Фердинанд II (Арагон): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
KamikazeBot (разговор | придонеси)
Ред 102: Ред 102:
[[pt:Fernando II de Aragão]]
[[pt:Fernando II de Aragão]]
[[ro:Ferdinand al II-lea de Aragon]]
[[ro:Ferdinand al II-lea de Aragon]]
[[ru:Фердинанд II Арагонский]]
[[ru:Фердинанд II (король Арагона)]]
[[scn:Firdinannu II di Aragona]]
[[scn:Firdinannu II di Aragona]]
[[simple:Ferdinand II of Aragon]]
[[simple:Ferdinand II of Aragon]]

Преработка од 06:42, 1 јули 2011

Фердинанд II
Крал на Арагон, Крал на Кастилја и Леон
Фердинанд II
Крал на Арагон
На престол20 јануари 1479 - 23 јануари 1516
ПретходникХуан II
НаследникХуана I и Карлос I
Крал на Кастилја
На престол1475-1503
ПретходникHenry IV
НаследникХуана и Филип I
СопружникИзабела I Кастилјска
Жена
  • Жермен од Фоа
ДецаИзабела Португалска
Хуан, принц од Астуриас
Хуана Кастилјска
Марија Арагонска
Катерина Арагонска
ДинастијаДинастија Трастамара
ТаткоХуан II Арагонски
МајкаХуана Енрикез

Фернандо II од Арагон, познат и како Фернандо Католикот (шпански: Fernando II de Aragón y V de Castilla "el Católico") бил крал на Арагон (1479. – 1516.), Сицилија (1468. – 1516.), Неапол (1504. – 1516.), Валенсија, Сардинија и Навара, Гроф на Барселона, крал на Кастилја (1474. - 1504., преку бракот со Изабела I), а потоа и регент на Кастилја во име на своjата ментално болна ќерка Јоана од 1508. до својата смрт.

Заедно со сопругата, кралицата Изабела од Кастилја, Фердинанд бил успешен владетел кој ги поставил основите на Шпанија како единствена држава и европска и светска сила.

Владеење

Свадбен портрет на Фердинанд II од Арагон и Изабела од Кастилја.

Преку бракот со Изабела I од Кастилја создале личен сојуз помеѓу соседните кралства Арагон и Кастилја по што следело обединување на нивните територии и создавање на заедничка држава Шпанија, именувана според античкото римско име Хиспаниа, иако заедничката држава формално не била администрирана како единствена, туку како две посебни, сѐ до 18. век.

Фернандо и Изабела ги протерале Маврите од Пиринејскиот полуостров и ја освоиле нивната територија и последна муслиманска енклава на Европско тло - Гранада во 1492. Истата година, го испратиле Кристофер Колумбо во експедиција кон новиот свет. Исто така во 1492. со Декретот од Алхамбра ги условиле евреите да го прифатат христијанството или да ги напуштат Арагон и Кастилја, што довело до голема миграција на стотици илјади евреи кон Португалија и цела Европа. Во 1494. со Договорот од Тордесиљас постигнале спогодба со Португалија за поделба на светот надвор од Европа.

Со цел да го зајакнат католицизмот, во 1478. ја создале шпанската инквизиција, која била под нивна директна власт, за разлика од средновековната која била под контрола на папата.

Заклучок

Фернандо и Изабела постигнале ефикасен сојуз во текот на владеењето: Шпанија била обединета, териториите проширени, верски обединета со протерувањето на муслиманите и евреите, основале војска и морнарица која ќе биде основа на освојувањата на светот во следните 150 години, црквата била реформирана. Со сите овие постигнувања, како и со откритијата на нови територии и природни богатства во Новиот свет, Фердинанд и Изабела ја создале првата светска сила во денешното значење.