Парис (митологија): Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ содржина
+ содржина
Ред 10: Ред 10:


Парис израснал на гората Ида. Бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.
Парис израснал на гората Ида. Бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.

== Судот на Парис ==

Парис постојано одржувал натпревари со [[бик]]овите на останатите сточари, а како награда ги нудел своите бикови. Неговиот бик секогаш победувал. На крајот Парис понудил златна круна за оној кој ќе го победи неговиот бик. Богот [[Арес]] се претворил во бик, и така го победил бикот на Парис. Без двоумење, Парис му ја дал круната на Арес, а поради неговата искреност, олимписките богови го побарале да пресуди во кавгата меѓу божиците [[Атена (митологија)|Атена]], [[Хера]] и [[Афродита]].

[[Податотека:Rubens - Judgement of Paris.jpg|mini|lijevo|200px|[[Петер Паул Рубенс]]: Судот на Парис<small>, [[1636]]</small>]]

На прославата на бракот меѓу Пелеј и Тетида, [[Зевс]] не ја поканил Ерида, божицата на раздорот. Таа бесна затоа што не била поканета, лута дошла на прославата и фрлила едно златно јаболко на масата (од овде потекнува изразот „'''јаболко на раздорот“''') на кое пишувало {{polytonic|καλλίστῃ}} = за најубавата. Три од божиците го побарале јаболкото - [[Атена (митологија)|Атена]], [[Хера]] и [[Афродита]], и побарале од Зевс да реши која од нив три е најубава. Не сакајќи да се меша, Зевс го повикал Парис да ја реши дилемата.

[[Хермес]] со трите кандидатки дошол на гората Ида. На средбата со Парис, сите три се обиделе да го подмитат Парис. [[Хера]] му понудила да го направи крал на [[Европа]] и [[Азија]], а [[Атена (митологија)|Атена]] му рекла дека ќе му даде мудрост и воена вештина. [[Афродита]] му ја понудила раката на најубавата смртна жена на светот, а тоа била [[Елена]], жената на кралот [[Менелај]]. Парис ја прогласил нејзе за најубава и ѝ го дал јаболкото.



==Наводи==
==Наводи==

Преработка од 22:36, 6 април 2011

За главнниот град на Франција, видете Париз
Принцот Парис со јаболкото, од Херман Вилхелм Бисен, Копенхаген

Парис (грчки: Πάρις; исто така познати и како Александер или Александрос, т.е. Алаксанду од Вилуса), бил син на кралот Пријам, кралот на Троја. Тој се појавува во бројни легенди од старогрчката митологија. Најпознат е по неговата љубов кон Елена, кралицата на Спарта, што било директната причина за започнувањето на Тројанската војна. Пред крајот на војната, тој го убива Ахил со стрела во петицата, единственото ранливо место на Ахил.

Детството на Парис

Статуа на Парис што се чува во Британскиот Музеј

Парис бил дете на Пријам и Хекуба. Пред да се роди, мајка му сонувала дека родила факел што гори. Преплашената кралица, се посоветувала со Езак, кој бил гатач и ја знаел вештината на толкување соништа. Езак вака го објаснил значењето на сонот: кралицата ќе роди син, кој ќе биде причина за пропаст на својот град. Хекуба навистина родила син, а љубовта кон татковината надвладеала врз мајчинската љубов, па се согласила детето да биде однесено на планина и да биде убиено. Кралот Пријам му го дал новороденчето на еден од слугите по име Агелај, да го убие.

Слугата Агелај се сожалил на детето, па го однесол во гората Ида и го оставил живо, сметајќи дека дивите животни ќе го изедат. На кралот Пријам како доказ за смртта на детето му однесол јазик од куче. Детето преживеало, а Агелај се вратил по него и го одгледал како свој син.

Парис израснал на гората Ида. Бил многу убав и паметен. Уште како момче успеал да ги совлада крадците на стока и да го врати стадото кај сточарите, кои го нарекле Александар, со значење „бранител на луѓето“.

Судот на Парис

Парис постојано одржувал натпревари со биковите на останатите сточари, а како награда ги нудел своите бикови. Неговиот бик секогаш победувал. На крајот Парис понудил златна круна за оној кој ќе го победи неговиот бик. Богот Арес се претворил во бик, и така го победил бикот на Парис. Без двоумење, Парис му ја дал круната на Арес, а поради неговата искреност, олимписките богови го побарале да пресуди во кавгата меѓу божиците Атена, Хера и Афродита.

Петер Паул Рубенс: Судот на Парис, 1636

На прославата на бракот меѓу Пелеј и Тетида, Зевс не ја поканил Ерида, божицата на раздорот. Таа бесна затоа што не била поканета, лута дошла на прославата и фрлила едно златно јаболко на масата (од овде потекнува изразот „јаболко на раздорот“) на кое пишувало καλλίστῃ = за најубавата. Три од божиците го побарале јаболкото - Атена, Хера и Афродита, и побарале од Зевс да реши која од нив три е најубава. Не сакајќи да се меша, Зевс го повикал Парис да ја реши дилемата.

Хермес со трите кандидатки дошол на гората Ида. На средбата со Парис, сите три се обиделе да го подмитат Парис. Хера му понудила да го направи крал на Европа и Азија, а Атена му рекла дека ќе му даде мудрост и воена вештина. Афродита му ја понудила раката на најубавата смртна жена на светот, а тоа била Елена, жената на кралот Менелај. Парис ја прогласил нејзе за најубава и ѝ го дал јаболкото.


Наводи

Надворешни врски