Финска православна црква: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 28: Ред 28:
== Наводи ==
== Наводи ==
{{наводи}}
{{наводи}}
{{Европа по тема|Православие во}}

[[Категорија:Православни цркви]]
[[Категорија:Православни цркви]]
[[Категорија:Христијанство во Финска]]
[[Категорија:Христијанство во Финска]]

Преработка од 14:17, 29 мај 2011

Финска Православна црква

Успенска катедрала
Основач Николај II во 1892
Независност 1917
Признавање Автономна црква од 1923 година дадена од Цариградската патријаршија
Поглавар Архиепископ на Карелија и на цела Финска, Лав
Седиште Куопио, Финска
Територија Финска
Власт Естонија
Јазик фински, шведски, руски, грчки
Верници 58 000[1]
Портал Finnish Orthodox Church

Финската Православна црква (фински: Suomen ortodoksinen kirkko) е автономна црква под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Христијанството во денешна Финска пристигнало преку Новгород, преку православните трговци и монаси, уште кон почетокот на 12 век. Во почетокот, православието било претставувано преку малите манастири. На езерото Ладог бил основан Валамскиот манастир. Во следните векови, христијанството било целосно проширено. Во времето кога Финска била зазедена од страна на Шведска, дел од православното населениое побегнало во Русија, а дел од нив го прифатило Лутеранството. Во времето на Петар Велики, во земјата започнал нов период од историјата на православието. Валамскиот манастир бил повторно обновен, заедно со десетици други манастири.

Кон почетокот на 19 век, по Руско-шведската војна, помеѓу Шведска и Русија бил склучен договор според кој сферата на влијание на земјата била разделена на два дела. Старите шведски поседи припаднале на Русија. Како резултат од тие промени, бројот на православното население во земјата значително се зголемил. Голем број на православни верници биле населени на овие простори. Црковната управа во Финска била извршувана од страна на митрополитот во Санкт Петерсбург. Во 1892 година била основена самостојна епархија во Виборг.

По Октомвриската револуција, Финска добила независност. Во независната држава, православната црква добила статус на државна религија, заедно со лутеранската црква. Во 1921 година, московскиот патријарх Тихон и доделил статус на автономна црква. Согледувајќи го хаосот кој се вршел над Руската Православна црква во Русија, Финската црква се обратила кон Цариградската патријаршија со молба за признавање. Така, на 6 јули 1923 година, Финската Православна црква добила статус на автономна црква со ранг на архиепископија под јурисдикција на Цариградската патријаршија.

Главното седиште на православните христијани било во Карелија. По крајот на Втората светска војна, населението се раселило по целата земја, и со ова биле основани нови парохии. Во 1950 година биле основени две епархии, кои ја опфаќале целат земја. За централниот дел од земјата била основена Карелска епархија, а за јужниот, Хелсиншка епархија.

Денеска, црквата има ранг на автономна во рамките на Цариградската патријаршија. На чело на црквата се наоѓа архиепископот карелски и на сите Финци, Лав. Црквата денеска има три епархии, 24 парохии и два манасдтира. Црквата го користи грегоријанскиот календар.

Наводи