Кога лисјата паѓаат (ТВ серија): Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
дополнување, ситна поправка |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 1: | Ред 1: | ||
{{без извори}} |
|||
{{Infobox Television |
{{Infobox Television |
||
| show_name = Кога лисјата паѓаат |
| show_name = Кога лисјата паѓаат |
Преработка од 16:31, 16 јуни 2011
Кога лисјата паѓаат | |
---|---|
Напишана од | Решат Нури Ѓунтекин |
Улоги | Халил Ерѓун Ѓувен Хокна Бену Јилдирмлар Ѓокче Бахадир Фахрие Евџен Дениз Чакар |
Воведна тема | Yarane |
Завршна тема | Yarane |
Земја на потекло | Турција |
Првичен јазик | Турски |
Бр. на епизоди | 174 |
Производство | |
Местоположба | Истанбул |
Камера | Мултикамера |
Времетраење | 90 минути |
Прикажување | |
Првична мрежа | Kanal D |
Звучен формат | стерео |
Првично прикажување | Турција 13 септември, 2005 - 29 декември, 2010 Бугарија 23 ноември, 2009 - до сега Србија 6 декември, 2010 - до сега Босна и Херцеговина 26 март, 2011 - до сега Македонија 6 септември, 2010 - до сега |
„Кога лисјата паѓаат“ (турски: Yaprak Dökümü) е турска драмска телевизиска серија. Сценариото е земено од истоимениотроман од 1930 г. на турскиот белетрист и драматург Решат Нури (1889-1956).
Приказна
„Кога лисјата паѓаат“ е приказна за семејството на Али Риза (Халил Ерѓун) и на неговата жена Хајрије (Ѓувен Хокна), кои своите деца ги воспитуваат со висока морална свест и силни чувства за семејните врски.
Кога семејството ќе се пресели од родното гратче во големиот Истанбул за нивната ќерка Неџла (Фахрије Евџен) да студира на универзитетот, тие ќе се соочат со многу промени во животот. Модерниот свет и економската нестабилност на животот во големиот град се заканите со кои ќе се соочи ова семејство.
Семејството на Али Риза, преку кое се разгледува прашањето за силните семејни врски во модерниот начин на живот е под постојана опасност од распаѓање.
Во главните улоги настапуваа одличните турски актери Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар, Џанер Куртаран, Фахрије Евџен, Дениз Чакар и Ѓокче Бахадир. Режисер на оваа серија, што е многу популарна во Македонија, е Месуде Ераслан.
Улоги
Актер/Актерка | Улога | Опис на улогата |
---|---|---|
Халил Ерѓун | Али Риза Текин | Главата на семејството, женет за Хајрие. Има 5 деца. |
Ѓувен Хокна | Хајрие Текин | Сопруга на Али Риза. |
Бену Јилдиримлар | Фикрет Текин | Најголемото дете во семејството Текин, гордостта на неговиот татко, сопруга на Тахсин, маќеа на трите негови деца и мајка на Умут. |
Дениз Чакар | Ферхунде Кара | Сопруга на Исмет (1 сезона) Сопруга на Шевкет (2 сезона), Левент Тунџел (3 сезона) и Митхат (4 сезона). |
Фахрие Евџен | Неџла Текин | втората ќерка на Али Риза и Хаирие, сопруга на Џем (1, 3 сезона), љубовница на Огуз (1 сезона), станува депресивна, лута и конфликтна. (4 сезона). |
Толга Карел | Огуз Ајхан | Сопруг на Лејла (1 сезона), љубовник на Неџла и подоцна Лејла, има дете од Џејда- Каан и сеуште неродено од Лејла. |
Џанер Куртаран (1-3 сезона) Хасан Кучукчетин (3-5 сезона) |
Шефкет Текин | Сопруг на Ферхунде (1-2 сезона), единствениот син во семејството Текин. |
Ѓокче Бахадир | Лејла Текин | Ќерка на Али Риза и Хајрие, сопруга на Огуз (1 сезона), подоцна негова љубовница (4 сезона), психички нестабилна во случките од 1 сезона до крајот на втората. |
Седа Демир | Седеф | Ќерка на Нехир, која е вљубена в Шевкет. |
Шебнем Џеџели | Ајше | Најмалото дете во семејството. |
Ахмед Сарачаглу | Тахсин Башсој | Сопруг на Фикрет (2-4 сезона). |
Ѓулер Октен | Џеврие | Свекрва на Фикрет. |
Башак Сајан | Џејда | Сопруга на Јаман (1 сезона), мајка на детето на Огуз. |
Ерен Балкан | Ѓулшен | Најдобрата пријателка на Ферхунде. |
Бедиа Енер | Нехир | Мајка на Седеф, најдобра пријателка на семејството Текин. |