Александар Турунџев: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 36: Ред 36:
Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу востаниците и аскерот учествувал по една половина од вкупниот број.

За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
За време на [[Илинденско востание|Илинденското востание]] во Леринско била запазена директивата на [[Смилевскиот конгрес|Смилевски конгрес]] за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.
[[Податотека:Besenje na Turundžev.jpg|мини|лево|Бесењто на Турунџев]]
[[Податотека:Besenje na Turundžev.jpg|мини|лево|Бесењто на Турунџев]]
Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во [[Битола]] донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на [[14 ноември]] [[1903]] година.

Преработка од 02:20, 9 март 2011

Александар Турунџев
Роден 1872
Горно Врбени, Македонија, Отоманска Империја
Починал 1905
Битола, Македонија, Отоманска Империја
Познат војвода на ТМОРО

Александар Турунџев бил македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација.

Првите години

Тој роден е во 1872 година во с. Екши Су (Горно Врбени), Леринско. Во редовите на ТМОРО се вклучил многу млад, најнапред како четник, а потоа како војвода.

За време на Илинденското востание со својата чета зел активно учество во борбите кај Леринско. Во текот на сите години на илегално живеење и движење, Турунџев ги обиколува редовно селата во Леринско и некои во Долна Преспа и Битолско.

Станува популарен заради својата храброст и ревност кон природниот стремеж на сопствениот народ да извојува слобода со оружје во рацете. Освен тоа бил силен маж, атлетски граден, висок, со бујна бушава коса, со високо чело и орелски поглед.

Насекаде бил мил гостин, зашто со другарите ги истребил најголемите насилници и крвници во Леринско, а оние кои посакуваа не се осмелуваа да станат нови угнетувачи и мачители на македонскиот народ, заради големиот страв од Александар Турунџев.

Илинденско востание

Гробот на Александар Турунџев во Битола

По одлуката за кревање востание на Солунскиот и нејзиното потврдување на Смилевскиот конгрес, на Турунџев му била доверена обврската да го доорганизира сопственото село и да го подготви за востанието.

Кога завршил со воената обука на своите соселани од најразлични возрасти, но главно на возраст од 20-25 години нагоре, Турунџев со сите нив, околу 230 лица опфатени со обуката, организирал на неколкупати талим (маневра) со тоа што во импровизираните судири меѓу востаниците и аскерот учествувал по една половина од вкупниот број.

За време на Илинденското востание во Леринско била запазена директивата на Смилевски конгрес за партизански (герилски) начин на војување, при што дејствувале четите, а селаните останале во своите села. Вкупно биле мобилизирани 500 борци, при што само родното село на Турунџев даде околу 100 храбри востаници.

Бесењто на Турунџев

Османските војсководачи изработиле детален план за контраофанзива против македонските револуционерни, востанични единици. А за да го спречат повторното засилување на востаничкото движење во Леринско, вилаетските власти во Битола донеселе одлука за сместување нова единица во родното село на Турунџев, која пристигна со својот командир на 14 ноември 1903 година.

Неговото присуство не ги исплашило членовите на ТМОРО во легендарното Екши-Су (Горно Врбени), ниту пак ја запрела организационата дејност на легендарниот син на селото Александар Турунџев, кој почна со обнова на револуционерната мрежа во својот реон, станувајќи се популарен, особено по ревизионата посета на реонот од страна на Даме Груев, врховниот командант за време на Илинденската револуција и неговата верна сенка, бескомпромисниот револуционер - Ѓорѓи Сугарев.

Смрт

По востанието учествувал во обновувањето на револуционерната мрежа во својот реон и влегол во новиот состав на Леринското горско началство.

Кон крајот на 1904 година, во селото Ајтос, Леринско, бил предаден од шпионот Митре Гинков. Бил заробен и одведен во битолскиот истражен затвор.

Таму бил подложен на големи измачувања и држан цела година. Турскиот суд во Битола го осудил на смрт, а казната била извршена со јавно бесење на битолскиот Ат-Пазар, на 29 август 1905 година. Гробот му се наоѓа на битолските гробишта Света Недела [1] [2]

Извори

  1. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993.
  2. Македонско Сонце. Македонија ќе биде слободна!

Надворешни врски