Википедија:Означени ревизии: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Добивање на правото „уредувач“: fddkncdjnvdknjdnvjdvhdnmckdhcdncdhmdjvhdcdindvuvmdchmdjcdncdhcmndghcdncgdncdcgdnvhdvndvndvjdbvjdbvdjbvdbvdv
Savh (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.28.46.55 (разговор), вратено на последната верзија на Xqbot
Ред 41: Ред 41:
=== Уредувач ===
=== Уредувач ===
==== Добивање на правото „уредувач“ ====
==== Добивање на правото „уредувач“ ====

=== Оценувач ===
=== Оценувач ===
==== Добивање на правото „оценувач“ ====
==== Добивање на правото „оценувач“ ====

Преработка од 18:48, 29 април 2011

Оваа страница документира официјално начело на македонската Википедија, општоприфатен стандард што сите уредувачи треба да го следат. Ако ја уредувате оваа страница, Ве молиме прво уверете се дека за Вашата промена постои консензус. Ако се двоумите, прво дискутирајте на страницата за разговор.
Кратенки:
ВП:ОР

Означени ревизии (англиски: flagged reviews) е име на техничка можност на МедијаВики која по барањето на вики-заедницата стана достапна за овој проект, почнувајќи од 24 април 2010. Ова начело се однесува на нејзината употреба.

Технички карактеристики

Техничките карактеристики на означените ревизии се опишани во Помош:Проверка на страница.

Оценување

Одредени корисници во кои вики-заедницата има доверба (уредувачи и оценувачи) можат јасно да ги означуваат различните верзии на страниците во:

  • главниот именски простор,
  • категориите,
  • шаблоните и
  • податотеките

и да покажат дека тие се прегледани и дека задоволуваат одредени критериуми. Зависно од квалитетот на содржината, прегледаните верзии на овие страници можат да бидат проверени или квалитетни.

Проверена верзија

Кратенки:
ВП:ПРОВЕРЕНА

Проверената верзија ( ) на страницата не содржи очигледен вандализам или други, исто така очигледни, несоодветни содржини.

Проверени статии

Проверените статии треба задолжително да ги исполнуваат следниве критериуми:

  1. Отсуство на очигледен вандализам;
  2. Отсуство на јасен напад против живи личности;
  3. Отсуство на јасно нарушување на авторското право — копирање на заштитени текстови без дозвола;
  4. Отсуство на очигледна пристрасност (Битола е најубавиот град во Македонија.)
  5. Отсуство на очигледно рекламирање, самопромовирање, пропаганда и други знаци на јасна злоупотреба на Википедија;
  6. Присуство на најосновно вики-форматирање:
    1. Задебелен наслов на почетокот и најосновно, воведно енциклопедиско дефинирање на темата (на пример: „Запирка (,) е интерпункциски знак.“ или „Том Круз е американски глумец и филмски продуцент.“);
    2. Правилна структура на пасуси (почнувајќи со ==Наслови од второ ниво ==) и правилен редослед на пасусите (на пример, наводите пред надворешните врски);
    3. Присуство во најмалку една родителска категорија од категорискиот систем;
    4. Меѓујазични (интервики) врски (ако постојат за дадената тема);
    5. Ознаки соодветни за содржината (ако има потреба од нив) — {{без извори}}, {{малку извори}}, {{викифицирање}} и др.

Следниов критериум не е задолжителен, но е пожелен:

  1. Отсуство на правописни, граматички и стилски грешки во текстот.

Проверени категории

Квалитетна верзија

Права за оценување

Уредувач

Добивање на правото „уредувач“

Оценувач

Добивање на правото „оценувач“