Скриптирање на опслужувачка страна: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: pt:Linguagem server-side
KamikazeBot (разговор | придонеси)
с r2.6.4) (Бот Додава: ja:サーバーサイド・スクリプト
Ред 54: Ред 54:
[[ko:서버 사이드 스크립트 언어]]
[[ko:서버 사이드 스크립트 언어]]
[[nl:Server-side scripting]]
[[nl:Server-side scripting]]
[[ja:サーバーサイド・スクリプト]]
[[pt:Linguagem server-side]]
[[pt:Linguagem server-side]]
[[th:เซิร์ฟเวอร์-ไซด์ สคริปต์]]
[[th:เซิร์ฟเวอร์-ไซด์ สคริปต์]]

Преработка од 02:43, 22 јуни 2011

Скриптирање на серверска страна (анг. Server-side scripting) е веб сервер технологија каде што упитите се разрешуваат преку стартување на скрипта директно на веб серверот, која генерира димачка HTML страници. Оваа технологија вообичаено се користи за дизајнирање на интерактивни веб страници кои во позадина се поврзани со бази на податоци или слични складишта на податоци. Оваа технологија е реалична од технологијата на Скриптирање на клиентска страна каде што скриптите се извршуваат кај клиентот во рамките на веб прелистувачот. За оваа намена најчесто се користи JavaScript. Основната предност кај скриптирањето на серверска страна е можноста за прецизно подесување на одговорот на опслужувачот согласно со барањата упатени од страна на клиентот, а согласно со неговите привилегии за пристап и дефинираните политики за работа со базите на податоци.

Вовед

Во "старите" времиња оваа технологија била исклучиво применувана во комбинација со C програмирањето, Perl скрипти и шел скрипти користејќи се со техниката Common Gateway Interface (CGI). Овие скрипти се извршуваат од страна на оперативниот систем. Кодирањето / програмирањето, се изведува на класичен начин согласно програмската спецификација за дадениот програмски јазик, а резултатите едноставно се испорачуваат на веб опслужувачот кој понатаму ги доставува до веб клиентот. Денес, покрај гореспоменатите техники, исто така се користат и ASP и PHP, кои директно се извршуваат од страна на опслужувачот или од страна на одредени модули (т.е. mod perl или mod php). Двата начина на скриптирање (т.е. CGI или директно извршување) можат да се исползуваат за креирање на комплексни веб страници. Препорачливо е да се користи техниката на директно извршување бидејќи вообичаено оваа техника резултира со побрз одзив бидејќи нема постојано повикување на соодветниот интерпретер.

Динамичките веб страни понекогаш се опслужувани од специјално дизајниран веб апликациски сервер, како што е например Python "Base HTTP Server" библиотеката.

Технологии за скриптирање на серверска страна

Било кој програмски јазик може да изгенерира веб страница со помош на CGI техниката. Во продолжение ќе бидат набројани технологии кои главно се дизајнирани за скриптирање на серверска страна, вообичаено со вгнездување на инструкциите директно во шаблонизираните веб страници.

ASP
Решение на Microsoft кое овозможува различни јазици (но најчесто се користи VBscript) да бидат вгнездени во HTML страниците. Во основа функционира само на Windows платформа, додека на другите платформи е со крајно лимитирана подршка.
ColdFusion
Комерцијален систем за скриптирање на серверска страна, работи на повеќе платформи
ESP
ESP или Escapade е создаден уште 1997 од страна на Ед Карп, најмногу се употребува во Европа, а многу малку е прифатен во САД.
JSP
Систем базиран на програмскиот јазик Java, кој се вгнездува во HTML страниците.
Lasso
Работи на повеќе платформи, интерпретерски програмски јазик.
PHP
opensource решение, кодот се вгнездува во HTML документот.
JavaScript на серверска страна
JavaScript се користи најчесто на клиентска страна но може често пати да се сретне и на серверска страна.
SMX
opensource програмски јазик сличен на Lisp, се вгнездува во HTML странците.
Server Side Includes
Основен систем кој е дел од apache веб серверот, најчесто се користи за комбинирање на документи или делови од документи на серверска страна
Ruby on Rails


Креирање на динамички веб страници

Креирањето на динамички веб страници на страната на опслужувачот е една од главните примени на јазиците за скриптирањето на серверска страна.

Како алтернатива на оваа техника се користи уште и системот на веб шаблони во таканаречена MVC рамка. Било кој "не веб специфичен" програмски јазик може да се користи за управување со веб шаблоните.

Види исто така