Коста Шахов: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
MystBot (разговор | придонеси)
с r2.7.1) (Бот Додава: en:Kosta Shahov
Ред 80: Ред 80:
[[Категорија:Дејци на ВМОК|Шахов, Коста]]
[[Категорија:Дејци на ВМОК|Шахов, Коста]]


[[bg:Коста Шахов]]
{{Дејци на Македонскиот комитет}}
{{Дејци на Македонскиот комитет}}

[[bg:Коста Шахов]]
[[en:Kosta Shahov]]

Преработка од 07:33, 6 март 2011

Коста Шахов
Роден 14 април 1862
Охрид, Македонија, Отоманска Империја
Починал 15 август 1917
Софија, Бугарија

Коста Шахов бил македонски деец, револуционер, публицист, член на Лозарското движење, ВМОК и општественик во Бугарија.

Биографија

Коста Шахов е роден на 6 јули 1862 година во градот Охрид, Македонија. Шахов дипломирал правни науки при Софискиот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Бугарија. Најпрво работел во Русенскиот окружен совет и во Русенската околиска управа, а потоа бил назначен за службеник при Русенскиот судски истражител и Апелациониот суд во Русе [1]

Дејноста меѓу македонската емигарција

Коста Шахов на 21 октомври 1888 година во Русе, Бугарија започнал со издавање на весникот Македонија. Првите 25 броја излегле во Русе, потоа дошло до привремено стопирање, а од 14 јуни 1889 година весикот почнал да излегува во Софија се до 1893 година [2]. Во првиот број на весникот било истакното дека:

ние Македонците ... не смееме да си ја заборавиме татковината и должнисме да работиме за подобрување на нејзината положба, бидејќи како народ ќе бидеме одговорни пред нашето поколение... задача на весникот Македонија е да се бори за духовно и културно издигање на Македонците[3]


Низ своите страници весникот разгледувал и политички прашања, во смисла дека треба да дојде до организирање и обеднинување на македонските друштва во Бугарија и тоа во интерес на Македонија[2]. Се повикале македонските друштва да се обединат на чело со еден Комитет, кој требало да ја кординира ниваната акција и да преземе дејности, најпрво по мирен дипломаски начин, а пота и да се преземат револуционерни средста [2]. Според весникот Македонија, целата на Комитетот треба да биде Автономија на Македонија врз основа на членот 23 од Берлинскиот конгрес [2]. Автономијата би овозможила да се прекратат пропагандите на соседните држави и би овозможола да зе зачува територијалната целовитост на Македонија[2]. Во тој контекс било истакнато дека во борбата за политички права на Македонија, треба да се обединат сите народности во Македонија[2]. Прашањето за обединување на сите народности во Македонија било посебно разгледано во статијата:

Мислење за решавање на македонското прашање


потпишана со псевдонимот:

Еден Македонец


Според овој автор, ослободувањето на Македонија треба да биде поставено врз неутрална македонска почва и истакнува дека:

Ние сме рекле и друг пат - не е време, ние, Македонците, да ја изразиме нашата желаба за соединување со извесна држава. Тоа е опасно најпрво за самите нас, Македонците, а после за целиот бугарски народ... Ослободувањето на Македонија и нејзинотоприсоединување со извесна земја се две прашања кои е незамисливо да се решат благопријатно во едно исто време...[2]


Понатаму во стаијата било истакнато дека населението во Македонија трба да биде нарекувано исклуциво како Македонци, додека пак македонските друштва како македонски без префиксите бугаро, србо, елино и румуно[2]. Оваа статија предизвикала реакции и полемика во кои се вклучила и самата редакција на весникот. Подоцна, в. Македонија еволуирал во правецот на ставовите на Еден Македонец[2]

Учество во македонското националноослободително движење

Коста Шахов бил посебно заслужен за формирањето на МСД (Македонско студенско друштво)[4]. Негови по заначајни членови биле Дамјан Груев, Петар Поп Арсов, Христо Поп Коцев и други. Целат на асоцијацијата меѓу другото било ослободување на Македонија и борба против пропагндите. Оваа асоцијација била самораспуштена во 1891 година. Но веќе по неколку месеци Коста Шахов се нашол меѓу основачите на Младата Македонска Книжевна Дружина и станал член на Лозарското движење, притоа ММКД започнала да издава и едно списание Лоза (весник), а К. Шахов учествувал во неговата подготовка. Во јули 1893 година Коста Шахов имал средба со Иван Хаџи Николов кој дошол од Солун и побарал да му биде препорачано авторитено лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов како таков го посочил Гоце Делчев кои тогаш учел во вoеното училиште во Софија. Иван Х. Николов тогаш на Коста Шахов и на Делчев им посочил дека:

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србија и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарската влада, ќе основаат и тие такви организации и од нашата организација нема да излезе ништо. При тоа таа треба да биде тајна 2. Основачите да се Македонци, чесни, да имаат добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат и тие изложени на истата опасност на каква што ќе бидат изложени нивните следбеници, со што полесно ќе ја спечалат и довербата на населението 3. Паролата треба да биде автономијата на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот договор, за да се надеваме на успех. Да постигнеме автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турците туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на автономна Македонија, Србија и Грците не ќе можат да бараат делови од неа, додека ако посакаме и тие делови од неа. Нашата задача треба да биде да ја спасиме Македонија цела, а тоа може да стане само преку автономна Македонија 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна, да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не и влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка, без при тоа да ни се мешаат во работата.[5]


По четиричасовниот разговор К. Шахов и Г. Делчев го прифатиле планот.

Членувањето во Македонскиот комитет

Коста Шахов учествувал во работата на І македонски конгрес на македонските друштва во Бугарија, при овој конгрес дошло до обединувањето на македонската емиграција во рамките на Македонскиот комитет, подоцна познат како (Врховен македонско-одрински комитет). Официјалната цел на оваа асоцијација е Автономија на Македонија. Коста Шахов учествувал до крајот на егзистирањето на оваа организација, а за време на IV македонски конгрес бил избаран за член на Комитетот, на местото на Гоце Делчев.

Однос кон Македонското прашање

Коста Шахов се залагал за решавање на Mакедонското прашање преку создавање на македонска самостојана држава, а тоа го дознаваме од извештајот на Кузман Дамјановиќ од 4.03.1899 година. Дамјановиќ се наоѓал во хотелот Батемберк во Софија и притоа таму се нашле и некој од дејците на МК, Коста Шахов, Андреј Љапчев и други, при што дошло до дискусија во која било истакнато дека:

Ама немој ти да веруваш дека револуционерите работат за автономна Македонија, та отпосле да ја присоединат кон Бугарија? Боже чувај! Тоа никогаш нема да биде... Сите ние Македонци, макар каде и да сме, макар и колку и да сме учеле, никој нема да дозволи Македонија да се присоедини кон било кој, туку ќе работиме... кон неа да се присоединат други провинции. Нас иинтелигенцијата, не школувале, а и денес не школуваат Руси, Романци, Срби и Бугари... Но, никој од нас не ќе постане слуга на ниту една по никоја цена, туку веднаш ќе дојде во своето јато, кон кое и ние дојдовме... Ние имаме славен елемент, а нашиот народ е жилав и еднаш добие ли Македонија автономија, тогаш побрзо Бугарија ќе стане македонска, отколку Македонија - бугарска. Ние за тоа имаме шанса... во Бугарија на највисоки места денес се Македонци... без сомнение во свое време денешните великани Македонци по народност ќе пријдат нам и Бугарија ќе биде македонска... веруваме дека тоа ќе биде порано или подоцна... македонија ќе биде држава - републикансака, таа ќе гледа кон себе да привлече и други во сојуз како кантони и така што биде силна држава[6]


Смрт

По долгогодишна дејност во македонското националноослободително дело и македонската емиграција во Бугарија, Коста Шахов починал на 15 август 1917 година во Софија.

Публицистика

Соработува во списанието Лоза (весник) (1892), по обновата на ММД (младата македонска дружина) учествува во работата на неговиот официјален орган Глас Македонски (1894-1898), потоа во весниците Борба за слободата на Македонија и Одринско, Борба (1905).

Наводи

  1. Шахов, Коста. Едно осветление по нашите работи, в: От София до Костур. Спомени, ИК Синева, София, 2003, стр.38-68.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 2,8 П.Константин Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1093, София, 1979
  3. Документи за борба на македонскиот народ, т.1
  4. Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов
  5. Спомени на И. Х. Николов, Д. Груев, Б. Сарафов, Ј. Сандански, М. Грџиков, д-р Х. Татарчев (редакција на Иван Катарџиев), Скопје, 1995, 76-77, Х. А. Полјански, Гоце Делчев... т.1, 110 .
  6. А.М.ф. ПО. мф. 451, пов. бр. 150/99, Софија, 4.03.1899.

Надворешни врски

  • „Покана“ од Коста Шахов од 1888 година на Викиизвор.