Мишел Фуко: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
с r2.7.1) (Бот Додава: fy:Michel Foucault |
с Бот Додава: be-x-old:Мішэль Фуко |
||
Ред 17: | Ред 17: | ||
[[bn:মিশেল ফুকো]] |
[[bn:মিশেল ফুকো]] |
||
[[be:Мішэль Фуко]] |
[[be:Мішэль Фуко]] |
||
[[be-x-old:Мішэль Фуко]] |
|||
[[bs:Michel Foucault]] |
[[bs:Michel Foucault]] |
||
[[bg:Мишел Фуко]] |
[[bg:Мишел Фуко]] |
Преработка од 15:29, 29 јануари 2011
Мишел Фуко (15 октомври 1926 – 26 јуни 1984) бил француски философ со катедра на Collège de France, катедра на која и ја дал титулата „Историја на Системите на Мисла“. Неговите текстови се од огромно значење за хуманистичките и општествените науки. Делото на Фуко често се среќава во дисциплини како философија, историја, културни студии, социологија, образование, литература, менаџмент студии, урбан дизајн, како и многу други.
Фуко е добро познат по неговата критика на општествените иституции, особено на системите поврзани на различни начини за области како психијатрија, медицина и затвор. Неговите општи теории за моќ и односот меѓу моќта и знаењето во однос на историјата на западната мисла се дискутираат и применуваат нашироко.
Делото на Фуко често се опишува како постмодернист или пост-структуралист. За време на ’60-те, сепак, тој е почесто поврзуван со структуралистичкото движење. Иако тој на почетокот е среќен со овој опис, тој подоцна ја истакнува неговата одалеченост од структуралистичкиот пристап, тврдејќи дека за разлика од структуралистите, тој го нема прифатено формалистички пристап. Тој исто така не е заинтересиран ни со постмодерната, тврдејќи дека многу поинтересна за дискусија е дефиницијата на „модерноста“.