Телевизија: Разлика помеѓу преработките

Од Википедија — слободната енциклопедија
[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с r2.5.2) (Бот Додава: hif:Television
с r2.5.1) (Бот Додава: pap:Television
Ред 132: Ред 132:
[[pi:दूरदर्शन यन्त्र]]
[[pi:दूरदर्शन यन्त्र]]
[[pnb:ٹی وی]]
[[pnb:ٹی وی]]
[[pap:Television]]
[[ps:ټيلويزون]]
[[ps:ټيلويزون]]
[[nds:Feernseher]]
[[nds:Feernseher]]

Преработка од 15:54, 6 јануари 2011

Телевизија
ИзумителФило Фарнсворт
Владимир Зворикин
Џон Логи Берд
Излегол1923
Достапен?Ширум светот

Телевизија е насекаде познат телекомуникациски медиум за испраќање (емитување) и примање слики, тие можат да бидат и монохроматски („црно бели“/еднобојни) или во боја, обично овиее слики се придружени со звук. „Телевизија“ може да се однесува и на направата која се користи за гледање телевизија, телевизорот. Зборот доаѓа од помешано латински и грчки, што значи „далекувид“: грчки tele (τλε), далеку, и латински visio, вид (од видео, vis- да видиш или да видиш во прво лице).

Постои аналогна и дигитална телевизија.

Историја на телевизијата

  • 1884 г.-Нипковиот диск е изум на германецот Паул Нипков (1860-1940). Ротирачкиот диск претходно е во катодна цевка.
  • 1897 г.-Катодната цевка е изум на германскиот физичар Карл фердинанд Браун (1850-1918). Таа е претходник на современата цевка во приемникот.
  • 1926 г.-Џон Лоџи Берд (1888-1946), шкотски пронаоѓач, приредил прва демонстрација на телевизијата, прикажувајќи ги првите човечки лица кои можеле да се разпознаат.
  • 1929 г.-ББЦ (Бритиш Броадкестинг Корпорејшн) во доцните ноќни часови ги емитува 30-линиските слики на Берд.
  • 1930 г.-Звукот е додаден на сликите на Берд.
  • 1932 г.-Првата практична телевизиска камера ја прикажал Американецот со руско потекло Владимир Козма Зворикин (1889-1982). За разлика од Бердовата механичка, неговата била во целост електронска.
  • 1950 г.-Телевизија во боја воспоставува американската компанија CBS.
  • 1954 г.-Основана е Евровизијата со цел промовирање на телевизијата во Европа.
  • 1960-1961 г.-Целосно транзисторирана телевизија првпат е воведена во САД.
  • 1962 г.-Први прекуокеански слики се пренесени во живо преку комуникацискиот сателит Телстар, кој го лансира НАСА.
  • 1970 г.-Директен пренос од сателит со висока телевизиска дефиниција (HDTV) го оствари јапонската телевизиска мрежа NHK.
  • 1973 г.-Кифекс, информативен систем кој се служи со резервни линии од 625-линискиот телевизиски систем (телетекст) воспоставен е во Британија.
  • 1979 г.-Прв редовен систем за емитување преку сателит (DBS) е воведен во Канада. За прием на емисии потребна е антена.
  • 1979 г.-Џепен телевизор е изум на јапонската компанија Мацушита. Телевизорот не е поголем од видео-касета.
  • 1980 г.-CNN (кабловска мрежа за вести) званично почнала да функционира од јуни. Оваа американска ТВ станица преку сателит праќа непосредни извештаи од кризните подрачја во светот.
  • 1981 г.-Камкордер револуционерно го менува телевизиското новинарство.
  • 1991 г.-Хај-вижн, телевизија со висока дефиниција, осум часа на ден ја емитува јапонската NHK.
  • 1999 г.-Дигиталната ТВ овозможува значително зголемување на бројот на канали.


Види исто така