Алберт Сониксен: Разлика помеѓу преработките

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Додадени 929 бајти ,  пред 11 година
По [[Илинденското востание]] се заинтересиранал за народоослободителната борба на [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]] во [[Отоманската империја]]. Се поврзал со македонските емигранти во [[САД]] и како секретар на Македонскиот комитет во [[Њујорк]] одлучил да ја посети [[Македонија]].
 
Во периодот помеѓу 1904-1906 комуницирал исклучиво со револуционери од [[Македонска револуционерна организација|Македонската револуционерна организација]], од февруари до ноември 1906 ја обиколувал Македонија со организациски чети како дописник на англиски и американски весници. Имал средби со: [[Лука Иванов]], [[Апостол Петков]], [[Сава Михајлов]], [[Георги Сугарев]] и [[Даме Груев]]. Станал сведок на нападите извршени од страна на грчките андартски чети во текот на [[Борба за Македонија|грчката вооружена пропаганда во Македонија]], а во 1907 година по враќањето во Америка продолжил да ја брани каузата на македонските револуционери. Во 1909 година ги објавил своите спомени од престојот во [[Ениџевардарско езеро|Ениџевардарското езеро]] и [[Битола]] во книгата "Исповедта[[Исповед на еден македонски четник]]".
 
Во 1911 година, Алберт Сониксен бил претставник на [[ВМРО (Автономистичка)|ВМРО]] во [[САД]], заедно со Ичко Димитров прават неуспешен обид да набават митралези за внатрешноста на Македонија <ref>[http://bgarmy.eamci.bg/Scripts/isapiVWB.dll/theme?THEMEID=87919 Искрен Азманов. „Солунският революционен комитет“, вестник „Българска армия“]</ref>. Кон крајот на [[Првата светска војна]], Алберт Сониксон бил поканет од владата на [[САД]] да напише извештај за македонското население. По војната продолжил да се интересира за судбината на Македонија.
 
== Извори ==

Прегледник