Гај Јулиј Цезар: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: rue:Юлій Цезар
Ред 174: Ред 174:
[[bat-smg:Gajos Jolėjos Cezaris]]
[[bat-smg:Gajos Jolėjos Cezaris]]
[[zh:恺撒]]
[[zh:恺撒]]
[[rue:Юлій Цезар]]

Преработка од 01:08, 26 јануари 2011

Гај Јулиј Цезар
C·IVLIVS·C·F·C·N·CAESAR
Конзул/Диктатор на Римската република
Податотека:CaesarTusculum.jpg
На престол49 п.н.е.–
15 март 44 п.н.е.
ДецаЈулија 85/84 – 54 п.н.е.
Птоломеј XV Цезарион 47 – 30 п.н.е.
Октавијан Август 63 п.н.е.– 14
Полно име
Гај Јулиј Цезар
ДинастијаЈулијанско-клаудиска династија
ТаткоЈулиј Цезар Стариот
МајкаАурелија Кота[1]

Гај Јулиј Цезар[2] (на латински: C·IVLIVS·C·F·C·N·CAESAR) (12 или 13 јули 100 п.н.е. – 15 март 44 п.н.е.) бил римски воен и политички водач чие освојување на Галија Комата го проширила римскиот свет се до Атлантскиот Океан, успех чии последици се видливи и денес. Според многумина, Цезар е еден од најголемите луѓе во Стариот свет. Тој е можеби најпознатата историска личност како резултат на комбинација на човековите таленти: од командување во битка, државништво, говорништво, пишување, право, владеење, сексуалност, пријателство и разговор – тој бил одличен во сите. Имал огромна волја, храброст и целосно отсуство на омраза од било кој вид. Тој бил обожуван од страна на луѓето во Рим и прогласен за бог.

Достигањата на Цезар не се само воените походи и освојувањата. Тој всушност бил голем реформатор и основач на Римското царство, иако за прв император се смета неговиот внук од сестра, посинок и наследник Гај Октавијан. Подоцнежните императори во Рим биле ословувани со титулата „цезар“ (од која е изведен зборот „цар“ во многу европски јазици).

Што се однесува до воените походи на Цезар, тој кога дошол на власт во рамките на Првиот триумвират, Рим била само медитеранска држава, но тој освоил и присоединил Франција, Белгија, делови од Шпанија, со други зборови ја направил европска држава и бил основоположник на западна Европа каква што денес ние ја знаеме. Потоа, под власта на Цезар потпаднале делови од Германија, а се обидел да ја освои и Британија.

По враќањето од западна Европа ја започнал граѓанската војна против неговиот партнер во власта, Помпеј. Клучен елемент во оваа борба било што Цезар остварил контрола врз Египет, главниот снабдител на Рим со жито, преку марионетскиот режим на кралицата Клеопатра, последниот претставник на македонската Птоломејска династија.

Цезар е значаен и по реформите кои ги спровел во 44 година п.н.е. Тоа биле: преобликување на календарот, организирање локална управа, основање колонии, зголемување на Сенатот, спречување на инцидентите на исток и сл. Меѓутоа во екот на овие реформи тој бил убиен во заговор на многумина сенатори кои му должеле многу, меѓу кои и неговиот посинок Брут. Нивното мислење било дека Цезар, колку и да е добар за државата, не би бил прифатлив како крал. Монархијата која била цел на Цезар, била неприфатлива за конзервативните римски сенатори, кои претпочитале опстојување на републиканскиот систем на владеење, заснован на заедничка доминација на повеќе аристократски семејства, наместо на само едно од нив.

Гај Јулиј Цезар се смета за исклучително важна историска личност, без која не ќе го знаевме светот каков што е денес.

Гај Јулиј Цезар е една од најпознатите личности во класичната историја, а во последните години од животот диктатор во моќната Римска империја. Неговите записи од Галските војни спаѓаат меѓу ремек-делата на старата римска литература.

Група републикански заговорници го убиле во Рим, на 15 март 44 г. пред н. е.

Видете исто така

Наводи

  1. http://www.roman-colosseum.info/roman-empire/julius-caesar.htm
  2. Fully, Caius Iulius Caii filius Caii nepos Caesar Imperator ("Gaius Julius Caesar, son of Gaius, grandson of Gaius, Imperator"). Official name after deification in 42 BC: Divus Iulius ("The Divine Julius").

Надворешни врски

Предлошка:Никулец за биографија

Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA Предлошка:Link FA