Портал:Логика: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: ar:بوابة:منطق, de:Portal:Logik
с r2.5.1) (Бот Додава: ru:Портал:Логика
Ред 98: Ред 98:
[[fr:Portail:Logique]]
[[fr:Portail:Logique]]
[[pt:Portal:Lógica]]
[[pt:Portal:Lógica]]
[[ru:Портал:Логика]]
[[zh-classical:門:理則]]
[[zh-classical:門:理則]]

Преработка од 18:00, 23 јануари 2011

уреди   

Портал „Логика“

 

Логиката (од старогрчки: λόγος - 'збор/говор') е наука која се занимава со изучување на принципите и критериумите на валидните заклучоци и докажувањето.

Како формална наука, логиката ја истражува и класификува структурата на исказите и аргументите, по пат на изучување на формални системи на заклучувањето, но и со изучување на аргументите во природниот јазик. Логиката опфаќа најразлични проблематики, од основни теми како изучувањето на логички грешки и парадокси, специјализирани анализи на расудувањето со примена на веројатност, па сè до аргументи во врска со причиноста. Логиката денес честопати се применува во теоријата на аргументацијата.

Традиционално логиката се изучува како гранка на философијата, како еден дел од класичниот тривиум, кој се состоел од граматика, логика и реторика. Од средината на XIX век формалната логика се изучува во контекст на основите на математиката. Во 1903 г. Бертранд Расел и Алфред Норт Вајтхед се обиделе формално да ја утврдат логиката како камел темелник на математиката со објавувањето на делото „Принципија Математика“. Меѓутоа системот на ова дело повеќе не се користи, поради неговото истиснување од страна на теоријата на множествата. Развојот на формалната логика и нејзината примена во сметачата машинерија претставува темел на информатиката.


уреди   

Одбрана статија

Логичка дисјункција („или“)

Во логиката и математиката, логичка дисјункција („или“) е логичка операција која резултира со вистина (т) кога еден или повеќе вредности се вистинити. Во граматиката пак, или е сврзник.

Логичката дисјункција е операција на две логички вредности, обично вредностите на две тврдења, која дава вредност невистина (⊥) ако и само ако двата оператора се невистинити. Повоопштено, дисјукнцијата е логичка формула која може да има еден или повеќе литерали раздвоени само со знаци „ИЛИ“. Еден сам литерал честопати се смета за дегенерична функција.

Таблицата на вистинитост на p или q:

p q
т т т
т т
т т

Веновиот дијаграм на p или q:


уреди   

Одбрана слика

Logic Lane
Logic Lane

Поглед на уличката Лоџик Лејн (англ. Logic Lane, „Сокак на логиката“) кон улицата Хај Стрит во рамките на Универзитетскиот колеџ во Оксфорд.

уреди   

Одбрана биографија

Бертранд Расел
Бертранд Расел

Бертранд Расел (англ. Bertrand Russell), (18 мај, 18722 февруари, 1970) бил англиски философ, логичар, математичар и поборник за општествени реформи.

Расел бил плоден писател, а бил и популаризатор на философијата и коментатор на најразлични теми, од најсериозни проблеми, па сè до шеговити тематики. Во продолжение на семејната традиција во политиката, тој бил истакнат противвоен активист, поборник за слободна трговија помеѓу земјите и голем противник на империјализмот.

уреди   

Дали сте знаеле...

уреди   

Големи логичари

уреди   

Сродни портали

уреди   

Логичка теорема на месецот

¬(P & ¬ P)

Принцип на непротивречност Не е дека еден исказ е вистинит и невистинит.
уреди   

Категории

уреди   

Цитати

Логиката е анатомија на мислата.

Џон Лок

Да се биде значи да се биде вредноста на една зависна променлива.

В. В. О. Квајн



уреди   

Што можете да направите