Левичарската партија.ПДС: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [непроверена преработка] |
Нова страница: {{Инфокутија германска политичка партија |име = Левичарска партија.ПДС |изворно = Die Linkspartei.PDS |а... |
сНема опис на уредувањето |
||
Ред 21: | Ред 21: | ||
* [[Партија за социјалистичко единство на Германија]] |
* [[Партија за социјалистичко единство на Германија]] |
||
[[Категорија:Германски политички партии]] |
|||
[[Категорија:Левичарски политички партии]] |
[[Категорија:Левичарски политички партии]] |
||
[[Категорија:Поранешни политички партии]] |
|||
[[Категорија:Поранешни германски политички партии]] |
[[Категорија:Поранешни германски политички партии]] |
||
Преработка од 03:23, 25 август 2007
Левичарска партија.ПДС | |
Die Linkspartei.PDS | |
Водач | Проф. Др. Лотар Биски |
---|---|
Основана | 17 јули, 2005 |
Главен штаб | Клајне Александерштрасе 28 Д-10178, Берлин |
Идеологија | Социјализам, демократски социјализам, еврокомунизам |
Партиски бои | Црвена |
Веб-место | www.Sozialisten.de (на Левицата.) |
Левичарска партија.ПДС (германски: Die Linkspartei.PDS), порано Партија за демократски социјализам (Partei des Demokratischen Sozialismus, PDS) е поранешна социјалистичка партија во Германија. Таа е претходник на Партијата за социјалистичко единство на Германија (SED, СЕД), којашто била владеела во Германската Демократска Република (Западна Германија) до 1990. Од 1990 до 2005, ПДС била „левичарската партија на истокот“, добивајќи минимална поддршка во западна Германија, а од 15 до 25% од гласовите во источна Германија, влегувајќи во разни коалиции (со СПД). Во 2005, ПДС, преименувана во Лева партија, влегла во изборна алијанса со западногерманската ВАСГ (Arbeit und soziale Gerechtigkeit – Die Wahlalternative, WASG, Работничка и социјална правда - Изборната алтернатива) и добила 8.7% од гласовите на федералните избори од септември 2005.
Партијата има многу социјалпрогресивистичка политика. На пример, сакаат да ги легализираат браковите помеѓу луѓе од ист пол и државата да обезбедува подобри услови за имигрантите.
На 16 јуни, 2007, Левата Партија.ПДС се соединила со ВАСГ, со што се формирала единствена партија наречена едноставно „Левицата.“ (Die Linke., со точка на крајот од името).
На меѓународно ниво, Левата партија.ПДС е соосновач на Европската левичарска алијанса на партии и била најголема партија во групата Европска обединета левица/Нордиска зелена левица во Европарламентот.