš Śś Tt Uu Vv Zz Žž Źź
Кирилица
Аа Бб Вв Гг Дд Ђђ Ее Жж Зз З́ з́ Ии Јј Кк Лл Љљ Мм Нн Њњ Оо Пп Рр Сс С́ с́ Тт Ћћ Уу Фф Хх Цц Чч Џџ Шш
Македонски изговор и распоред
а б в г д ѓ е ж з зј и ј к л љ м н њ о п р с сј т ќ у ф х ц ч џ ш

Наводи

Видете исто така

Надворешни врски