Моч: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: десно|мини|Примерок од [[човек|човечка урина]] '''Урина''' ([[латински ...
(нема разлика)

Преработка од 14:35, 29 март 2011

Примерок од човечка урина

Урина (лат. urina) е отпаден продукт на организмот, создаден во бубрезите при филтрацијата на крвта.

Настанување

Кај клеточниот метаболизам се создаваат мноштво отпадни материи богати со азот и други материи што се раствроливи во вода, кои треба да се исфрлат од крвта. Тоj процес се врши во бубрезите, а создадената течност се нарекува урина. Од бубрзите, преку мочоводите, таа се спушта во мочниот меур, каде останува неколку часа, а потоа со исфрлање, односно уринирање, преку уретрата организмот се ослободува од урината. Кај повеќето животни урината содржи и феромони, поради што уринирањето на определени места е поврзано со маркирање на територијата.

Човечка урина

Количеството урина што се создава за одреден временски период се нарекува диуреза. Во нефролошката практика, при мерењето на волуменот на исфрлена урина најчесто се зема период од 24 часа. Во нормални околности, дневното количество урина изнесува 800-1500 см³.

Урината има кисела реакција и нејзината pH вредност изнесува помеѓу 5 и 6.

Хемиската и микроскопската анализа на урината има големо дијагностичка важност. На пример, при дијабетес во урината се регистрира шеќер, а при нефритис - протеини. Секое отстапување од нормалниот состав на урината укажува дека метаболизмот на телото не е во ред.

Боја

Урината во нормални околности има жолта боја и во зависност од внесените хранливи материи во организмот таа може да варира од светло жолта до темно жолта боја. Врз промената на бојата на урината може да влијае покачената телесна температура, како и губењето телесни течности преку потење, повраќање или пролив.[1]

Состав

Составот на урината зависи од факторите на животната средина (температура и влажност), како и од човековата активност, полот, возраста, тежината и здравјето. Кај човекот 95% од урината се состои од вода. Таа содржи и низа органски и неоргански сoединенија:

Органски соединенија

Неоргански соединенија

Наводи

  1. Што може да ни покаже лабораториската анализа на урината?