Херман Мелвил: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 53: Ред 53:
На 12 мај, 1985 година, здружението Херман Мелвил од Њујорк се собра на 26та источна улица за да го посвети пресекот на Парк Авенија јужно и 26та улица како плоштад на Херман Мелвил. Ова е улицата каде што Мелвил живеел од 1863 година до 1891 година и каде, меѓу другите дела, ја напишал Били Бад.
На 12 мај, 1985 година, здружението Херман Мелвил од Њујорк се собра на 26та источна улица за да го посвети пресекот на Парк Авенија јужно и 26та улица како плоштад на Херман Мелвил. Ова е улицата каде што Мелвил живеел од 1863 година до 1891 година и каде, меѓу другите дела, ја напишал Били Бад.
Во 2010 беше објавено дека нов вид на изумрен џиновски кит, Livyatan melvillei беше именувам во чест на Мелвил. Палеонтолозите кои го откриле овој фосил се сите обожаватели на Моби Дик и сакале да го посветат ова откритие на Мелвил.
Во 2010 беше објавено дека нов вид на изумрен џиновски кит, Livyatan melvillei беше именувам во чест на Мелвил. Палеонтолозите кои го откриле овој фосил се сите обожаватели на Моби Дик и сакале да го посветат ова откритие на Мелвил.








Преработка од 09:20, 14 јуни 2011

Херман Мелвил (1 aвгуст 1819 – 28 септември 1819) бил американски романописец, писател на кратки приказни, есеист и поет. Тој е најдобро познат по својот роман Моби Дик и постхумната новела Били Бад. Неговите први три книги добија многу современо внимание (првата „Тајпи“, станала бестселер), но по брзото цутење на неговиот литературен успех подоцна во 1840-тите години, неговата популарност драстично опадна во средината на 1850-тите години и никогаш не се врати во текот на неговиот живот. Кога почина во 1891 година, тој беше речиси целосно заборавен. Не пред „Преродбата на Мелвил“ во раниот 20 век неговото дело доби признание, особено Моби Дик кој беше прогласен за едно од книжевните ремек дела на двете американската и светската литература. Тој е првиот писател чиишто дела се собирани и објавени од библиотеката на Америка.

Биографија

Раните години од животот, образование и семејство

Херман Мелвил е роден во Њујорк на 1 август 1819 година, трето од осумте деца на Алан и Марија Гансеворт Мелвил. Откако нејзиниот сопруг Алан починал, Марија додала едно „е“ на фамилијарното презиме. Како дел од добро ситуирано и колоритно семејство од Бостон, таткото на Мелвил поминувал голем дел од времето во странство како провизиски трговец и увозник на француска сува стока. Дедото од татковата страна на авторот, мајорот Томас Мелвил, почесен учесник на бостонската чајанка кој одбил да го промени својот стил на облекување или манири за да одговара на времето, опишан е во поемата „Последниот лист“ на Оливер Вендел Холмс. Херман го посетил во Бостон и го поддржувал неговиот татко во честите периоди на финансиски потреби. Мајчината страна на Мелвил е од холандската Хадсон долина. Неговиот дедо од мајка бил генералот Петер Гансевурт, херој од Битката од Сарагота; во својата позлатена униформа, генералот позирал за портрет насликан од Гилберт Стјуарт, кој е опишан во роман на Мелвил од 1852 година, „Пјер“, во кој што Мелвил пишувал за своето фамилијарно и поморско потекло. Како водечкиот карактер во Пјер, Мелвил пронашол задоволство во неговото „двојно револуционарно потекло“.

Алан Мелвил ги пратил своите синови во њујоршката машка школа. Прекумерно финански и емоционално нестабилен Алан се обидел да се опорави од неговите проблеми со тоа што се преселил со своето семејство во Албани во 1830 година и започнал да работи во бизнисот за крзно. Новата инвестиција, сепак, била неуспешна; војната во 1812 година уништилa бизниси што пробувалe да продаваaт прекуморски и тој бил присилен да прогласи банкрот. Тој починал брзо потоа, оставајќи го своето семејство многу сиромашно, кога Херман имал 12 години. Иако Марија имала добро ситуирани роднини, тие биле загрижени во заштитување на своите наследства и искористување на можностите за инвестирање, наместо на решавање на имотот на мајка им, така што семејството на Марија ќе биде посигурно со помладиот брат на Херман, Томас Мелвил, кој на крајот станал гувернер на морнарското пристаниште Снаг. 

Мелвил ја посетувал академијата во Албани од октомври 1830 година до октомври 1831 година и повторно од октомври 1836 година до март 1837 година, каде што ги студирал класиците.

Почетокот на работниот живот

Скитничкото однесување на Мелвил и желбата да се издржува себеси независно од помошта на семејството го одвеле до тоа да работи како инспектор на Ери каналот. Во овaa рaботa тој не успеал и неговиот брат му помогнал да најде другa како бродски слуга на Њујоршки брод укотвен во Ливерпул. Тој отпатувал и се вратил на истиот брод. Редбурн: Неговото прво патување (1849 година) е делумно базирано на искуствата од ова патување. Трите години по академијата во Албани (1837 година до 1840 година) најмногу се занимавал со настава во училиште, освен патувањето во Ливерпул во 1839 година. Од 1838 година до 1847 година, тој престојувал во тоа што сега е познато како куќата на Херман Мелвил во Лансинбург, Њујорк. При крајот на 1840те години тој повторно одлучил да ги потпише статиите за бродот. На 3 јануари 1841 години тој испловил од Њу Бедфорд, Масачусетс на китоловниот брод Акушнет, кој бил укотвен на Пацификот. Тој подоцна коментирал дека од тој ден му почнал животот. Бродот пловел околу Кејп Хорн и пловел до јужниот Пацифик. Мелвил оставил малку директни информации во врска со настаните на ова 18 месечно крстарење, иако неговата китоловна романса, Моби Дик или Китот, најверојатно дава многу слики од животот на палубата на Акушнет. Мелвил го напуштил Акушнет на островите Маркесас во јули 1842 година. Три недели живеел помеѓу домородците Тајпи, кои биле нарекувани човекојадци од другите две племенски групи на островот – иако кон Мелвил се однесувале многу добро. Тајпи, првиот роман на Мелвил опишува кратка љубовна афера со домородна девојка, Фајавеј, која обично била облечена во „облеката на рајот“ и претставувала невин, благороден дивјак во популарната имагинација. Мелвил се чини дека не бил загрижен за последиците од неговото напуштање на Акушнет. Тој се качил на уште еден китоловен брод укотвен во Хаваи и го напуштил тој брод во Хонолулу. Додека бил во Хонолулу тој станал контраверзна фигура за својата жестока опозиција на активностите на христијанските мисионери кои сакале да го преобратат домородното население. Откако работел четири месеци како службеник, тој се придружил на екипажот на воениот брод УСС Обединети Држави, кој пристигна во Бостон во октомври 1844 година. Овие искуства беа опишани во Тајпи, Ому и Бела-Јакна, кој беа објавени како романи бидејќи малкумина веруваа во нивната вистинитост. Мелвил го завршил романот Тајпи летото 1845 година, иако имал тешкотии да го објави. Подоцна била објавена во 1846 година во Лондон, каде стана бестселер преку ноќ. Бостонскиот издавач подоцна ја прифатил Ому на невидено. Тајпи и Ому преку ноќ го прославија Мелвил како писател и авантурист и тој често ги забавувал неговите обожаватели раскажувајќи им приказни. Како писател и издавач Натаниел Паркер Вилис напишал, „Со неговата цигара и шпански очи, тој збори Тајпи и Ому исто како што ќе го најдете текот на неговиот прекрасен ум на хартија“. Романите, пак, не му овозможиле доволно приходи од авторските права за тој да живее од тоа. Ому не бил колоритен како Тајпи и читателите почнале да сфаќаат дека Мелвил не креаира само авантуристички приказни. Редбурн и Бела-Јакна не наишле на проблеми при издавањето. Марди бил разочарување за читателите кои сакаа уште едно безгрижно и егзотично морско „клопче“.

Брак и подоцнежен работен живот

Мелвил се оженил за Елизабет Шо, ќерка на шефот за правда во Врховниот суд во Масачусетс, Лемјуел Шо, на 4 август 1847 година; двојката отишла на меден месец во Канада. Тие имале четири деца: два сина и две ќерки. Во 1850 години тие ја купиле Ароухед, куќа на фарма во Питсфилд, Масачусетс, што сега е музеј. Тука Мелвил живеел 13 години, зафатен со своето пишување и управување на неговата фарма. Додека живеел во Ароухед, тој се спријателил со авторот, Натаниел Хаторн, кој живеел во близина на Ленокс. Мелвил, интелектуалец осамен во поголемиот дел во неговиот живот, бил неверојатно инспириран и поттикнат од неговото ново пријателство со Хаторн за време на перидот кога ја пишувал Моби Дик (посветувајќи ја на Хаторн), иако нивното пријателство избледело кратко потоа, кога тој ја напишал Пјер таму. Сепак, овие книги не ја постигнале популарноста и критичниот успех од неговите претходни книги. Њујорк Деј Бук на 8-ми септември 1852 година го објавил својот отровен напад на Мелвил и неговото пишување со наслов ХЕРМАН МЕЛВИЛ ЛУД. Членокот понудил како вест приказна која известувала „Критичен пријател, кој ја прочитал последната книга на Мелвил „Недоразбирања“, помеѓу две бродски несреќи, ни кажа дека е составена од бладањата и мечти на еден лудак. Бевме запрепастени на забелешката, но по уште сознанија, неколку дена подоцна, Мелвил навистина бил под стрес и неговите пријатели превземале мерки да го сместат под третман. Се надеваме дека еден од првите третмани ке биде да го задржат строго одделен од пенкало и мастило“. По ова и други строги критики на Пјер од критичари, издавачите почнале да стануваат претпазливи со работата на Мелвил. Неговиот издавач, Харпер и Браќата, го одбиле неговиот следен ракопис, Остров на крстот кој што е изгубен. На 1 април 1857 година, Мелвил го објавил неговиот последен, целосен роман Човекот од доверба. Овој роман, поднасловен „Маскенбал“ е добитник на општи оценки во модерни времиња како комплексно и мистериозно истражување на проблемите на измама и искреност, идентитет и маскирање, но кога бил објавен, добил коментари кои варирале од збунетост до осудување. За да ги поправи своите несигурни финансии, Мелвил го послушал советот од пријателите и решил да се приклучи на она што за другите било профитабилно полето на предавањето. Од 1857 година до 1860 година тој зборувал во лицеуми, првенствено на Јужните мориња. Осврнувајќи се на поезија, тој направил колекција од стихови што не успеал да го заинтересира ниеден издавач. Во 1863 година тој и неговата жена се преселиле со нивните четири деца во Њујорк. По крајот на американската граѓанска војна тој ја објавил Делови од битките и аспекти од војната (1866) колекција од над 70 поеми кои генерално биле игнорирани од критичари, иако некои од нив му дале поволни критики. Во 1866 година жената на Мелвил и нејзините роднини го искористиле нивното влијание да најдат работна позиција за него како царински инспектор за Њујорк (скромно, но добро платено назначување) и тој ја држел таа позиција 19 години. Во озлогласено корумпирана институција, Мелвил наскоро се здобил со репутацијата на еден од најискрените вработени во царинската куќа. (Царинската куќа случајно се наоѓала на улицата Гансеворт, именувана по просперитетното семејство на неговата мајка.) Но во 1866 година неговата професионална кариера во пишување може да се каже дека дошла до крај.

Подоцнежните години

Мелвил поминал години во пишување на епопеја од 16.000 стихови, Кларел, инспирирана од патување во Светата земја. Неговиот чичко, Петер Гансевурт, преку наследство платил за издавањето на масивниот еп во 1876. Но издавањето било огромен неуспех и непродадените копии биле изгорени бидејќи Мелвил не можел да си дозволи да ги откупи по набавна цена. Како што неговата професионална среќа слабеела бракот на Мелвил бил несреќен. Роднините на Елизабет постојано ја наведувале да го остави и да му понуди да го прогласат за луд, но таа одбивала. Во 1867 година неговиот најстар син, Малколм, се самоубил, најверојатно случајно. Додека Мелвил работел, неговата жена успеала да го одвикне од алкохол и тој повеќе не покажувал знаци на вознемиреност и лудило. Но неговата депресија се вратила по смртта на неговиот втор син, Станвикс, во Сан Франциско рано во 1886 година. Мелвил се пензионирал во 1886 година по смртта на неколку роднини на неговата жена што оставиле неколку наследства што г-ѓа Мелвил ги управувала со вештина и среќа. Откако англиските читатели, спроведувајќи го трендот за морски приказни претставени од писатели како Г.А. Хенри, повторно ги открија романите на Мелвил, тој доживеа скромно оживување на неговата популарност во Англија, иако не во САД. За последен пат тој го зема своето пенкало и напиша серија од поеми со прозни белешки инспирирани од неговите претходи искуства на море. Тој ги објави во две збирки, секоја издадена во мала верзија од 15 копии за неговите роднини и пријатели: Џон Мар (1888) и Тимолеон (1891). Една од овие поеми и понатаму го заинтригира и тој почна да ја преработува за да ја претвори прво во кратка приказна, а потоа во новела. Тој работеше повремено на неа во период од неколку години, но кога почина во 1891 година, го остави ова дело незавршено, сè додека книжевниот научник Рејмонд Вивер не ја објави во 1924 година, кога книгата – која сега е позната како Били Бад, морнар – се обелодени. Мелвил почина во својот дом во Њујорк рано наутро на 28-ми септември 1891 година на 72-годишна возраст. Докторот навел „срцево проширување“ како причина за смртта. Тој беше погребан на Вудлоун гробиштата во Бронкс, Њујорк. Честа приказна вели дека на неговата посмртница во „Њујорк тајмс“ пишувало Хенри Мелвил, што наведува на тоа дека тој бил непознат и неценет во времето на својата смрт, но оваа приказна не е точна. На околу 33-годишна возраст, Мелвил престанал да биде популарен пред голема публика поради неговата зголемена филозофска, политичка и експериментална тенденција. Неговата новела Били Бад, морнар необјавена во времето на неговата смрт, била објавена во 1924 година. Потоа беше претворена во опера од Бенџамин Бритен, драма и филм од Петер Устинов. Во Религиозното патување на Херман Мелвил, Болтер Доналд Кинг детално ги претставил откритијата од писмата кои покажуват дека Мелвил бил член на Унитарната црква на сите души во Њујорк. Сè до ова откритие малку се знаеше за неговите верска припадност. Хершел Паркер во вториот том од неговата биографија јасно искажува дека Мелвил станал номинален член само за да ја смири својата жена. Мелвил го презирал унитаризмот и неговото поврзано „изм“ утилитаризмот (Големите англиски унитаристи биле утилитаристи).

Изданија и современи реакции

Повеќето на романите на Мелвил биле прво издадени во Велика Британија и потоа во САД. Некогаш изданијата содржеле значителни разлики; во други случаи различни печатењабиле или бодлеризирани или обновени до нивото пред бодлеризирвање. Моби Дик или Китот станала една од најпознатите дела на Мелвил и често е сметана за едно од од најдобрите книжевни дела на сите времиња. Посветена е на пријателот на Мелвил, Натаниел Хоторн. Сепак не го направилa Мелвил богат. Никогаш не беа продадени првите 3000 копии во неговиот живот и целосната заработка од американската верзија изнесуваат само 556.37 долари од неговиот издавач. Мелвил исто така ги напиша Били Бад, Бела –Јакна, Израел Потер, Редбурн, Тајпи, Ому, Пјер, Човекот од доверба и многу кратки приказни вклучувајќи ги „Бартелби, писарот: приказна од Вол Стрит“ и „Бенито Серено“ и дела од различни жанрови. Мелвил е помалку познат како поет и нема објавено се до подоцна во неговиот живот. По граѓанската војна, тој ја објавил Делови од битките и аспекти од војната, која што не се продала добро; од 1200 копиите на Харпер и Брос. само 525 биле продадени десет години подоцна. Повторно со желба да ги задоволи вкусот на читателите, епот на Мелвил со раскажувачки стих Кларел, во кој се работи за аџилак на еден студент во Светата земја, исто така бил нејасен, дури и во негово време. Една од најдолгите поеми во американската литература, Кларел, објавена во 1876 година, имаше почетно печатење од само 350 копии. Критичарот Левис Мумфорд нашол копија од поемата во Њујоршката јавна библиотека во 1925 години „со неисечени страници“ – со други зборови, седела таму непрочитана 50 години. Неговата поезија не е толку високо критички почитувана колку неговата проза, иако некои критичари го сметаат за прв модернистички поет во САД; други тврдат дека неговите дела силно сугерираат на она што денес е постмодернистички поглед. Водечки шампион во тврдењето дека Мелвил е голем американски поет беше поетот и романописецот Роберт Пен Варен, кој објави избор на поезија на кој и претходеше еден восхитувачки и акутно критичен есеј.

Критичен одговор

Современа критика

Мелвил не беше финансиски успешен како писател, заработувајќи нешто повеќе од 10.000 долари за неговото пишување за време на неговиот живот. По успехот од патописите базирани на патувањата на Јужните мориња и приказни базирани на несреќни авантури во поморската трговија и морнарица, популарноста на Мелвил драстично се намалила. До 1876 година сите негови книги биле излезени од печат. Во подоцнежните години од неговиот живот и за време на годините по неговата смрт тој беше препознаен, ако воопшто, само како мала фигура во американската литература.

Преродбата на Мелвил

Вкрстувањето на издавачките настани во 1920-те години доведе до преоценување кое сега најчесто се нарекува "Преродбата на Мелвил". Две книги општо сметани за најважни во преродбата беа биографијата на Рејмонд Вивер од 1921 година Херман Мелвил: човек, морнар и мистик и неговото издание од 1924 година на последниот важен, но никогаш недовршен ракопис на Мелвил, Били Бад, кое што праправнуката на Мелвил му го дала на Вивер кога тој ја посетил за истражување за биографијата. Други дела што им помогнаа на преродбените пламени да се разгорат беше Американскиот роман на Карл Ван Дорен (1921), Студии во класичната американска литература на Д.Х. Лоренс (1923) и биографијата на Луис Мумфорд Херман Мелвил: Студија за неговиот живот и визија (1929). Во 1945 година, Мелвил општеството беше формирано како непрофитна организација посветена на славењето на литературното наследство на Мелвил. Џеј Лејда, подобро познат за својата работа во филмови, потрошил повеќе од една деценија собирјќи документи и записи од ден за ден за Мелвиловиот трупец (1951). Во истата година Њутон Арвин ја објавил критичката биографија Херман Мелвил, која ја доби наградата Национална книга. Во 1960-тите години, Северозападниот универзитетски прес во соработка со библиотеката Њубери и здружението за модерен јазик овозможило тек на објавувања на различни наслови од Мелвил. Ова здружение требало да создаде „дефинитивно“ издание на делата на Мелвил. Наслови повторно објавени од страна на библиотеката на Њубери и здружението за модерен јазик ги вклучуваат Тајпи, Приказни од Пјаца и други прозни дела, Ому, Израел Потер, Пјер, Човек од доверба, Бела јакна или Светот во човек на војна, Моби Дик, Марди и патување Титер, Редбурн, Кларел, а исто така и неколку тома на поеми од Мелвил, дневници и преписки.

Теми за полот и сексуалноста

Иако не како примарен фокус на Мелвиловата стипендија се појавува поголем интерес за улогата на полот и сексуалноста во некои од делата на Мелвил. Некои критичари, особено оние заинтересирани за родовите студии, ја имаат истражувано појавата на машко-доминантните социјални структури во прозата на Мелвил. На пример, Алвин Сандберг тврдел дека кратката приказна „Рајот на ергените и тартар од слугинки“ нуди „истражување на импотенција, приказ на еден човек што од целосно се повлекува од машкото детство за да избегне соочување со сексуална машкост“ во којашто нараторот се ангажира што се вклучува во „соодветна“ дигресија на хетерогеност. Во согласност со овој став Варен Розенберг тврди дека „Рајот на ергените“ е покажана како „површна и стерилна“. Дејвид Харли Серлин забележува во втората половина на диптихот на Мелвил „Тартарот од слугинки“ раскажувачот дава глас на обесправени жени што тој ги забележува: „Како што и друго начници забележале, сликата на „роб“ овде има две очигледни значења. Еднота ја опишува експлоатацијата на физичкиот труд на жените,а другото ја опишува експлоатацијата на репродуктивните органи кај жените. Секако, како примери за репресија на жените, двете се јасно испреплетени.“ На крајот раскажувачот не е целосно способен да излезе на крај со женските и машките модалитети. Проблемите со сексуалноста се забележани исто така и во други дела. Розенберг забележува дека Таџи во „Марди“ и протагонистот во „Пјер“ „мислат дека тие ги спасуваат младите „слугинки во неволја“ (Јила и Изабел) од најчисти причини, но двајцата се исто така свесни за скриениот сексуален мотив“. Кога Таџи ќе го убие стариот свештеник држејќи ја Јила во заробеништво, тој вели: „каењето тешко ме порази, и како молња се прашував дали смртното дело што го сторив беше со доблесни мотиви, спасувањето на заробеник од роб или дали под преправањето јас сум се вмешал во оваа фатална кавга за некои други себични цели, дружењето со прекрасна слугинка“. Во „Пјер“ мотивот за неговото жртвување за Изабел е признаено: „убавината на жената, а не грдотијата го поканила да го води правото“. Розенберг тврди дека „оваа свесност за двојниот мотив ги прогонува двете книги и на крајот ги уништува нивните протагонисти кои целосно не ја признаваат темната страна на нивниот идеализам. Епистемолошката потрага по трансценденталната потрага по љубов и верба се извалкани од еротиката“.

Мелвил целосно ја истражува темата на сексуалноста во неговото големо поетско дело „Кларел“. Кога раскажувачот е разделен од Рут, во која што тој е заљубен, тој слободно истражува други сексулани (и религиозни) можности пред да одлучи на крајот на поемата да учестувува во ритуалистички ред на претставници на бракот. Во текот на поемата „тој го смета секој облик на сексуална ориентација - целибатот, хомосексуалноста, хедонизамот и хетеросексуалноста – подигајќи го истиот вид на прашања кога се работи за исламот или демократијата“ Некои пасуси и делови од делата на Мелвил ја покажуваат неговата подготвеност да ги опфати сите форми на сексуалноста, вклучувајќи ја и хомоеротиката, во неговите дела. Најчесто дадени примери од Моби Дик е интерпретацијата на машкото поврзување или како што е наречена „брачна постела“ епизодата која ги вклучува Ишмаел и Кјукег и „Стисокот на раката“ поглавјето што го опишува другарството на морнарите при вадењето спермацети од мртов кит. Физичката привлечност на Били Бад е опишана во квази-женски услови: „Како убавиот морнар, позицијата на Били Бад е нешто аналогно на онаа на селски убавина пресадена од провинцијата и донесе во конкуренција со благородните дами од судот“. Некои критичари тврдат дека „потрагата на Ахаб на китот, која што може да се поврзе со женственоста на неговата форма, мистерија и неговата природност, претставува крајна спојување на епистемолошката и сексуалната потрага”.

Право и литература

Во последните години Били Бад стана централен текст во полето на правните научници, познато како право и литература. Во романот, Били, убав и популарен млад морнар, импресиониран од трговски брод Права на човекот што служи на палубата Х.М.С. Белипотент во доцните 1790-ти години, за време на војната помеѓу револуционарната Франција и Велика Британија и нејзините монаршки сојузници, го зголемува непријателството и омразата на капетанот на бродот, Џон Клагарт. Клагарт крои лажна пријава на бунт и други злосторства за да се израмни со Били и чесниот капетан Едвард Феирвакс Вере организира неформална расправа на која што Били грчевито го напаѓа Клагарт затоа што неговто пелтечење го спречува да говори. Вере веднаш го повикува воениот суд, на којшто служи како единствен сведок и како de facto бранител на Били, Вере повикува судот да го осуди Били на смртна казна. Судењето се спомнува во поглавјето 21, најдолгото поглавје во книгата, и судењето станало фокус на научни контроверзии: дали капетанот Вере бил добар човек заробен од лошите закони или дали тој намерно го наруши и погрешно го претстави законот за да може да го осуди Били на смрт?

Наследство

На 12 мај, 1985 година, здружението Херман Мелвил од Њујорк се собра на 26та источна улица за да го посвети пресекот на Парк Авенија јужно и 26та улица како плоштад на Херман Мелвил. Ова е улицата каде што Мелвил живеел од 1863 година до 1891 година и каде, меѓу другите дела, ја напишал Били Бад. Во 2010 беше објавено дека нов вид на изумрен џиновски кит, Livyatan melvillei беше именувам во чест на Мелвил. Палеонтолозите кои го откриле овој фосил се сите обожаватели на Моби Дик и сакале да го посветат ова откритие на Мелвил.