Разлика помеѓу преработките на „Магарешки атентати“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 1.812 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
 
Според извештајот на епископскиот викар од Штип, ''по овој несакан инцидент, целата муслиманска популација, разлутена до краен степен, се нафрли врз невините христијани''. Голема толпа Турци, меѓу кои имало војници, полицајци и други државни службеници, вооружени со ножеви, пушки, револвери, секири, палки, чекани и др. удриле врз христијанското население дојдено да пазарува, со повиците ''Убијте ги каурите''. Во рок од половина час голем број христијани биле убиени и повредени. Во тој прв налет биле убиени 17 луѓе на лице место, тешко повредиле неколку десетици, а полесно околу 150. Вкупниот број изнесувал 302. Тројца од повредените починале подоцна од добиените повреди.
 
Во целиот настан најповеќе настрадале жителите на Штип кои биле целосно невини за какво било учество или согласност со злосторството, ''туку тоа било инспирирано многу повеќе од желбата да бидат казнети како и да доведе до инцидент''. Лем наведува дека по шокантното ''убиство на шест муслимани близу Килисели, и правните последици и други процеси во Штип, ...минатата година, видните лица од овој град решиле целосно да ги прекинат врските со организацијата на Тодор Александров, одбивајќи дури да даваат придонеси, како порано, во неговите фондови или да ги примаат и разнесуваат неговите емисари кога тие го посетуваат градот''. После тоа, Александров ја објавил својата намера ''да им го доведе умот''.
 
Експлозијата од 4 декември 1911 година била дизајнирана на таков начин што послужила на целта за казнување на градските луѓе за нивната ''непокорност''. Истовремено со експлозијата и со очекуваните последици од неа, се сакало да се вознемири и пробуди европското јавно мислење против Турците.
 
== Извори ==

Прегледник