Дунав: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: te:డానుబే
CocuBot (разговор | придонеси)
с r2.6.1) (Бот Додава: kk:Дунай
Ред 97: Ред 97:
[[krc:Дунай]]
[[krc:Дунай]]
[[ka:დუნაი]]
[[ka:დუნაი]]
[[kk:Дунай]]
[[sw:Danubi (mto)]]
[[sw:Danubi (mto)]]
[[mrj:Дунай]]
[[la:Danubius]]
[[la:Danubius]]
[[lv:Donava]]
[[lv:Donava]]
Ред 117: Ред 119:
[[nrm:Danube]]
[[nrm:Danube]]
[[oc:Danubi]]
[[oc:Danubi]]
[[mrj:Дунай]]
[[pnb:دریاۓ ڈینیوب]]
[[pnb:دریاۓ ڈینیوب]]
[[pms:Danubi]]
[[pms:Danubi]]
Ред 126: Ред 127:
[[rmy:Dunaja]]
[[rmy:Dunaja]]
[[qu:Danuwyu mayu]]
[[qu:Danuwyu mayu]]
[[ru:Дунай]]
[[rue:Дунай]]
[[rue:Дунай]]
[[ru:Дунай]]
[[sah:Дунаай]]
[[sah:Дунаай]]
[[stq:Donau]]
[[stq:Donau]]

Преработка од 05:05, 21 јуни 2011

Дунав (гер. Donau, слов. Dunaj, унг. Duna, ром. Dunărea, ср. и хрв. Dunav, укр. Дунай) e најдолгата река во Европската Унија и втора најдолга европска река (после Волга).

Таа е единствената голема река во Европа, која тече во насока од запад на исток. Извира од планината Шварцвалд (со надморска височина на изворите 1078 метра) во Германија, кадешто две помали реки, Бригах и Брег, се сливаат во селото Донавешинген и оттаму реката се нарекува Дунав. Од тоа место таа тече на југоисток во продолжение на 2859 км, вливајќи се преку делта (која се граничи со Украина) во Црно Море на романска територија.

Поминува низ многу земји од средна и источна Европа: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Хрватска, Србија, Бугарија, Романија, Молдавија и Украина.

При вливот во Црно Море таа се разделува на три ракава – Килиски, Сулински и Георгиевски. Најсеверниот – Килискиот ракав, служи за граница на Романија и Украина. Средниот ракав – Сулинскиот, е најполноводниот и најдлабокиот.

Историја

Реката Дунав секогаш била важна врска меѓу Западна Европа и Црно Море. Во III век таа е северна граница на Римската империја (и на латински е наречена Danubius), а тврдините, изградени на бреговете, служеле за заштита од нападите на Готите, Хуните и Словенските племиња. Подоцна Дунав бил пат за достап до Константинопол. Крстоносците ја користеле реката како транспортна артерија за походите до Светите места.

Реката Дунав започнува да се користи како трговска врска во XVIII век. Марија Тереза, императорката на Австрија од Хабсбуршката династија, формира комисија, која го регулира пловењето по реката. Во XIX век Дунав се претвара во важна трговска врска меѓу Западна Европа и земјите од Балканскиот Полуостров.

Притоки

Дунав станува пловна река, откако прима многу алпски притоки. Околу 30 от нејзините 300 притоки исто така се пловни. Поважни се: Ин, Морава, Драва, Тиса, Сава и Прут. Длабочината на Дунав на места е повеќе од 30 м. За време на месеците мај и јуни реката е најполноводна. Во зима над реката се образуваат густи и непрогледни магли, а поради ниските температури површинските слоеви замрзнуваат.

Транспорт

Реката Дунав е важен меѓународен воден пат. Тој е определен од Европеската Унија за трансевропски транспортен коридор № 7. Тој минува низз 9 држави.

Некои големи градови, кои се расположени на реката, се:

Културно значење

На Дунав е посветен познатиот валцер на австрискиот композитор Јохан Штраус „На убавиот син Дунав“ (An der schönen, blauen Donau). Реката исто така има место и во бугарската историја, во маршот „Тих бел Дунав“.

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA