Алтернативен рок: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Одземени 185 бајти ,  пред 11 година
нема опис на уредувањето
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
[[Категорија:Алтернативна музика]]
[[Категорија:Жанрови на рок музика]]
 
== Алтернативен рок ==
 
Алтернативен рок( исто така наречен и алтернативна музика, алт-рок или едноставно алтернатива) е жанр на рок музиката што се појавува во 1980-тите години и станува многу популарен во 1990-тите. Алтернативниот рок се состои од различни поджанрови кои потекнуваат од независната музичка сцена уште од 1980-тите години, како што се гранџ, бритпоп, готик рок, инди поп, и инди рок. Овие жанрови се обединети од страна на нивните колективи, кои се должат пак, на стилот на панк рокот, кој ги поставил темелите за алтернативната музика во 1970-тите. Понекогаш алтернативниот рок се користи како сеопфатна фраза за рок музиката од андерграунд уметниците во 1980-тите, и за сите други музички праваци кои потекнуваат од панк-рок (вклучувајќи го и самиот панк како правец,т.н.new wave музички стил и пост-панкот).
Иако неколку бендови како R.E.M. и The Cure постигнаа комерцијален успех и станаа светски признаени музички бендови, многу други алтернативни рок-музичари во текот на 1980-тите години култни со делата кои ги снимија со независни етикети и добија нивната изложеност преку колеџ радијата. Со пробивот на Нирвана и популарноста на гранџот и бритпопот како правци во текот на 1990-тите, алтернативниот рок се здоби со значајно место во музичкиот свет и многу бендови стекна значајна популарност.
 
Содржина
 
=== 1.Алтернативен рок како термин ===
 
Пред терминот алтернативен рок да започне секојдневно да се употребува околу 1990 година, видот на музиката за кој денешниот термин се однесува бил познат под различни термини. Во 1979 година, Terry Tolkin го користел терминот алтернативна музика за да ги опише групите за кои тој пишувал во неговите статии. Колеџ рок се користел во САД за да се опише музиката во текот на 1980-тите години поради врските со колеџ радијата и музичките вкусови на студентите. Во Обединетото Кралство,пак, неколку т.н. DIY (Do it yourself -направете го тоа сами) дискографски куќи се обединиле поради појавата на панкот како субкултура.
Дефинирање на музиката како алтернатива, многу често е тежок чекор, бидејќи во овој збор има две спротивставени значења. Алтернативата може да ја опише музиката што го предизвикува статус кво-то или како "жесток иконоборец, антикомерцијална, и антимејнстрим", но терминот исто така се користи и во музичката индустрија за да се означат можностите достапни на потрошувачите преку продавниците, радиото, кабловската телевизија, и на интернетот. Користејќи далеку поширока дефиниција на жанрот, Дејв Томпсон во својата книга Alternative Rock го наведува формирањето на Sex Pistols и објавувањето на албумите Horses од Patti Smith и Metal Machine Music од Lou Reed како трите клучните настани кој што го основале алтернативниот рок.
 
=== 2.Карактеристики ===
 
Името "алтернативен рок" во суштина служи како т.н umbrella term, што би значело дека е сеопфатен збор за опис на андерграунд музиката, кој потекнал од панк рокот во средината на 1980-тите. Во својата историја, алтернативниот рок во голема мера се дефинира како музика која не ја прифаќа комерцијалноста на мејнстрим културата. Алтернативните бендови во текот на 1980-тите години главно имале настапи во мали клубови, снимени за инди дискографски куќи.
Овој пристап кон пишување на текстови со оваа тематика, се развил како рефлексија на социјаните и економските стеги во САД и Велика Британија во текот на 1980-тите и раните 90-ти.
 
=== 3.Историја ===
====Алтернативен рок во 1980-тите ====
 
До 1989 година жанрот стана толку популарен што беше изведена заедничка турнеја на New Order, Public Image Limited и The Sugarcubes низ цела Америка.
 
===== 3.1.1. Американски андерграунд во 1980-тите =====
Првите американски алтернативни бендови како R.E.M., The Feelies, и Violent Femmes го комбинираа влијанието на панкот со фолк музиката и популарните музички правци во тоа време. R.E.M инстантно доживеа успех со нивниот деби албум Murmur (1983), кој успеа да влезе на Топ 40 листата, и да си создаде свои џангл поп обожаватели.
До крајот на деценијата, голем број на алтернативни бендови започнаа да потпишуваат договори со големи дискографски куќи. Иако на почетокот, бендовите кои меѓу првите потпишаа вакви договори, како Hüsker Dü и The Replacements, немаа голем успех, подоцна, некои од нив како R.E.M и Jane's Addiction остварија златни и платинумски плочи,и на тој начин ја отворија сцената за пробив на алтернативата на светската музичка сцена.Бендот Pixies, беше еден од оние бендови кој што имаше огромен успех, надвор од Америка, а на домашниот пазар беше комплетно игнориран
===== 3.1.2. Британски жанрови и трендови во 1980-тите =====
 
Готскиот рок се развива во доцните 70-ти години и потекнува од Британскиот пост-панк. Со репутација на "најтемната форма во андерграунд рокот", во готскиот рок се користи синтисајзер и гитарски звуци базирани на пост-панк звуците, кои имаат за цел да репродуцираат тага, жал и епски звуци.Исто така текстовите најчесто се обраќаат на романтизмот, морбидноста, религиозниот симболизам и надприродниот мистицизам.
Во текот на 1980-тите години, во Велика Британија започнаа да се развиваат и други форми на алтернативен рок,почнувајќи од звуците на бедовите The Jesus and Mary Chain , во комбинација со меланхоличниот звук на Velvet Underground ,поп мелодиите на Beach Boys, па и некои експерименти на техно и хаус од страна на бендот Joy Division.
 
==== 3.2 Популаризација во 1990-тите ====
 
Се до почетокот на 1990-тите години, музичката индустрија беше заведена од комерцијалните можности на алтернативниот рок и големината на бендовите како Jane's Addiction, Dinosaur Jr, Faith No More, Firehose, и Nirvana. Особено за пример, беше земан успехот на R.E.M., кој во текот на 1990-тите беше еден од најпопуларните бендови во светот.
Сепак, многу алтернативни рок уметници го отфрлија успехот, во знак на протест.
 
===== 3.2.1 Експлозија на гранџот =====
 
И други гранџ бендови последователно го реплицира успехот на Нирвана. Pearl Jam го објави својот деби-албум Ten, еден месец пред Nevermind во 1991 година, но продажбите на албумот го зедоа својот замав дури една година подоцна. До втората половина на 1992 година Ten оствари голем успех, и стана број 2 на Billboard 200 листата.
Pearl Jam, исто така, продолжи да се претставува комерцијално и со својот втор албум, Vs. (1993 година), кој се најде на врвот на Билборд топ листите со продажба од рекордни 950.378 копии во првата недела на продажба.
 
===== 3.2.2. Бритпоп =====
Популарниот гранџ од Америка, започна да доминира и на британската сцена во раните 1990–ти години. Како реакција, многу британски бендови “сакаа да се ослободат од овој тренд и да и објават војна на Америка”, а за тоа го искористија домашниот музички печат. Ова движење беше наречено Бритпоп од страна на медиумите. Предводници на ваквото движење беа Blur, Oasis, Suede, и Pulp. Тие всушост беа еквивалент на американската гранџ експлозија. Бритпоп бендовите беа под вилијание на британската гитарска музика од минатото, особено движења и жанрови како British Invasion, глам рок и панк рок.
Во 1995 година, феноменот Бритпоп кулминираше со ривалството помеѓу фронтмените на двата бенда, Oasis и Blur, симболизиран со издавање на синглови во ист ден. Во “Битката на Бритпопот” победи Blur, но Oasis наскоро го надмина успехот на својот ривал, со нивниот втор албум What's the Story) Morning Glory? од 1995 година, кој стана третиот најпродаван албум во британската историја.
 
===== 3.2.3. Останати трендови =====
 
Во текот на втората половина на 1990-тите, гранџот беше заменет со пост-гранџ. Набргу се појавија пост-гранџ бендови како што се Candlebox и Bush.На овие уметници им недостигаа корените на гранџот и беа под големо влијание на “многу популатна форма на хард рок”. Пост-гранџот беше повеќе комерцијално остварлив жанр со дисторзирани гитари и полирана радио продукција.
После скоро една деценија, станаа популарни и “подземните” ска настапи. Во 1996 година во САД, бендовите Mighty Mighty Bosstones, No Doubt, Goldfinger, Reel Big Fish, Less Than Jake и Save Ferris добија голема радио-популарност.
 
===== 3.2.4 Пад на трендот =====
 
До крајот на оваа деценија, трендот на популарноста на алтернативниот рок започна да оди во надолна линија. Ова се должеше на неколку клучни настани, првенствено смртта на фронтменот на групата Nirvana, Kurt Cobain во 1994-та година, а потоа и тужбата на Pearl Jam против сајтот за продажба на билети Ticketmaster, кој пак предизвика групата да не настапува на многу големи настапи низ Америка. За падот на гранџот допринесоа и британските бендови, односно третиот избледен и неуспешен албум на Oasis, Be Here Now и лошите критики за Blur.
 
 
==== 3.3 Алтернативен рок во 21-виот век ====
Alex Kapranos од пост-панк групата Franz Ferdinand
50

уредувања

Прегледник