Капан ан: Разлика помеѓу преработките
[непроверена преработка] | [проверена преработка] |
с Бот Додава: sr:Капан хан |
с Бот Додава: en:Kapan An |
||
Ред 17: | Ред 17: | ||
[[bg:Капан хан]] |
[[bg:Капан хан]] |
||
[[en:Kapan An]] |
|||
[[sr:Капан хан]] |
[[sr:Капан хан]] |
Преработка од 14:25, 12 декември 2010
Капан ан е конак во старата скопска чаршија во Скопје, изграден во средината на XV век. Негов ктитор бил Иса-бег, војвода и командант на Скопското краиште. Како ан функционирал сè до Втората Светска војна[1].
Капан ан е тип на градски ан. Името го добил спред големиот јавен кантар (арапски: kabban) кој бил сместен во анот или пред неговите порти и на кој била мерена увезената стока[2].
Неговата површина изнесува 1,086 м². Анот има два влеза, приземје и кат. Има вкупно 44 простории кои служеле за сместување на патниците и трговците со нивните карвани. Шталата за добитокот се наоѓала на источната страна на анот. Делот од чаршијата околу анот била наречена Капан чаршија, а чешмата пред неговиот влез Капан чешма[3].
По земјотресот од 1963 година, целосно е обновен во периодот од 1971 до 1973 година. Денес во него се сместени занаетчии, трговци и угостители.