Кога лисјата паѓаат (ТВ серија): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: en:Yaprak Dökümü (TV series)
с r2.7.1) (Бот Додава: fa:برگ ریزان
Ред 83: Ред 83:
[[bg:Листопад (сериал)]]
[[bg:Листопад (сериал)]]
[[en:Yaprak Dökümü (TV series)]]
[[en:Yaprak Dökümü (TV series)]]
[[fa:برگ ریزان]]
[[sr:Кад лишће пада (серија)]]
[[sr:Кад лишће пада (серија)]]
[[tr:Yaprak Dökümü (dizi, 2006)]]
[[tr:Yaprak Dökümü (dizi, 2006)]]

Преработка од 16:35, 26 мај 2011

„Кога лисјата паѓаат“ (турски: Yaprak Dökümü) е турска драмска телевизиска серија. Сценариото е земено од истоимениотроман од 1930 г. на турскиот белетрист и драматург Решат Нури (1889-1956).

Приказна

„Кога лисјата паѓаат“ е приказна за семејството на Али Риза (Халил Ерѓун) и на неговата жена Хајрије (Ѓувен Хокна), кои своите деца ѓи воспитуваат со висока морална свест и силни чувства за семејните врски. Кога семејството ќе се пресели од родното гратче во големиот Истанбул за да нивната ќерка Неџла (Фахрије Евџен) студира на универзитетот, тие ќе се соочаат со многу промени во животот. Модерниот свет и економската нестабилност на животот во големиот град се заканите со кои ќе се соочи ова семејство. Семејството на Али Риза, преку кое се разгледува прашањето за силните семејни врски во модерниот начин на живот е под постојана опасност од распаѓање. Во главните улоги настапуваа одличните турски актери Халил Ерѓун, Ѓувен Хокна, Бену Јилдиримлар, Џанер Куртаран, Фахрије Евџен, Дениз Чакар и Ѓокче Бахадир. Режисер на оваа серија, која во моментов е најпопуларна во Македонија, е Месуде Ераслан..

Улоги

Актер/Актерка Улога Опис на улогата
Халил Ерѓун Али Риза Текин Главата на семејството, женет за Хајрие. Има 5 деца.
Ѓувен Хокна Хајрие Текин Сопруга на Али Риза.
Бену Јилдиримлар Фикрет Текин Најголемото дете во семејството Текин, гордостта на неговиот татко, сопруга на Тахсин, маќеа на трите негови деца и мајка на Умут.
Дениз Чакар Ферхунде Кара Сопруга на Исмет (1 сезона) Сопруга на Шевкет (2 сезона), Левент Тунџел (3 сезона) и Митхат (4 сезона).
Фахрије Евџен Неџла Текин втората ќерка на Али Риза и Хаирие, сопруга на Џем (1, 3 сезона), љубовница на Огуз (1 сезона), станува депресивна, лута и конфликтна. (4 сезона).
Толга Карел Огуз Ајхан Сопруг на Лејла (1 сезона), љубовник на Неџла и подоцна Лејла, има дете од Џејда- Каан и сеуште неродено од Лејла.
Џанер Куртаран (1-3 сезона)
Хасан Кучукчетин (3-5 сезона)
Шевкет Текин Сопруг на Ферхунде (1-2 сезона), единствениот син во семејството Текин.
Ѓокче Бахадир Лејла Текин Ќерка на Али Риза и Хајрие, сопруга на Огуз (1 сезона), подоцна негова љубовница (4 сезона), психички нестабилна во случките од 1 сезона до крајот на втората.
Седа Демир Седеф Ќерка на Нехир, која е вљубена в Шевкет.
Шебнем Џеџели Ајше Најмалото дете во семејството.
Ахмед Сарачаглу Тахсин Башсој Сопруг на Фикрет (2-4 сезона).
Ѓулер Октен Џеврие Свекрва на Фикрет.
Башак Сајан Џејда Сопруга на Јаман (1 сезона), мајка на детето на Огуз.
Ерен Балкан Ѓулшен Најдобрата пријателка на Ферхунде.
Бедиа Енер Нехир Мајка на Седеф, најдобра пријателка на семејството Текин.

Надворешни врски