Човек: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 62.162.216.139 (разговор), вратено на последната верзија на Escarbot
Ред 35: Ред 35:
{{никулец}}
{{никулец}}


== ПЕДЕРИ ==
== Извори ==
{{наводи}}
{{наводи}}



Преработка од 16:08, 4 март 2011

Човек
Период: плеистоцен - денес
Луѓе: маж и жена
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Цицачи
Ред: Примати
Семејство: Hominidae
Потсемејство: Homininae
Племе: Hominini
Род: Homo
Вид: H. sapiens
Триномен назив
Homo sapiens sapiens
Лине, 1758

Човек (множина: луѓе) е вид на животно кое систематски е познато како Homo sapiens (латински: свесен човек),[2][3] и е единствениот преживеан член на родот Homo од двоножните примати во Hominidae, фамилијата на големи човеколики мајмуни. Сепак, во некои случаи, зборот „човек“ се користи за означување на било кој член од родот Homo.

Луѓето имаат високо развиен мозок, способен за апстрактно мислење, јазик, интроспекција и решавање на проблеми. Овој умствен капацитет, заедно со исправениот став на телото кој ги ослободува рацете за раководење со предмети, им дозволил на луѓето многу поголема корист од алати во споредба со било кој друг вид. Доказите основани на митохондријална ДНК и фосили покажуваат дека модерните луѓе потекнуваат од Африка од пред околу 200.000 години.[4] Со поединци раширени на сите континенти на планетата, освен на Антартикот, луѓето се космополитски вид. Од мај 2010, светската популација на луѓето се проценува дека изнесува околу 6,8 милијарди.[5]

Како и повеќето вистински мајмуни, луѓето се социјални по природа. Сепак, луѓето се уникатно прилагодени кон користење на системи за комуникација за самоизразување, размена на идеи и организација. Луѓето создаваат сложени општествени структури составени од многу соработувачки и натпреварувачки групи, од семејства до нации. Социјалната интеракција меѓу луѓето создала голем број на вредности, општествени норми и ритули кои заедно ја создаваат основата на човечкото општество.

Луѓето имаат изразена желба да ја разберат и да влијаат врз нивната околина и сакаат да ги објаснат и да раководат со природните појави преку наука, философија, митологија и религија. Оваа природна љубопитност довела до развивање на напредни алатки и вештини кои културолошки се пренесуваат низ генерациите; човекот е единствениот познат животински вид кој создава огнови, ја готви својата храна, се облекува себеси и користи многубројни други технологии.

Извори

  1. Global Mammal Assessment Team (2008). Homo sapiens. Во: IUCN 2009. Црвена листа на МСЗП. Верзија 2009.2. <www.iucnredlist.org>. Симнато на 3 март 2010.
  2. Предлошка:Цитирано списание (англиски)
  3. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)
  4. The Smithsonian Institution, Human Origins Program (англиски)
  5. Предлошка:Цитирана веб страница (англиски)

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA

Предлошка:Link FA Предлошка:Link GA