Џон Гришам Реј: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 67: Ред 67:
* Клиентот (1993)
* Клиентот (1993)
* Комората (1994)
* Комората (1994)
* [[The Rainmaker (1995)]]http://en.wikipedia.org/wiki/The_Rainmaker_%28John_Grisham%29
* [[The Rainmaker (1995)http://en.wikipedia.org/wiki/The_Rainmaker_%28John_Grisham%29 ]]
* Порота во бегство (1996)
* Порота во бегство (1996)
* Партнерот (1997)
* Партнерот (1997)

Преработка од 20:14, 18 јануари 2011

Џон Гришам

Џон Гришам Реј, Џуниор (роден на 8 Февруари 1955 година) е американски автор, најпознат по неговите популарни правни трилери.

Џон Гришам дипломирал на државниот универзитет Мисисипи ,но и пред да се запише на Универзитетот во Мисисипи, на Правниот факултет во 1981 година, кривичното право, го употребувал околу една деценија. Тој служел и во Претставничкиот дом во Мисисипи од јануари 1984 до септември 1990 година. Започнал да пишува од 1984 година и веќе го имаше објавено својот прв роман во Јуни 1989. Од 2008 година па натаму,неговите романи се распродадени во преку 200 милиони копии ширум светот. Како добитник на наградата Galaxy British Book Awards , се вборјува во еден од тројцата автори кои успеале да продадат преку 2 милиони копии со првото печатење. Останатите двајца се Том Каланс и Џ.К. Роулинг.

Првиот бестселер на Гришам е наречен “Фирмата”. Објавен во 1991, се продаде во повеќе од седум милиони примероци .Книгата е адаптирана и како игран филм. Покрај овој роман, седум од неговите други романи: “Комората”, “Клиентот”, “Обоена куќа”, “Досието пеликан”, “Rainmaker", “Порота во бегство”, и “Време кога се убива”, беа адаптирани како филмови. Неговите книги се преведени на 29 јазици и објавени насекаде во светот. Негови други најпродавани книги се исто така и “Тестаментот , “Брокерот” и “Поканата”.


Детство и образование

Џон Гришам, вториот најстар од петте браќа и сестри, е роден во Јонесборо, Арканзас, како дете на Ванда Скидмор Гришам и Џон Гришам. Неговиот татко работел како градежен работник и земјоделец кој се занимавал со памук, додека неговата мајка била домаќинка. Семејството често се селело, додека конечнo не одлучло да остане во градот Southaven во областа Десото, Мисисипи. Гришам тогаш имаше 4 години. Како дете, Гришам сакал да биде безбол играч.И покрај фактот што родителите на Гришам немаа формално образование, неговата мајка, го охрабруваше нејзиниот син да чита книги и да се фокусира на неговото образование.

Тој се запиша на Нортвестерн Џуниор Колеџот во Сенатобија, Мисисипи и подоцна отиде на Делта Државниот универзитет во Кливленд. Гришам за време на неговото школување дури три пати смени колеџи пред добивање на дипломата за завршено средно образование. Тој дипломирал на Мисисипи Државниот Универзитет во 1977 година како сметководител. Тој подоцна се запишува на Правниот факултет Оле Мис да стане адвокат за даноци, но неговиот интерес се префрла на општите граѓански судски постапки. Дипломирал во 1983 година со специјализација во кривичниот закон.

Брак и семејство

Гришам стапи во брак со Рене Џонс на 8 мај 1981 година,и заедно имаат две деца. Шеј и Тај.Семејство го поминува своето време во своите два дома,Викторијанскиот дом, една фарма, надвор од Оксфорд, Мисисипи, и еден дом во близина на Шарлотсвил, Вирџинија.

Во 2008 година, тој и неговата сопруга купија имот на McCorkle, место во Чапел Хил, Северна Каролина. Тој и неговата сопруга, исто така, предаваат во неделното училиште во првата Баптистичка Црква во Оксфорд.

Кариера

Почетоци

Џон Гришам како тинејџер работел на расадник – наводнувајќи грмушки за 1,00 $ на час. Тој наскоро беше унапреден во екипажот за ограда за 1,50 $ на час. Тој напиша за оваа работа: "нема иднина во неа." На 16, Гришам прифатил работа како водоводџија но не добил никаква инспирација од “таа мизерна работа”.

Преку контакти на неговиот татко, тој успеал да најде работа како дел од екипажот за автопати во Мисисипи. Тогаш имаше седумнаесет. За време на таа работа, еден несакан инциндент го натерал да го сфати сериозно запишувањето на колеџ. Еден петок избувнала борба помеѓу екипажот со пукотници и Гришам се стрчал на кај тоалетот,обидувајќи се да избега.Седел внатре се додека полицијата не пристигнала.По таа случка тој автостопирал до дома и започнал да размислува на колеџ.

Неговата наредна работа беше во малопродажбата, каде работеше како продавач во стоковна куќа, во одделот за долна облека за мажи, која ја опиша како "понижувачка". По донесувањето одлука да даде отказ, тој одлучил да остане откако му понудиле покачување. Му беше дадено уште едно покачување кога побарал да биде префрлен во одделот за играчки, а потоа во одделот за електрични уреди. На крајот конфрнтацијата со шпион од компанијата кој се претставувал како клиент го убедил да ја напушти продавницата.

За тоа време, Гришам веќе беше на половина пат да заврши колеџ.Неговите планови да наскоро стане адвокат го натераа да ги надмине сложеноста и лудилото во тој период.Решава да се врати во својот роден град како адвокат. Право и политика Гришам се занимавал со правото околу една деценија, а исто така и ги освоил изборите како демократ во државата Мисисипи, во законодавната власт 1983-1990 со годишна плата од 8.000 $. Со својот втор мандат во државата Мисисипи во законодавниот дом, тој беше заменик-претседател на Изборниот комитет, но исто така и член на Воениот комитет, судството и осигурувањето.

Писателската кариера на Гришам процвета со успехот на неговата втора книга, Фирмата, и тој престана да работи како адвокат, освен кога накратко се врати во 1996 година само за да брани едно семејство, во кое еден од членовите загинал на работното место. Неговата официјална страница вели дека со тоа му оддал последна почит на правото, пред да се повлече и да стане писател со полно работно време, Гришам успешно го одбранил случајот и заработил оштета за семејството од 683.500 $ -. најголемата пресудата во неговата кариера.

Писателска кариера

Секоја година, по изборите за членови во Петставничкиот дом во Мисисипи,Гришам го поминувал своето време од Јануари до Март, во државниот суд, сонувајќи за голем случај.

Гришам рече: “големиот случај дојде во 1984 година, но тоа не беше мој случај”. Врткајќи се околу судот, тој начул едно 12-годишно девојче како и кажува на поротата што се случило со неа. Нејзината приказна го заинтригира Гришам и тој почна да присисуствува на судењето.Тој ги виде членовите на поротата како плачеа кога таа им кажа како била силувана и тепана. Тоа беше моментот кога Гришам подоцна напишал во "Њујорк тајмс", дека приказната е родена. Претпоставувајќи што би се случило доколку таткото на девојката би го убил нејзиниот напаѓачи, на Гришам му беа потребни три години да ја заврши својата прва книга, Време на Убиство.

Наоѓањето на на издавач не беше лесно. Книгата беше одбиена од 28 издавачи, се додека Wynwood Прес, непознат издавач, се согласи да ја испечати во 5.000 примероци. Беше објавена во јуни 1989 година. Еден ден откако ја заврши книгата Време за убиство тој започна да работи на својот втор роман, приказна за еден амбициозен млад адвокат. “Фирмата” остана на листата на бестселерите на The New York Times цели 47 недели, и стана најдобро продаваниот роман во 1991 година .

Почнувајќи со Обоена куќа во 2001 година, авторот го прошири својот фокус од законот за повеќе општи работи за руралниот Југ, но продолжи да пишува и правни трилери. Поголемиот дел од насловите на правните трилери на Гришам започнуваат со зборот "The".

Тужба за клевета

На 28 Септември, 2007, поранешниот окружен обвинител на Оклахома, Бил Петерсон, истражниот агент Гери Роџерс, и криминалистот Мелвин Хетт поднесоа граѓанска тужба за клевета против Гришам и двајца други автори. Тие тврдеа дека Гришам и другите двајца автори биле критични за некој случај за убиство кој го водел Петерсон. Тужбата се однесувала на тоа дека овие автори се обиделе да фрлат лажна светлина на случајот, притоа генерирајќи публицитет за себе. Гришам беше споменат поради неговите излагања за судењето во неговата нефиктивна книга Невин човек. Тој во својата книга ги испитува грешките во истрагата во текот на судењето за убиството на една келнерка во Ада,Оклахома. Исто така, тој ги образложува и ДНК доказите со кои погрешно биле осудени Рон Вилијамсон и Денис Фриц. Судијата ги отфрла сите обвиненија за клевета на 18 септември 2008 година, велејќи: "За погрешно осудените Рон Вилијамсон и Денис Фриц мора да се разговара поотворено и со поголемо внимание."


Собата на Џон Гришам

Државниот универзитет Мисисипи,во својата библиотека,има соба наречена Џон Гришам. Оваа соба, всушност е архива која ги содржи сите материјали поврзани со неговото пишување за време на неговиот мандат.

Големата животна страст на Гришам за бејзболот е изразена во неговиот роман Обоена куќа и во неговата поддршка на активностите во Малата лига во Вирџинија Оксфорд, Мисисипи и Шарлотсвил,.

Го напиша оригиналното сценарио и го продуцираше безбол филмот Mickey, со Harry Connick, Jr. во главната улога.Филмот е издаден на DVD во април 2004 година. Тој останува навивач на безбол тимот на Мисисипи Државниот универзитет и пишуваше за неговите врски со универзитетот и Left Field Lounge во воведот на книгата Dudy Noble Field: A Celebration of MSU.

Гришам е добро познат во литературните кругови по неговите напори за поддршка на продолжување на книжевната традиција во родниот југ. Тој многупати обезбеди стипендии и живеалишта за писателите од Универзитетот на Мисисипи, на катедрата за англиски јазик и на додипломската креативна програма за пишување. Тој е основач и издавач на Oxford American, списание посветено на литературата и книжевноста. Списанието е познато по своето годишно музичко издание.Во ова издание има ЦД компилација со композиции на современи и класични музичари од Југот, почнувајќи од блуз и госпел па се до алтернативен рок.

Во октомври,2006 година во интервјуто во Шоуто на Чарли Роуз , Гришам изјави дека нему му се потребни само шест месеци за да напише книга и дека неговиот омилен автор е Јohn le Carré.

Романи

   * Време за убивање (1989)
   * Фирмата (1991)
   * Досието пеликан (1992)
   * Клиентот (1993)
   * Комората (1994)
   * The Rainmaker (1995)http://en.wikipedia.org/wiki/The_Rainmaker_(John_Grisham) 
   * Порота во бегство (1996)
   * Партнерот (1997)
   * Уличниот адвокат (1998)
   * Тестаментот (1999)
   * The Brethren (2000)
   * Обоената Куќа (2001)
   * Прескокнувајќи го Божиќ (2001)
   * Поканите (2002)
   * The King of Torts (2003)
   * Bleachers (2003)
   * Последниот поротник (2004)
   * Брокерот (2005)
   * Пиза и пица (2007)
   * Жалбата (2008)
   * Помошникот (2009)
   * Теодор Бон:Адвокатот детеr (2010)
   * Признанието (2010)