Богородичната црква во Париз: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
неколку промени
с r2.6.4) (Бот Менува: fr:Notre-Dame de Paris (roman)
Ред 39: Ред 39:
[[es:Nuestra Señora de París]]
[[es:Nuestra Señora de París]]
[[fa:گوژپشت نتردام]]
[[fa:گوژپشت نتردام]]
[[fr:Notre-Dame de Paris (Hugo)]]
[[fr:Notre-Dame de Paris (roman)]]
[[ko:노트르담 드 파리]]
[[ko:노트르담 드 파리]]
[[hr:Zvonar crkve Notre-Dame]]
[[hr:Zvonar crkve Notre-Dame]]

Преработка од 05:14, 22 април 2011

Богородичната црква во Париз
Илустрација од
Victor Hugo et son temps (1881)
АвторВиктор Иго
Изворен насловNotre-Dame de Paris
ИлустраторЛук-Оливер Мерсон (оригинал)
ЗемјаФранција
ЈазикФранцуски
ЖанрРомантизам
Издадена
14 Јануари, 1831

Богородичната црква во Париз (француски: Notre-Dame de Paris) e роман од француски писател Виктор Иго, издаден во 1931. Романот е познат и како Sвонарот од Богородичната црква или Грбавецот од Богородичната црква. Дејството се одвива во Париз во 1482. година, во и околу Богородичната црква, од каде потекнува и насловот. Се раскажува за фиктивниот ѕвонар од Богородичната црква, Квазимодо и сиромашната убавица, циганката Есмералда која станува жртва на Клод Фроло, моќен архиѓакон. Книгата била напишана со намера да се подигне јавното мислење во заштита на црквата од уривање или модернизирање, на кои се противел Иго.

За романот

Иго започнал да го пишува романот во 1829. година, а го завршил во фебруари 1831. Го насловил само како Богородичната црква во Париз (фр. Notre-Dame de Paris), но преведувачите на разни јазици насловот го адаптирале како Грбавецот од Богородичната црква (англ. The Hunchback of Notre Dame) или во поновите преводи Sвонарот од Богородичната црква. Иго го преферирал насловот што го одбрал за книгата, бидејќи сметал дека самата црква е главен лик во романот.

Голем дел од романот ја опишува црквата, и го осудува нејзиното напуштање по оштетувањата кои ги претрпела за време на Француската револуција кога толпите, сметајќи ја за симбол на стариот систем, ја вандализирале и ги уништиле инвентарот, внатрешноста и голем дел од прозорците.