Реквием за еден сон: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.7.1) (Бот Додава: no:Requiem for a Dream
с r2.7.1) (Бот Додава: et:Reekviem unistusele
Ред 29: Ред 29:
[[da:Requiem for a Dream]]
[[da:Requiem for a Dream]]
[[de:Requiem for a Dream]]
[[de:Requiem for a Dream]]
[[et:Reekviem unistusele]]
[[el:Ρέκβιεμ για ένα όνειρο]]
[[el:Ρέκβιεμ για ένα όνειρο]]
[[en:Requiem for a Dream]]
[[en:Requiem for a Dream]]

Преработка од 14:49, 10 мај 2011

Реквием за еден сон е роман напишан од Хуберт Селби Помладиот и најпрво публикувана во 1978.

Оваа новела е адаптирана во филм во 2000 година, режиран од Дарен Аронофски. Во него играат Елен Бурстин, Џеред Лето, Џенифер Конели и Марлон Вајанс, а самиот Хуберт Селби има улога како затворски стражар. Елен Бурстин беше номинирана за Академската Награда за најдобра актерка во 2000 за нејзината улога во овој филм.

Во филмот се зборува за различните форми на зависност, кои водат до затвореност во еден свет на соништата, кој е различен од реалноста.

Музиката во филмот е компонирана од Клинт Мансел и ја изведува Кронос Квартетот.

Накратко за содржината

Откако вдовицата Сара Голдфарб добива анонимен телефонски повик преку кој е повикана да учествува во телевизиски квиз, таа се согласува и решава да биде облечена во нејзиниот величествен црвен фустан, кој го носела и на матурата на својот син. Меѓутоа, со текот на годините таа се здебелила, што ја спречува во нејзината намера. За да ослаби побрзо, таа се обраќа на лекар којшто и препишува апчиња (амфетамини) од кои таа подоцна станува зависна. Тоа е главната причина за нејзините халуцинации и бегање од реалниот свет во светот на соништата.

Синот на Сара Голдфарб, пак, Хари Голдфарб е дилер и нарко-зависник од хероин. На тој начин тој мисли дека ќе си осигура подобар живот, како за него, така и за неговата девојка - Мерион Силвер, исто така зависник од дрога. За жал, по нивната краткотрајна радост, тие доаѓаат во пресрет на една сурова есен и зима (периодот во кој левата рака на Хари е ампутирана, неговата мајка бега од реалноста под дејство на амфетамините, Мерион станува проститутка, пријателот на Хари - Тајрон е во затвор), по коишто пролетта никогаш нема да се појави поново.

Улоги