Разлика помеѓу преработките на „Константин I и христијанството“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
По смртта на [[Галериј]] во [[311]] година, римската империја била управувана од страна на [[Максенциј]] (306–312), [[Максимин Даја]] (310–313), [[Лициниј]] (308–324) и самиот Константин. [[Максенциј]], исто како и Константин, посакувал својата власт да не се ограничува со налозите дадени од страна на останатите владетели односно од страна на [[Тетрахија]]та.
 
Во текот на [[312]] година, Константин со 40.000 војници се упатил од [[Британија]] кон [[Италија]]. Од друга страна пак, Максенциј го чекал Константин со армија од околу 75.000 до 120.000 војници. Така, според легендата, пред битката против Максенциј, истата година, Константин размислувал на кој бог да му се моли. Еден ден околу пладне, на небото видел нишан - светол крст и напис: ''“Со овој знак ќе победиш”.'' Тоа го виделе и неговите војници. Потоа следната ноќ на Константин и во сонот му се јавил Спасителот со истиот знак и му рекол да направи војнички знак како тој што го видел на небото, да го носи пред војската и ќе го победи непријателот. Утрото им го раскажал сонот на своите пријатели и веднаш повикал златари за да го направат крстот онака како што тој им го опишал.
 
Со овој знак Константин влегол во борба против Максцениј, кој со силна војска бил утврден во близината на [[Рим]] и лесно го победил. Бегајќи со многу војници Максцениј се удавил во реката [[Тибар]] на [[28 октомври]] [[312]] година. Константин влегол во Рим, радосно пречекан од населението затоа што го ослободил градот.
 
== Наводи ==

Прегледник