Балкански сојуз: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с r2.7.1) (Бот Додава: hr:Balkanski savez
Ред 35: Ред 35:
[[de:Balkanbund]]
[[de:Balkanbund]]
[[en:Balkan League]]
[[en:Balkan League]]
[[eo:Balkana Ligo]]
[[es:Liga Balcánica]]
[[es:Liga Balcánica]]
[[eo:Balkana Ligo]]
[[fr:Ligue balkanique]]
[[fr:Ligue balkanique]]
[[gl:Liga Balcánica]]
[[gl:Liga Balcánica]]
[[hr:Balkanski savez]]
[[he:הליגה הבלקנית (ברית)]]
[[hu:Balkán-szövetség]]
[[id:Liga Balkan]]
[[id:Liga Balkan]]
[[os:Балкайнаг цæдис]]
[[it:Lega Balcanica]]
[[it:Lega Balcanica]]
[[he:הליגה הבלקנית (ברית)]]
[[hu:Balkán-szövetség]]
[[ja:バルカン同盟]]
[[ja:バルカン同盟]]
[[no:Balkanligaen]]
[[no:Balkanligaen]]
[[os:Балкайнаг цæдис]]
[[pl:Liga Bałkańska]]
[[pl:Liga Bałkańska]]
[[pt:Liga Balcânica]]
[[pt:Liga Balcânica]]

Преработка од 13:06, 4 јуни 2011


Балканскиот сојуз е сојуз помеѓу Србија, Бугарија, Грција и Црна Гора насочен против Османлиската Империја. Балканскиот сојуз е едната од страните која ја води Првата балканска војна. Судирот на сојузниците, по војната води до Меѓусојузничката војна.

Мотивите за создавање Балкански сојуз е поделбата на Османлиското наследство во Европа, а непосреден повод била Италијанско-турската војна во 1911 година, бидејќи Османлиската Империја била зафатена на друго место.

Преговорите за создавање на Балканскиот сојуз започнале есента 1911 година. Особено компликувани биле преговорите меѓу Србија и Бугарија, и тоа поради несогласувањата околу поделбата на Македонија. Под силен притисок на Русија двете страни биле принудени на разни отстапувања. За да започнат преговорите услов било Бугарија да се откаже од прелиминарниот Санстефански договор и на Србија да и го признае правото на дел од Македонија.

Според бугарската влада, потпишувањето на спогодбата било забрзано од следните причини: таа сметала дека Младотурците ќе го истребат бугарското население во Тракија и во Македонија; дека руско-турските преговори ќе овозможат користење на Босфорот и на Дарданелите на руската флота, со што ќе ја загуби Русија како заштитник на бугарските интереси во случај на војна со Турција, дека врз основа на спогодба меѓу Австро-Унгарија и Романија ќе се овозможи проширување на Романија на бугарска територија и дека Турција ќе отпочне превентивна војна против Бугарија. Сите овие стравови биле оправдани.

Српската влада имала сопствени причини да го забрза потпишувањето на спогодбата со Бугарија. По избувнувањето на Италијанско-турската војна, српската влада веднаш испратила доверлив допис во Петроград, во Лондон и во Париз, обрнувајќи и внимание на тројната Антанта на последиците што Италијанско-турската војна, веројатно, ќе ги предизвика на Балканот, напоменувајќи притоа дека најдобар начин за зачувување на интересите на балканските народи ќе биде создавањето сојуз меѓу балканските држави.

Грција не го очекувала решението на македонското прашање од Големите сили, меѓутоа во согласност со дотогашната поддршка на грчката политика, особено од Англија, очекувала да го оствари своето територијално проширување на територијата на Македонија. Поради тоа била солидарна со другите балкански држави за создавање балкански сојуз.

Црна Гора се солидаризирала со Србија, а своите територијални претензии ги насочувала кон Скадар и кон Албанија.

Видете исто така

Надворешни врски


Предлошка:Никулец од областа на историјата