Разлика помеѓу преработките на „Теорија на книжевноста“

Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
нема опис на уредувањето
 
До почетокот на 1990-тите, популарноста на “теоријата” како предмет на интерес беше во опаѓање (заедно со работните места за чисти “теоретичари”), иако текстовите на теоријата на литература беа вклучени во студиите на скоро сите видови литература. Од 2004, контроверзијата за користење на теоријата во книжевните студии изумре и дискусиите на темите во рамки на книжевните и културолошките студии имаат тенденција сега да бидат значително поблаги и помалку остри. Некои научници ја користат теоријата во нивната работа, додека други само ја спомнуваат патем или воопшто не ја ни спомнуваат; но таа е признат, важен дел од книжевните студии.
 
== Разлики помеѓу школите ==
Интелектуалните традиции и приоритети на различните видови на теоријата на литературата се радикално различни. Дури и да се најде збир на заеднички термини за да се споредат, ќе биде многу тешко.
 
На пример, работата на новите критичари често содржи морална имплицитна димензија, понекогаш и религиозна: нов критичар може да чита поема од Т.С.Елиот или Џерард Менли Хопкинс поради нејзиниот степен на искреност изразувајќи го страдањето и контрадикторноста на сериозната потрага по верба во модерниот свет. Во меѓувреме, марксистички критичар може да ги најде овие судови повеќе идеолошки отколку критички; марксистичкиот критичар ќе рече дека новиот критичар не одржал доволна критичка дистанца од религиозниот став на поемата за да може да ја разбере. Или пост-структуралист може да го избегне проблемот разбирајќи го религиозното значење на поемата како алегорија на значење и третирајќи ги референциите на поемата за “Бог” со дискутирање на нивната референцијана природа отколку на она на што се однесуваат.
 
Вакво несогласување не може лесно да се реши, бидејќи тоа е вродено во радикално- различните термини и цели на критичарите. Нивните теории на читање произлегуваат од многу различни интелектуални традиции: новиот критичар ја базира неговата работа на научна и религиозна традиција од американското источното крајбрежје, додека марксистичката мисла потекнува од збир на критичките општествени и економски мисли, а работата на пост-структуралистот произлегува од континентална филозофија на јазикот од дваесеттиот век. Да се очекува толку различни пристапи да имаат нешто заедничко би било наивно; да се наречат сите “теории на литература” без да се признае нивната хетерогеност е намалување на нивните разлики.
 
Во доцните 1950-ти, канадскиот литературен критичар Нортроп Фрај се обидел да воспостави пристап за помирување на историската и новата критика покажувајќи грижа за раните пристапи на критиката насочена кон читателот и бројни психолошки и општествени пристапи. Неговиот пристап, претставен во “Анатомија на критика“, е експлицитно структуралистички и се потпира на интертекстуалниот “ред на зборови” и универзалноста на одредени структурни типови. Неговиот пристап држеше место во англиските литературни програми неколку декади, но се заборави во времето на издигнувањето на пост-структурализмот.
 
За некои теории на литературата (особено во одредени видови на формализам), разликата помеѓу ”литерарното” и други видови на текст е од огромно значење. Другите школи (поготово пост-структурализамот со неговите различни форми: нов историцизам, деконструктивизам и некои делови од марксизам и феминизам) се темелеле на кршење на разликите помеѓу двете и примениле алатки на текстуална интерпретација во широк спектар на “текстови”, вклучувајќи филм, историско пишување и дури културни настани .
 
Друга клучна разлика помеѓу различните теории на литературна интерпретација е интенционалноста, тежината дадена за мислењето и намерите на авторот за делото. За повеќето пристапи пред пред 20 век, намерите на авторот се водечки фактор и важна одредница за “точното” интерпретирање на текстот. Новата критика е првата школа која ја оспори улогата на авторот во интерпретирачките текстови, претпочитајќи да се фокусира на “самиот текст” во блиско читање. Всушност, колку и несогласувања да постојат помеѓу формализмот и подоцнежните школи, тие го делат мислењето дека интерпретацијата на авторот на делото не е ништо поразлично од кое било друго.
 
== Книжевно теоретски школи ==
Наведени долу се некои од најчесто идентификуваните теоретски школи, заедно со главните автори. Во многу случаи, како на пример оние на историчарот и филозоф Мишел Фуко и антропологот Клод Леви-Строс, авторите не биле првенствено литературни критичари, но нивните дела широко влијаеле на теоријата на литературата.
* Естетицизам – често поврзана со романтизмот, е филозофија која ја дефинира естетската вредност како примарна цел во разбирањето на литературата. Ова ги вклучува и литературните критичари кои се обиделе да разберат и идентификуваат естетската вредност и оние, како Оскар Вајлд, кој се истакна со уметност заради уметност.
**Оскар Вајлд, Валтер Пејтер, Харолд Блум
52

уредувања

Прегледник