Лазар Личеноски: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 77.29.220.94) и вратена ревизијата 1833013 од VolkovBot
Нема опис на уредувањето
Ред 20: Ред 20:
[[Категорија:Македонски сликари]]
[[Категорија:Македонски сликари]]


[[bg:Лазар Личености]]
[[en:Lazar Ličenoski]]
[[en:Lazar Ličenoski]]

Преработка од 19:25, 26 март 2011

Лазар Личеноски (Галичник, Гостиварско, 26 март 1901 - Скопје, 10 април 1964) бил македонски сликар и еден од најавтентичните сликари на македонскиот пејсаж, во кои внесувал и фолклорни елементи. Сликал и мртва природа, портрети и мозаици[1][2].

Образование

Уметничка школа со академски курс завршил во Белград, 1927 год. Специјализирал ѕидни техники во Париз во ателјето на Марсел Линоар и кај Пол Бодуен на Ecole des Arts et Mertiers, ги посетувал ателјето на Андре Лот и Academie de la Grande Chaumiere (1927-1929).

Кариера

Живеел во Белград, а потоа во Скопје. Бил член на предвоената белградска група Облик.

Самостојно изложувал пред и по војната (за прв пат во 1927) во Скопје, Белград, Загреб, а учествувал (од 1927) на групни изложби во Скопје, Париз, Белград, Лондон, Ливерпул, Манчестер, Солун, Прага, Софија, Рим, Букурешт, Братфорд, Канада, Тунис и други места.

Бил професор и директор на училиштето за применета уметност во Скопје, дописен член на САНУ итн. Добитник е на Октомвриската награда за сликарство во 1959 година.

Ги насликал делата „Бачила“, „Долап“, „Афионски полиња“, „Охридски рибари„ и многу други.

Наводи